Дали жените денес се третирани како објекти?

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Жените ги уценуваат мажите кога и како сакаат со тоа шо им наредуваат да ослабат да идат у теретана да зимаат виагра да прават ќеш за да можат да ги задоволат и многу нездрави работи а тоа нема врска со животот и целта на бракот.

Фејсбукот е ситуиран за жени а мажите се само колатерална штета тука.

 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Коренот на проблемов е ТЕЛЕВИЗИЈАТА. Преголемиот акцент на материјалните вредности, довел до пореметување кај жената која бара сигурен и стабилен маж, а бидејки мажот бара убава згодна облинеста секогаш дотерана девојка, девојката се прилагодува кон неговите барања.
Значи мажот добива тоа што сака од жената (секси домаќинка), и жената добива тоа што сака од мажот (сигурност и материјална стабилност).
Во целата оваа слика заборавиле на љубовта, т.е вечната природна привлечност кај двата полови + и -.

Исто како и кај магнетизмот, електромагнетизмот и сл. кога ке се приближат + со - тие се претопуваат во едно додека во нив тече електричната енергија, така и кај човекот мажот и жената се едно, само тогаш се чувствуваат исполнети и среќни.
Тоа е она духовното без кое ние не можеме. Материјалното е важно исто онолку колку што е важно и духовното. Значи се е до некаков баланс.
Ама телевизијата форсира само едно од тие две, само материјалното,при што создава дисбаланс, и нормално пошто ние сме опседнати со тие сликички што се појавуваат во нашите кутии, кои ние сме ги нарекле телевизори, автоматски тоа го прифаќаме како нешто добро, без да размислиме дали одлуката е исправна или не. Затоа кога свеста ке проработи, особата која била магепсана од таа кутија ке почне да се запрашува и да се буни и да бара некакви права, слободи, еднаквост и сл.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Да и влезеш во фасадата на девојката !? Ова да не значи „домазет“ !? o_O

Нејсе, на снимањето на Трето Полувреме, девојките беа облечени типично за тој период и незнам дали е случајот само кај мене, ама ептен ми беа секси. Не секси као „уф како би ја натртил сеа тука одма“, него секси као „уаауууу...останав без зборови“.

Како се облекуваш така ќе те третираат, оти човек првин суди со очи, а тек после 2-3 реда муабет и со ум.
Па и да значи, ќе го стаам за украс у двор.
Како ќе третираш облечена девојка, односно дали ќе биде секси, ефтино или ќе бидеш воодушевен од неа зависи од твојата перцепција и од критериумите за вкус кои не се универзални.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 22:51 ---
Овие две работи ми се косат малку...
Ако не сакаш да те третираат како објект, престани да се однесуваш како објект. Твоето однесување тука одлучува, реакции секогаш ќе има :)
Инаку прашањата што ги поставив се однесуваа на малку поинакви ситуации...

Зошто некоја девојка која ги има сите услови да биде нешто повеќе, се ограничува на простотилак?
Девојката со статусот што ја спомнав, учи во добра гимназија, не е гола, гладна и без покрив над главата.. Таа ги има сите услови да си ја тргне таа етикета на Проста што си ја носи со себе, да фати да учи, да си купи нормална облека и од корен да го смени мислењето што го имаат луѓето за неа..
И не го прави тоа :)
А се жали дека не сака да ја гледаат само како убава :)
Кој е тука крив? Општеството е криво, машките се криви што свиркаат по задник во минич? Понудила ли таа нешто друго освен своето тело по што би можел некој да ја вреднува? :)
Значи проблемот најнапред лежи во неа.
Многу е лесно за своите грешки да обвиниш некој друг. :)
Што правиме ако девојката освен тело не ни има што да понуди?
Не е тука крив ни полот ни општеството, крива е таа што е неквалитетна :)

Морализирања, душебрижници еден куп. Како ќе одела у живот, што ќе праела со телото како ќе завршела со истото, дали ќе била задња врба у градов.
Менување на мислење на другите од корен? o_O
Важи, ако си супермен и имаш време да се замараш поединечно за сите или да избришеш слики, но епитетот и понатаму ќе ти стои како поттик да влезеш у чат на фејсбук и да кажуеш поединечно слушај јас сум убава, но не сум ефтина. Се опаметив кога се закопачав до грклан и повеќе не се ебам со секој втор у градов. Дај не ме заебавај.

