^ Ај ако ја глеаше кажи подетално, кој состав стартуваше, ме интересираат крилата и десниот бек, пошто на гости бев...?
Првите 10 минути ги пропуштив така да не знам која прва постава излезе.Знам дека сите играчи од прв до последен добија шанса да влезат во игра.Големи разлики во минутажите немаше.
На крило први стратуваа лево Штрлек и десно Чупиќ.Штрлек мамата им ја расплака на почетокот 5 гола од 5 шута им даде за 20 минути игра.Имаше и еден многу јак целепин што му го намести Лацковиќ еден од поубавите голови што сум ги видел....перфекција.
Алиловиќ уште од почетокот мамата им ја расплака им фати 2 од 3 пенали,2-3 зицери и уште неколку шутеви од надвор.Словаците само со некоја бомба што не се брани од 9-10 метри можеа да дадат гол.
Балиќ мислам дека не играше или само првите 10 минути,Дувњак многу изигра.Лацковиќ доби голема минутажа.На крило после Штрлек влезе Нинчевиќ и играше до 10 минути пред крај и он беше солиден. Хорват и Чупиќ делеа минутажа,Чупиќ малце повеќе изигра.Во одбрана Гојун играше,а на крај го стави и во напад.Копљар имаше голема минутажа,но изигра катастрофално.Бунтиќ беше нешто пократко од него во игра (не премногу додуше),али изигра 100 пати подобро од него.Бичаниќ и Вуковиќ влагаа помалку.Лосерт бранеше само 10 минути.
Се открива малце по малце која екипа ќе иде на ЕП.Претпоставувам прва постава ќе бидат Дувњак,Лацковиќ и Копљар/Бунтиќ на бекови.На крила Штрлек и Чупиќ,а замени Хорват и Нинчевиќ.Муса и Вори ваљда ќе идат на пивоти бидејќи добија најголема минутажа.Вори изгледа како да не игубил ни 1% од брзината,но чим го нема Балиќ нема ни премногу добри топки за него во напад.Муса е трактор и одличен во одбраната, играше доста денес.Голмани Алиловиќ е сигурен,а Лосерт и Шего се борат за другото место.Предност му давам на Лосерт,он ја играше оваа утакмица и претходната,а оваа Шего на трибини беше.Вуковиќ, Бичаниќ и Гојун исто така се сигурни патници на ЕП.И Балиќ секако...........Како резерви ќе бидат според мене Мариќ,Батиновиќ и Шего.