Дали жените денес се третирани како објекти?

A

AnFem

Гостин
Овие две работи ми се косат малку...
Ако не сакаш да те третираат како објект, престани да се однесуваш како објект. Твоето однесување тука одлучува, реакции секогаш ќе има :)
Не се косат баш тие работи, во вториот случај се работи за правата кои жените ГИ БАРААТ.

А за ова второво, те молам објасни како тоа оние кои не се облекуваат провокативно, а биле третирани како објекти, се однесувале како такви? Пази, тука спаѓам и јас!

Зошто реков дека еманципацијата треба да се случи и во главата на мажот? Затоа што многу патетици, со повредено его, ги сметаат жените за инфериорни и имаат формирано некакво мислење и сите жени ги ставаат во ист кош.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Погоре кај спомената девојка "фасадата" e видена и нејзината интелектуалност оценета по статуси. Но, не постои виртуелна оценка за моралност, ниту пак за "содржинска" личност.
Заблуда е кога убава фасада станува препрека кај личноста да разбуди љубопитност и да "ѕирне" подлабоко.

На многумина им е јасно дека добра фасада привлекува многу повеќе од обична, особено кога внатрешноста треба да се истражува. Затоа и на улица се вртиме по средени дворови и убави фасади на куќи и се прашуваме како е внатре. Можеби фасадата на соседната куќа е скапана, но внатре е многу поубаво средена од првата. Како ќе дознаеме ако не влеземе во двете?
Да и влезеш во фасадата на девојката !? Ова да не значи „домазет“ !? o_O

Нејсе, на снимањето на Трето Полувреме, девојките беа облечени типично за тој период и незнам дали е случајот само кај мене, ама ептен ми беа секси. Не секси као „уф како би ја натртил сеа тука одма“, него секси као „уаауууу...останав без зборови“.

Како се облекуваш така ќе те третираат, оти човек првин суди со очи, а тек после 2-3 реда муабет и со ум.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Не се косат баш тие работи, во вториот случај се работи за правата кои жените ГИ БАРААТ.

А за ова второво, те молам објасни како тоа оние кои не се облекуваат провокативно, а биле третирани како објекти, се однесувале како такви? Пази, тука спаѓам и јас!

Зошто реков дека еманципацијата треба да се случи и во главата на мажот? Затоа што многу патетици, со повредено его, ги сметаат жените за инфериорни и имаат формирано некакво мислење и сите жени ги ставаат во ист кош.
А зашто една жена која знае дека не е објект би ја допирале мислењата на таквите патетици со повредено его? :) Зарем сеуште ти се важни таквите? :)
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.029
Поени од реакции
24.672
Од овој аспект постојат 2 типа на жени- првите кои се привлечни и сексапилни, и вторите кои викаат за првите дека се лесни, плитки и глупи курви.
 
A

AnFem

Гостин
А зашто една жена која знае дека не е објект би ја допирале мислењата на таквите патетици со повредено его? :) Зарем сеуште ти се важни таквите? :)
Не се работи за нечие мислење. Се знае чие мислење за мене ми е битно, на оние што ми се и мене битни. Зборувам за нападни и досадни типови, кои не прифаќаат „не“ за одговор.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Не се косат баш тие работи, во вториот случај се работи за правата кои жените ГИ БАРААТ.

А за ова второво, те молам објасни како тоа оние кои не се облекуваат провокативно, а биле третирани како објекти, се однесувале како такви? Пази, тука спаѓам и јас!

Зошто реков дека еманципацијата треба да се случи и во главата на мажот? Затоа што многу патетици, со повредено его, ги сметаат жените за инфериорни и имаат формирано некакво мислење и сите жени ги ставаат во ист кош.
Можете до утре да барате џабе ви е, или треба да ви дадеме или да си земете. Да ви се даде нема, значи мора второто а за тоа не сте способни како пол.

