Земањето на Тевез летоска и оваа моментална сума не се разликуваат 5м евра, потврдено со прифатената понуда од Коринтијанс која беше повисока од моменталната на Интер над 10м евра ( и повеќе од тоа, бајаги повеќе ), значи благе везе си нема тоа со вистината
А за Бранка и трансферите што ги направи, со тој буџет, незнам што повеќе очекувавте. Кога Бранка располагаше со пари за трошење, не утнуваше работа, Виеира за мочани 9м евра го зема а претходно беше земен за 20, Ибра го украде пред Милан, Берлускони до лани викаше дека најголема грешка им е што не успеале Ибра да го земат пред Интер, прашање е дали едно Скудето по Калчополи ќе освоеа доколку он завршеше во Милан, а не во Интер.
Кварезма му го донесе на Мурињо, Мансини на сам старт од сезона исто, 2009 летото да не се повторам колку клучни потези имаше, реков и пак ќе кажам, ако одеа по паметот на Мурињо тоа лето ќе завршеа со просекот Карваљо па жими ашинов што Ибра у 2 меча 0 удари ќе упатеше против таков стопер од спротивната страна на сметка на Лусио.
Е сега дојдоа времињата на тенок буџет и нештата се такви какви што се.
Еве со поодврзано ќесе му прифатија понуда за Тевез, ќе видиме дали и со играчот ќе се договорат но главната поента ми е дека со идеален буџет, Бранка скоро и без грешка си ја врши работата, не за џабе Манчини кога дојде во Сити го бараше у свои редови, и него и Оријали, со ваков тенок буџет ретко кој е способен да влече во денешно време добри потези, поготово ако станува збор за голема екипа која во меѓувреме и го изгубила и еден од најдобрите тренери во својата историја, Мурињо.