ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.967
- Поени од реакции
- 57.733
Не бе!Мурињо го отпиша Ласана на почетокот на сезоната, и наводно му рекол да си бара нов клуб, така беше нели ?Еве како Ласана му одговори на тоа.
Со честите повреди на Кедира и ротациите на десен бек, нема потреба да постои дилема дали треба да остане во тимот. Лас игра совршено и на секој натпревар дава 140% од своите можности. Несреќно го одигра досега најважниот натпревар, практично му ја додаде топката за првиот гол на Санчез, али во двобоите со Меси и останатите играчи на Барселона воглавно излегуваше како победник. Плачеме по играч како Макелеле, а веќе го имаме во тим, вистински наследник. Не бил никогаш тој крив за поразите од Барса, скоро секогаш бил меѓу најдобрите. Ако останатиот дел од тимот проработи, и тој ќе се стекне со голема слава во Реал Мадрид.

Лассана сам сакаше да си оди, демек немал многу минутажа минатата сезона (а уствар имаше само 200 минути помалку од Кедира изиграно), а Мурињо уште у мај кажа дека го убедувал да остане и дека му е потребен.
И после кога ги стави на трансфер листа Гаго и компанија, за Ласс кажа дека ставен е заради желбата на играчот.
Мислам дека и повеќе пати „му досаѓал“ Мурињо, па затоа на чуден начин пропадна трансферот у Тотенхем. Самиот Жозе повеќе пати изјави Lass es jugador polivalente, играч кој е потребен у секоја екипа.
И мора да се признае дека лани играше топло-ладно, сезонава е константен. После ова глеате одма почнаа шпекулации за Кедира, инаку за Ласс ќе беа. Сеа и тој ќе се врати у форма па ќе почнат за некој друг... и така...