Таквите се служат со "самосожалување" за да извадат од соговорниокот муабет во стилот "Не бе маче, не си само убава, паметна си, добра си, дрн дрн". Си јача его бе. Не дека ќе биде вечно така и дека е лошо, но ете и кај тебе пробудила размислување спротивно од тоа што и било желба.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Да се навратам прво да воведниот пост за темава- тоа што жените "се продаваат" на реклами е логично-нормална работа бидејќи се поубав пол, понежен пол, и треба да служат како репер за убаво во општеството, и секако, тоа воопшто не е "продавање", туку во економијата тоа се вика стоково-паричен промет, односно, постојат вработени лица (женски манекенки, модели) кои професионално си ја вршат работата и за тоа земаат плата (надоместок). Секако има и обратна ситуација- постојат машки модели, манекени и следува истата приказна од првиот пример.
Во денешното општество никако жената не може да се гледа како објект, односно како кола која се наоѓа на лицитација и кој ќе понуди највеќе пари за неа ја добива во своја сопственост. Жените се 1000 % повеќе еманципирани за разлика од пред 40-50 или 100 години, бидејќи тоа е нормален тек на еволуцијата и на промените кои се случуваат во општеството (пред се тука подразбирам промени во технлогијата, и проширување на можностите на луѓето во таа сфера).
Што се однесува за деколтето, тесните фармерки и допичњаците кои ги носат жените, апсолутно се согласувам дека истите треба да ја истакнат целосно убавината, имиџот, сексипилноста на жената која ги носи истите. Нормално, на таа глетка ние како машки ќе возвратиме со комплимент, со воодушевување, а не ко дивјаци да почнеме да лупаме по маси или да се напалуваме ко млади мајмуни.
Тоа деколте, тесни фармерки, минич, не значи дека жената која ги носи е проста, неинтелигентна, односно дека служи за продавање.
Фасадата е таа која ја гледаме во тој момент, но ако стварно сакаме да дознаеме повеќе за таа девојка, нормално е да се запознае човек со неа и преку разговор да увиди дали убавината е компактибилна со интелгигенцијата.
За кого-како. Има племиња кои ќе реагираат како орда, како пуштени од затвор кога ќе видат убава девојка, и истата нема да ги рецка, многу нормално, но секогаш има и нормални машки кои со воодушевување и комплименти а богами и со зрел разговор би и пришле на таква девојка и подетално ќе ги видат собите, кујната, терасата итн, а не само фасадата :).
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Па да како одат работиве жените ќе направат партија и ќе добијат власт а може нас мажите ќе не сторат нивни робовладетели некој факин Матријархат хехехе............

Едно да ви кажам тоа нема да се случи бар додека сум жив.SHEMALE...............
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
[quote="Kaiser, post: 4679783, member: 48902")

Имаш ли духовно слободна жена покрај себе ништо друго не ти треба :).[/quote]
Ова реченица, ми остави длабок впечаток. За жал такво нешто тешко се постигнува, бидејќите актуелните поими на убавина и љубов водаат ко нешто друго. Имаш ситуација кога жената е образована и према околниот свет се однесува многу привлечно, но во љубовната врска е сосема различна.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
"Што сега, кога ги има правата и слободата во раце? Каде е жената сега? Игра полугола на спотови? Привлекува внимание со деколтето на билборди, со телото служи како маркетиншка алатка за продажба на коли?
Дали можеби жената денес заборавила дека и е дадена слободата да биде еднаква, но до еднаквоста сама треба да стигне?
Зарем не мислите дека денес жената се повеќе, свесно ил несвесно ја форсира продажбата на својата фасада? Притоа, постојано кенка дека нејзината внатрешност не е доволно вреднувана?

Прашањето ми е, дали мислите дека денес жената е се повеќе третирана или “користена” како “објект”? Ако да, на што се должи тоа, и како би можело тоа да се промени?
Ако не, зошто?
Токму овој муабет го правев во моето женско друштво пред некој ден. Искрено, ми се згрозува да гледам видео спотови денес, жениве до толку ниско се паднати со самопочит или не знам можеби слабо стојат на интелектуален план, така што сета оваа секс фарса станува смешна. Ги гледам светскиве пејачки кои од можноста да станат Диви, станаа видео проститутки. Богами нашиве ич не им бегаат во тој поглед. На кое ниско ниво се фолкеркиве да се зачуди човек. Јас овие жени ги викам "Северина". Подготвена е на се да биде во центар на внимание, само дај и доволно добра причина, а најчесто таа причина е пари, па на второ место доаѓа потребата за внимание. Северина ја знае цел Балкан, море цел свет, па никому ништо, успеа да смафта којзнае колку мажи и на крај да ја избере најдобрата варијанта. Не ми е јасно како им успева на таквите жени да смотаат маж, освен секако ако дотичниот има сосем празна глава. А најчесто имаат.

Правата на жените не им недостигаат, во тоа сум цврсто убедена. Постои само еден домен во кој сметам дека се сметани како објекти, а тоа е начинот за да се дојде до работно место. Во денешно време кај нас ако си женско, ма макар имала Харвард диплома, особено ако конкурираш во државна институција најголемиот услов е да спиеш со функционерот ( т.е директорот). Ни две ни три, веќе не е ни табу мажите на тие позиции јасно да го кажат условот за вработување. Да беше инцидентна работа немаше да биде страшно, ама овој услов стана толку присутен што станува алармантно. Неодамна ми кажаа за случај во кој директор на училиште ја уценувал наставничка да спие со него ако сака решение, жената одбила и дала отказ, а на сопругот му кажала дека ја отпуштиле зашто немало веќе часови за неа, во спротивно ризикувала маж и да го смачка типот и да си лежи затвор. Знам за многу такви случаи кои жените ги кријат од татковци, дечковци и браќа, само за да не дојде до некој инцидент, едноставно молчешкум си ги напуштаат работните места и никој не може да стори нешто околу тоа. Секако има и жени кои без око да им трепне се подлегнуваат на ваков тип проституизација, веројатно затоа и се рашири како појава.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Имаш ли духовно слободна жена покрај себе ништо друго не ти треба :).
Ова реченица, ми остави длабок впечаток. За жал такво нешто тешко се постигнува, бидејќите актуелните поими на убавина и љубов водаат ко нешто друго. Имаш ситуација кога жената е образована и према околниот свет се однесува многу привлечно, но во љубовната врска е сосема различна.
Не секому му треба таква жена а кому му треба ќе ја најде зашто со друга он ќе стагнира или ќе ја вара :). Тешко се наоѓа затоа што е ретко ама не е невозможно, кому му треба таква жена веројатно е доволно способен да користи и неконвенционални методи на барање и бркање :).

Не мора ни да е веќе изградена личност доволно е да има неоштетен мозок, компатибилен карактер, да е без големи комплекси и здрава, другото се прави со време и тренинг :).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не секому му треба таква жена а кому му треба ќе ја најде зашто со друга он ќе стагнира или ќе ја вара :). Тешко се наоѓа затоа што е ретко ама не е невозможно, кому му треба таква жена веројатно е доволно способен да користи и неконвенционални методи на барање и бркање :).

Не мора ни да е веќе изградена личност доволно е да има неоштетен мозок, компатибилен карактер, да е без големи комплекси и здрава, другото се прави со време и тренинг :).
Ти пожелувам успех. Јас сум одамна во брак и призавам дека таков однос не сум успеал да остварам.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Тоа деколте, тесни фармерки, минич, не значи дека жената која ги носи е проста, неинтелигентна, односно дека служи за продавање.
Фасадата е таа која ја гледаме во тој момент, но ако стварно сакаме да дознаеме повеќе за таа девојка, нормално е да се запознае човек со неа и преку разговор да увиди дали убавината е компактибилна со интелгигенцијата.
За кого-како. Има племиња кои ќе реагираат како орда, како пуштени од затвор кога ќе видат убава девојка, и истата нема да ги рецка, многу нормално, но секогаш има и нормални машки кои со воодушевување и комплименти а богами и со зрел разговор би и пришле на таква девојка и подетално ќе ги видат собите, кујната, терасата итн, а не само фасадата :).
Апсолутно се сложувам со болдираното :)
Тоа не ми го одговара прашањето, зошто сеуште постојат девојки кои наместо да го извадат својот интелект на виделина, одбираат да постават фасада што им го покрива истиот?
Која е логиката да се лутиш што луѓето ти ги купуваат само јаболката а не прашуваат дали продаваш зелки, ако целата тезга ти е во гајби јаболка а зелките ти се под чаршаф? :) Или можеби зелките не ти се зрели, па затоа ги криеш и правиш профит на јаболката?
Either way, кој е крив што тебе на пазарот те знаат како продавач на јаболка?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ти пожелувам успех. Јас сум одамна во брак и призавам дека таков однос не сум успеал да остварам.
Како вика Цацко- "Не е до дупката, до кабелот е " :)
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 23:58 ---
Апсолутно се сложувам со болдираното :)
Тоа не ми го одговара прашањето, зошто сеуште постојат девојки кои наместо да го извадат својот интелект на виделина, одбираат да постават фасада што им го покрива истиот?
Која е логиката да се лутиш што луѓето ти ги купуваат само јаболката а не прашуваат дали продаваш зелки, ако целата тезга ти е во гајби јаболка а зелките ти се под чаршаф? :) Или можеби зелките не ти се зрели, па затоа ги криеш и правиш профит на јаболката?
Either way, кој е крив што тебе на пазарот те знаат како продавач на јаболка?
Не значи дека интелигенцијата им е покриена засекогаш ако опнала деколте. Фала богу една девојка не носи 365 дена у годината деколте и минич. Тоа го прави во посебни прилики, за искачање, работа, и сл. рекреативен живот. Истата девојка може да се види и во тренерки, ширкоа маица, папучи, и нормално може и тогаш или да го истакне (покаже) интелектот или пак да го крие. Не е битно како е облечена. Во тој случај, носејќи тренерки таа пак може да ги скрие и јаболките и зелките, и никому ништо.
Решението на целата ситуација е во пристапот кон таа девојка, независно дали е во минич или со тренерки. И во двете ситуации, таа одбира дали ќе ја покаже или ќе ја скире интелигенцијата.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Апсолутно се сложувам со болдираното :)
Тоа не ми го одговара прашањето, зошто сеуште постојат девојки кои наместо да го извадат својот интелект на виделина, одбираат да постават фасада што им го покрива истиот?
Која е логиката да се лутиш што луѓето ти ги купуваат само јаболката а не прашуваат дали продаваш зелки, ако целата тезга ти е во гајби јаболка а зелките ти се под чаршаф? :) Или можеби зелките не ти се зрели, па затоа ги криеш и правиш профит на јаболката?
Either way, кој е крив што тебе на пазарот те знаат како продавач на јаболка?
Зашто мислиш дека деколтето и миничот го прикриваат интелектот?