Точен е вториот болд ама тоа нема да се случи, кај може маж сам себе да се еманципира ако не му одговара?

Најголем дел мажи ве сметаат за инфериорни ама и најголем дел жени тоа не само што го прифаќаат како факт туку и го спроведуваат во пракса. Ако вие самите се слагате дека сте инфериорни не очекувај машко да се бори за ваши права.
 
Супер, значи ја сфати поената од цитатот на Волтаирин, за тоа и зборував :)
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Не се работи за нечие мислење. Се знае чие мислење за мене ми е битно, на оние што ми се и мене битни. Зборувам за нападни и досадни типови, кои не прифаќаат „не“ за одговор.
Епа за таквите типови незнам што да ти речам xD Избегнувај да си во нивно присуство ако ти пречат?..
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Додека работиш, учиш, читаш (значи додека правиш нешто важно), ти се пријадува. Што правиш - одиш, јадиш и се враќаш на важните работи. Мажот - учи, работи, прави важни работи и одеднаш добива желба за секс, оди, го лоцира нештото потребно за секс (тоа би било нешто како објект), го добива тоа што сака и повторно се враќа на ВАЖНИТЕ РАБОТИ ВО ЖИВОТОТ.
Верувам дека истото е и со жената. Жената прави тоа што мисли дека е важно (работи, учи, шопингува, ја чита Вирџинија Вулф T.T), добива желба за љубов, секс, доколку е потребно прави тоа што е потребно за да биде лоцирана, пронајдена од мажот кој во моментот го гледа како ОБЈЕКТ (мажот кој ќе ја задоволи, кој ќе ја насмее, кој ќе ја гали, милува, мажот за кого нема да ја боли ......та дали е среќен, задоволен итд.), го добива тоа што сака и повторно се враќа на правењето важни работи.
Почнавме да живееме ЗА сексот и задоволството, а не за нас. Сексот, е потреба и според мене од таму потекнува гледањето на некого како објект, и тоа не е воопшто лошо.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Самите си се криви. Тие самите си се третираат така, само изгледа не го приметуваат тоа или пак не сакат да го приметат. Се додека си дозволуваат на начини како one night stand и помалку бараат внимание од страна на партнерите... секогаш ќе бидаат така третирани.

А за тоа како се облекува, тоа е друга приказна. Само треба да внимава каде и како си го покажува тоа што го има во себе физички.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Супер, значи ја сфати поената од цитатот на Волтаирин, за тоа и зборував :)
Да, само не знам дали е можно нешто да се промени на тоа поле. Барате равноправност на според мене погрешен начин и за погрешни цели а такво општество за кое се залагала Волтаирин не е можно, барем не со луѓе какви се денес :).

Не ја губи женственоста а биди духовно и физички силна (во сопствени можности) тоа е според мене рецепт за успешна и реализирана жена, длабок феминизам на комплетна равноправност е според мене погрешен :).

Инаку по темата, супер е да те гледаат како сексуален објект ама проблем а ако само на тоа останува или како рече еден форумџија женско е само за секс и ако ти е некад досадно да немаш другар да ти прај друштво за кино, за сѐ друго е непотребна :D.

Додека има жени што со тоа се слагаат ќе си седите со турски серии и машки ќе ви го раководат животот а вие ќе барате равноправност која нема никогаш да ја добиете :).
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Дел од сексуалната игра е жената да биде објект, ловец-плен делење на улоги, и тука нема ништо лошо.
Мене ме нервира тоа што денес убавината на жената се цепка на повеќе делови, се дели целото на убав газ или убави нозе... Ама тоа е друга тема.
Проблемот е во тоа што сексуалноста се меша во другите сфери на животот, што многу често се случува, а за тоа се криви и жените и мажите. Така на пример, мажот ја искористува својата моќ на работа за сексуални цели, а жената ја искористува својата сексуалност за да напредува во работата.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.514
Само кога ги третираш како објекти гаче саме падају...природа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom