Јас пробав да водам нормална дискусија со тебе, но сега сфаќам зошто те исмеваа. Секако дека ќе бидеш исмеван кога се чаталиш а поим немаш од ништо. Споредување на обична теорија (претпоставка) и научна теорија е врв на научната неписменост. Мислам, не дискутираш со научници овде, ама ти бајаги неписмен, основни поими не ти се јасни. Линкчето убаво расчистува неколку дилеми во врска со теоријата на еволуцијата, и зошто се нарекува теорија, меѓутоа кој колку чита.
А ти продолжи да го едначиш твоето верување кое е базирано на митски приказни од пред неколку илјади години, со научно-поткрепени теории, за кои постојат еден куп докази... зошто верување во гравитација и верување во Зевс е исто.
Ме интересира, на што го засноваш мислењето дека верувањата на братот се засновани за митски приказни од пред неколку иљадници години ?
Неможеш ли да сватиш главната поента на расправата е дека атеизмот не го лишува човек од верувањето и дека самата се базира на верување. Си ги видел ли ти доказите на научно поткрепените теории или им веруваш на авторитетите ?
Тоа е цела поента, не само што атеизмот се базира на верување, целата цивилизација се базира на верување на авторитети, на тоа се должи развојот на цивилизацијата и науката. А сега ти тука продаваш муда за бубрези, не било исто вака било онака било.
Целата финта со спознанието е дека секој ќе си го прифати по сопствена логика да
верува во нештата, пошто неможеш да ја спознаеш цела наука.
Донесуваш многу погрешни заклучоци базирани од фактот што некој не се сложува со тебе. Можам да кажам дека тоа кога би го споредиле со еволуцијата на религиите, доаѓа негде кај крстонсците, кога незнаејќи ги убивале сите што не личат на нив (вклучувајќи православни и Евреи).
Дали ваквиот пристап на огромното мнозинство на атеистчите проповедници на форумов (чест на Дбак, кој иако со излети покушава нормално да комуницира), кои претежно се служат со навреди, омаловажувања, исмејувања и така натаму не ми дава доволна причина да ве генерализирам ? И тоа не е само на форумот, тоа што го гледав на телевизија (ретко гледам телевизија но ме интересираше тоа тогаш) дијалогот меѓу Кочо и еден свештеник, неколку испади на Фемгерила. Тоа во моите очи како човек што не се води по своите верувања (скептичен дури и на науката), изгледаше многу просто и несоодветно. Искрено дотогаш повеќе очекував свештеникот така да се однесува, но ете сум погрешил. Понатака случајно имав контакт со Грчките „бунтовници“ од нередите пред некоја година, кои без исклучок беа Атеисти. Неколку работи што ми останаа во сеќавање беа дека напаѓаа компании кои имаат мнозинско еврејски капитал, скоро сите говори беа антисемитски, и дека го прекинаа својот бунт во Грција во знак на подршка на ХАМАС (кој има на душа повеќе Палестинци за 10 години отколку Израел за 70) за време на Израелската интервенција во Газа и правеа нереди пред Израелската амбасада во Атина палејќи Израелски и Амерички знамиња. Иначе Грчкото анти-глобалистичко движење е слика и прилика на светското антиглобалистичко движење. Ако е тоа прогресивниот дел од човештвото, тогаш лошо ни се пишува.
Контактот со атеистите тука на форумот, само го потврдува првичното спознание со ретки исклучоци.
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 15:52 ---
Еве јас сум Атеист а Израел го поддржувам и ценам исто колку Р.Македонија.
Не би се сложил бидејќи ја пропушташ т.н креативна деструкција која капитализмот ја има како особина,едноставно пазарот бара иновации а фирмите профит па така многу фирми вршат ПРИВАТНИ ИСТРАЖУВАЊА,значи не од еврејски фондови.
Па види, незнам ти како ги замислуваш еврејските фондови, но тие не се државни фондови кои држава(Израел) ги дели за научни проекти за да техниката пркне. (Иако има и такви воглавно насочени кон воената технологија.