Колку и да мислиш дека некоја се буни нема девојка која не и годи комплимент за нејзиниот физички изглед, интелектот на страна ама ако треба да бира колку е згодна или колку е паметна колку девојки познаваш што ќе го одберат вториот одговор?

Машко што паѓа и на интелект а не само на фасада ќе знае како да отвори врата и да ја види и внатрешноста и него никакво деколте или минич нема да го сопрат да истражува и понатаму а тој што сака само убава фасада, кај девојка што држи до себе и онака нема што да бара ниту па она има за што да жали, таков не и ни треба и бргу ќе и досади.

Жалењето е повеќе дигање его зашто секоја може да стави ролка ама интелигентна со или без минич ќе биде привлечна а неинтелигента каква фасада и да стави ќе и биде џабе, квалитетот и онака ќе и го собере другата :).
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Зашто мислиш дека деколтето и миничот го прикриваат интелектот?

Колку и да мислиш дека некоја се буни нема девојка која не и годи комплимент за нејзиниот физички изглед, интелектот на страна ама ако треба да бира колку е згодна или колку е паметна колку девојки познаваш што ќе го одберат вториот одговор?

Машко што паѓа и на интелект а не само на фасада ќе знае како да отвори врата и да ја види и внатрешноста и него никакво деколте или минич нема да го сопрат да истражува и понатаму а тој што сака само убава фасада, кај девојка што држи до себе и онака нема што да бара ниту па она има за што да жали, таков не и ни треба и бргу ќе и досади.

Жалењето е повеќе дигање его зашто секоја може да стави ролка ама интелигентна со или без минич ќе биде привлечна а неинтелигента каква фасада и да стави ќе и биде џабе, квалитетот и онака ќе и го собере другата :).
Не велам дека го прикриваат, нити заменуваат нити деградираат, туку не дозволуваат да дојде до израз!
Надворешниот изглед ја потенцира надворешната убавина, иронично е жените кои бараат да им се цени внатрешноста да го негуваат толку по цена на истата.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Не велам дека го прикриваат, нити заменуваат нити деградираат, туку не дозволуваат да дојде до израз!
Надворешниот изглед ја потенцира надворешната убавина, иронично е жените кои бараат да им се цени внатрешноста да го негуваат толку по цена на истата.
Се слагам ама тоа е само навидум, во суштина секоја сака да добива комплименти за изгледот, впрочем тоа е прва работа која приметуваш кај женско, убавината. Интелектот доаѓа како следно ниво ако првото е поминато.

Иронично е но е така, сепак со жалењето потенцираш дека нудиш и нешто повеќе така да тој што знае што бара ќе си земе од јаболките, ќе се најаде па ќе прејде на други колачи од нејзина тезга кои се чуваат само за одбрани. Ако ги нема или ќе остане на јаболки или ќе иде на друга тезга :).

Во суштина се сведува на реклама и понуда и побарувачка каде секој пробува за најголема можна цена (не во пари) да го продаде производот, то ест себе :).

Кому му треба интелект ќе го најде без разлика каква убавина му се пружа на дланка а дали такви мажи кои бараат и ценат интелигенција кај женско се ретки е веќе друга тема :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom