Незнам какви биле цените на времето, но денес цените за одржување се горе-доле исти и на јапонските и на сите останати возила ... секако цената на одржувањето зависи и во која класа спаѓа автомобилот ... колку полуксузен толку поскапо одржување.
Јапонските возила биле нови на пазарот ???
Дај не пишувај глупости ... јапонските возила се доволно долго на пазарот за да се утврди дали се расипливи или нерасипливи ... и досега јапонските возила се покажале како најиздржливи и најНЕрасипливи од сите видови на автомобили.
Се знае, ако сакаш кола што ретко се расипува, си купуваш јапонско возило и не се замараш.
Германските коли се створени за на сервис.
А уосталом имаш многу поголем избор на Јапонски брендови отколку Германски.
Германски брендови се: Мерцедес, БМВ, Ауди и Порше од луксузните и овие коли неможе секој да си ги приушти (зборам за нови од салон, не за овие што ги увезуваат) , а за обичните граѓани од германските брендови преостануваат само Фолксваген и Опел.
А додека од Јапонските брендови ги имаш: Акура, Лексус, Инфинити, (и уште неколку луксузни брендови кои што се рамо до рамо со Мерц, БМВ, Ауди, Порше), Мицубиши, Субару, Тојота, Хонда, Мазда, Нисан, Сузуки, Даихатсу, Исузу ...