Тоа се приватни фондови (venture capitalist, да не навлагам сега која е целата историја на овие фондови), кои се насекаде во светот, но највеќе во САД, кои вложуваат во високо ризични проекти и стартапи, со висок ризик на пропаѓање на бизнисот. Овие вложувања се највеќе насочени кон Израел и САД, и доста од нив се базираат и на воени технологии.
Дури и приватните истражувања на големите фирми се базираат токму на овој принцип. Обично патеката иде вака со Израелските фондови.
1. Јас почнувам некоја идеја правам фирма и правам prove of concept.
2. Наоѓам инвеститори во фондовите и добивам инвестиција а давам голем дел од фирмата.
3. Со помош на инвестициите се прави целосно производот базиран на првичната идеја.
4. Инвеститорите го продаваат својот дел од фирмата или изумот на голема компанија.
Пошто не е тука темата тоа ова е само кратко објаснување.
За разлика од овој многу динамичен начин, Европските фирми се толку интертни што иако најголем дел на научните достигнувања се прават во Европа, тука тешко оди комерцијализацијата на една идеја. Но за ова ако те интересира може да се збори во друга тема.
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 16:14 ---
Можноста за манипулација постои во било кое општествено уредување.
Значи исто како што религијата била изманипулирана во одреден период и злоупотребена за политички цели исто бил и Атеизмот. Може да го заклучиме ова нели ?
Она кое можеби треба да го разгледаш и проучиш е она во кое живееш ти и поголемот дел од демократските граѓани во светот -
секуларизмот - и да се запрашаш
со кои постулати на ова уредување не се согласуваш. Потоа, запрашај се колку си атеист.
Јас сум цврст подржувач на секуларизмот како општествено уредување во овој момент од цивилизациската еволуција. Секуларизам е буквално одвојување на црквата од државата, значи црквата неможе да се поистовети со државата. Меѓутоа демократски е да има влијание во мислењето. Неможе тоа прави да и се прекрати. Ако една религија може да достигне такво влијание да се рече во уставот дека таа религија е доминантна во една држава, тоа не значи дека таа држава се води по црковните закони, или дека црквата се поистоветува со државата. Да пробаш да го исклучиш влијанието на религиозна заедница е сосема недемократски чекор и може да доведе до контраефект.
И друга работа, зошто на пример го сметате секуларизмот за придобивка на атеизмот. Ајде еве размисли во државите кои се секуларни на западот, колку има атеисти во процент? Дали е тоа поголемиот процент на луѓето? Ако секуларизмот го сметаш за придобивка на атеистите, не ли се западните општества тогаш атеистички диктатури?
Јас мислам дека тука сосема не си во право. Цивилизацијата дошла до степен на еволуција каде што моралните нормативи се целосно еволуирани, префрлени и контролирани од страна на државата, а од друга страна манипулацијата на религијата е маргинализирана, тоа е моментот на секуларизацијата. За да дојде до овие две точки кога ќе ги погледнеш реално ќе видиш дека најголема улога има самата црква.
Кога ќе го прочиташ линкот за атеизам, ќе збориме. Више ме вреѓа што го игнорираш. Поистоветувањето на атеистите со сталинисти, антиглобалисти, антисемитисти и хомосексуалци е една од најигнорантните позиции во дебатите теизам/атеизам. Тажно е да се прочитаат вакви стереотипи од човек кој се промовира за практичен и прагматичен.
Генерализацијата не е игнорантност сама по себе, туку избрана игнорантност. Јас не го пренесов само мојот став тука, туку и ставот на некои научници тука, кои не веруваат во бог, но не сакаат да се движат во круговите на атеистите. Стереотипот си го гради самата заедница. Тие што преќутуваат на злобата на своите само заради тоа што се нивни се и нивни учесници.
Зошто палестина не доби држава, а Израел доби после војната знаеш ? Дека Ерусалемскиот муфтија бил еден од најголемите подржувачи на Хитлер, а притоа имал подршка од огромно мнозинство на Палестинците, и истовремено бил водач на најозлогласените СС одреди.
Зошто дури и православните и Евреите (да не зборам за муслуманите) гледале негативно кон крстоносците?
Генерализацијата се гради со континуирани потврди, за жал атеистите го имаат изградено тој имиџ тука на западот.