Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
E јбг, еднаш изджав некако ама овој пат ова мора во потпис... :)
 
S

Sagan

Гостин
Секој ум што се прави поумен од Мудроста БОЖЈА чиста отелотворена во Исус Христа - на Којашто упатуваат и за Којашто прекрасно сведочат вистинските Пророци, Апостоли и Следбеници - набрзо ќе увиди дека живее во илузија!
Јас поумен не се правам. Еве да речеме... одговара: на исто рамниште?
Зошто да не биде така? Па нели е допуштено да има пророци и после Исус?
Скраја да е, да не бидам разбран погрешно, далеку од тоа дека го мислам тоа за мене, или тебе, со црвените болдови, ама нели е така?
Совршената Вистина е како песничка, Совршената Вистина е како сказна
Кој на Неа и’ се противи, самиот си нанесува жтешка казна!
Овде целосно се согласувам со тебе. Зошто?
Затоа што совршена вистина е дека не постои совршена вистина.
Со твоето настојување твојата вистина да ја претставиш како совршена, самиот себе се казнуваш.
Колку побргу се помириш дека мојата вистина може да е различна од твојата, толку побрзо се спасуваш од сопственото страдание.

Стиховите твои неколку пати ги имам сретнато по форумов, и секогаш ме потсетуваат на дел од новиот учебник по македонски за средно:
Бело теле, бела крава,
бело млеко нам ни дава.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Стиховите твои неколку пати ги имам сретнато по форумов, и секогаш ме потсетуваат на дел од новиот учебник по македонски за средно:
Бело теле, бела крава,
бело млеко нам ни дава.
Еве мене на што ми личи совршената вистина

jag.jpg
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Овде целосно се согласувам со тебе. Зошто?
Затоа што совршена вистина е дека не постои совршена вистина.
Со твоето настојување твојата вистина да ја претставиш како совршена, самиот себе се казнуваш.
Колку побргу се помириш дека мојата вистина може да е различна од твојата, толку побрзо се спасуваш од сопственото страдание.
Оригиналната верзија му беше Вистината / Вистината и немаше жешка.
Ова е апдејт, второ издание, не се римува како што треба ама е поконкретно :)
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Касно стигаш у дискусија. И не ми се обраќај со „дете“, или сум постара од тебе или сме исто годиште. Кога не знаеш кој колку е стар, не им се обраќај на таков начин.
Киднала од час или не, работата е дека децата така сфаќаат. Ако имаш дете (као еве јас), прашај го. Моите деца се што ќе им каже учителот е земено здраво за готово, закон е. Тоа е нормално за тоа годиште. Со Гранд Централ си се разбравме, ти што се убацуеш недели покасно откако веќе сме се разјасниле?
Јас не лажам, јас презентирам јас како размислувам. Книги, ела па види кај мене дома - сигурно ни пола од таа библиотека немаш и тоа се гледа според твојот затворен поглед. Ако моето размислување не се сложува со твоето, тоа не е причина да ми се обраќаш како малоумна, посебно кога никаков муабет со мене не си свртел за да дојдеш до тој став.
Никогаш не е доцна за конструктивна дискусија.
Се извинувам за погрешно проценетото годиште, ама мојата проценка беше базирана на содржината од твоите постови:
...пример е Бинг Бенг - во лабораторија не може никој сеуште да го ре-креира. Се учи за него само од претпоставки.
Биг-Бенг е теорија.
Тогаш не треба да биде во учебници и да се учи како факт, нели?
Треба да биде во учебници и не треба да се учи како факт. Не се ни учи како факт. Треба ли да се учи како факт дека Бог го создал светот?
Ни тоа, за мене двете се исто срање - теории. Ни едната ни другата не се докажани и не можат да се презентираат на деца како факт и да перат мозоци.
Јас и Grand Central ти укажавме дека грешиш и дека во книгите никогаш теорија не се претставува како факт (исклучувајќи ја Библијата и сите книги од креационистите). Ама ти продолжуваш со детски инает и лажење (или самозалажување претставено како сопствено размислување) дека теориите во учебниците се претставени како факт. Ајде дај пример од некој учебник дека некоја теорија е претставена како факт? Ако твоите деца така сфатиле, исправи го тоа, поработи малку со нив.
Покрај факти, во учебниците и книгите има и (недокажани) теории. Така и се претставени - како теории, најдобри што човештвото успеало дотогаш да смисли. Ако за некоја таква теорија мислиш дека е срање - повели, дај некоја подобра. На пример, дај нешто подобро од досегашната теорија за Биг Бенг - која е твојата теорија, или уште подобро - докажан факт? Ајде не мора, тоа е претешко. Дај барем докази дека теоријата за Биг Бенг не е точна! Ако го докажеш тоа, не ти гине Нобелова награда. Најсериозно!
А за тоа чија библиотека е поголема... не ја знаеш мојата, ама тоа не е ни важно, важен е само бројот на прочитани книги од некоја библиотека. Друго, сигурен сум дека твојата библиотека не е ни пола од Универзитетската библиотека.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Покрај факти, во учебниците и книгите има и (недокажани) теории. Така и се претставени - како теории, најдобри што човештвото успеало дотогаш да смисли. Ако за некоја таква теорија мислиш дека е срање - повели, дај некоја подобра. На пример, дај нешто подобро од досегашната теорија за Биг Бенг - која е твојата теорија, или уште подобро - докажан факт? Ајде не мора, тоа е претешко. Дај барем докази дека таа теорија не е точна! Ако го докажеш тоа, не ти гине Нобелова награда. Најсериозно!
А за тоа чија библиотека е поголема... не ја знаеш мојата, ама тоа не е ни важно, важен е само бројот на прочитани книги од некоја библиотека. Друго, сигурен сум дека твојата библиотека не е ни пола од Универзитетската библиотека.
Колега атеист Антитеист, чисто од љубопитност, ти си убеден дека биг-бенг теоријата е точна? Дали ти би можел да докажеш дека не е точна? Нели ти како атеист не можеш да докажеш непостоењето на Интелегентен Дизајнер? Нели невистинитоста на исказ не се докажуваше? (Барем така јас мислам а и многумина се изјаснија така)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Овде целосно се согласувам со тебе. Зошто?
Затоа што совршена вистина е дека не постои совршена вистина.
На вистината не може да и додаваш никакви атрибути.
Ако вистината ја мешаш со "пат" тоа е друга работа.
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Колега атеист Антитеист, чисто од љубопитност, ти си убеден дека биг-бенг теоријата е точна? Дали ти би можел да докажеш дека не е точна? Нели ти како атеист не можеш да докажеш непостоењето на Интелегентен Дизајнер? Нели невистинитоста на исказ не се докажуваше? (Барем така јас мислам а и многумина се изјаснија така)
Убеден сум дека Биг бенг е добра теорија. Теоријата за Биг бенг до сега најдобро одговара на познатите факти и е прифатена од науката како добра теорија. Науката не оперира со поимот „апсолутна точност (вистина)“, туку кога некоја теорија ќе биде поддржана со огромна количина факти, без ниту еден исклучок, тогаш станува потврдена (ако сакаш, наречи ја „обична точност“). Е, дури тогаш би можел да кажам дека сум убеден во таа „обична“ точност.
Јас немам доволни познавања за да докажам дали (евентуално) не е точна таа теорија. Има астрофизичари кои имаат доволни и предоволни познавања од таа тема, ама досега никој не докажал дека теоријата Биг бенг не е точна. Инаку, не е проблем да се докаже дали некоја теорија не е точна (ако навистина не е точна) - едноставно треба да се најде факт кој не одговара на теоријата, па целата таа теорија паѓа. Тоа не е исто со „докажување“ дека нешто не постои - тоа е невозможно!
Многумина имаат погрешна претстава што е тоа Биг бенг и што објаснува таа теорија. Тоа не е теорија за настанокот на овој универзум, туку таа објаснува што се случувало со универзумот веднаш после самата експлозија (добро, и тоа може да се нарече „настанок на универзумот“, но сега цепидлачиме). За самиот момент на експлозијата, или за она што било пред тоа, таа теорија не вели ништо. Има други теории кои се занимаваат со тој момент и со она што било пред тоа.
Според тоа, теоријата за Биг бенг не може да се споредува со делата на непостоечкиот Интелигентен Дизајнер. :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
........
Според тоа, теоријата за Биг бенг не може да се споредува со делата на непостоечкиот Интелигентен Дизајнер. :)
Убеден си? Интересно...... Јас не сум убеден. Не сум убеден дека е добра теорија. Немам основ за да бидам. Дали е добра или не ќе се види кога ќе се докаже или побие. Јасно дека теоријата не кажува што било пред бенгот, но и самата теорија е според некои логични заклучоци од фактите кои стојат на располагање. Далеку од вистината. Вистина ќе биде кога ќе се потврди. Дотогаш е претпоставка (теорија).
И не ми беше целта на репликата да ја објаснуваме теоријата за биг бенг. Обрни внимание на болдот. Велиш „непостоечки“. Е па повели како што ти и рече на Алмала погоре, да докаже дека биг бенгот не постоел, еве ти докажи дека ИД не постои. Истата логика, да не бидеме лицемерни.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021

Биг Бенгот, како научна теорија е поддржана од набљудувања, мерења, докази кои укажуваат на раниот развој на универзумот.
Прифатена е како најдобра теорија од мнозинството научници.
За да ја тестираат (или подобрат), НАСА имаат лансирано неколку научни мисии, чии мерења одат во прилог на Биг Бенг теоријата.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Никогаш не е доцна за конструктивна дискусија.
Се извинувам за погрешно проценетото годиште, ама мојата проценка беше базирана на содржината од твоите постови:

Јас и Grand Central ти укажавме дека грешиш и дека во книгите никогаш теорија не се претставува како факт (исклучувајќи ја Библијата и сите книги од креационистите). Ама ти продолжуваш со детски инает и лажење (или самозалажување претставено како сопствено размислување) дека теориите во учебниците се претставени како факт. Ајде дај пример од некој учебник дека некоја теорија е претставена како факт? Ако твоите деца така сфатиле, исправи го тоа, поработи малку со нив.
Покрај факти, во учебниците и книгите има и (недокажани) теории. Така и се претставени - како теории, најдобри што човештвото успеало дотогаш да смисли. Ако за некоја таква теорија мислиш дека е срање - повели, дај некоја подобра. На пример, дај нешто подобро од досегашната теорија за Биг Бенг - која е твојата теорија, или уште подобро - докажан факт? Ајде не мора, тоа е претешко. Дај барем докази дека теоријата за Биг Бенг не е точна! Ако го докажеш тоа, не ти гине Нобелова награда. Најсериозно!
А за тоа чија библиотека е поголема... не ја знаеш мојата, ама тоа не е ни важно, важен е само бројот на прочитани книги од некоја библиотека. Друго, сигурен сум дека твојата библиотека не е ни пола од Универзитетската библиотека.
И јас си ја препознав мојата грешка, човек сум. Не се само моите деца што сфаќаат така, ама немаш свои за да видиш. Кога ќе имаш, врати се и ќе прозбориме повторно.

И да не се натегаме за бибилиотеки....мислам самото спомнување на Универзитетска библиотека мене ми е смешно, посебно кога ќе помислам македонските библиотеки во какво стање се споредено со оние на Запад.

Значи, според твојот пост, комотно можеме во школо да учиме и Интелегентен Дизајн. Пошто, ни едната теорија ни другата не се докажани. Тебе едната ти звучи како добра, а на друга група луѓе другата. Ако реално погледаш, ќе видиш дека е иста работа.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Биг Бенгот, како научна теорија е поддржана од набљудувања, мерења, докази кои укажуваат на раниот развој на универзумот.
Поддржувана да....набљудувана да..... мерена да.....докажана не
Прифатена е како најдобра теорија од мнозинството научници.
И најдобра и мнозинство не се доволни да се зема како вистина, посебно не догматски
За да ја тестираат (или подобрат), НАСА имаат лансирано неколку научни мисии, чии мерења одат во прилог на Биг Бенг теоријата.
Во прилог...... не е доволно за да се докаже. Можеби и потполно да не е точна
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Поддржувана да....набљудувана да..... мерена да.....докажана не

И најдобра и мнозинство не се доволни да се зема како вистина, посебно не догматски

Во прилог...... не е доволно за да се докаже. Можеби и потполно да не е точна
Така е. Фали уште за да биде докажана. Но со големите вложувања на тоа поле (ВМАП сондата, претходникот КОБЕ, експериментите во ЛХЦ, набљудувањата на Хабл и наскоро новиот Веб телескоп, набљудувањата на работ на нашата вселена) само прашање на време е кога таа теорија ќе биде докажана (иако постојат доволно докази за ширечкиот универзум и претпоставката за неговото ширење) или надополнета.
Засега, не постои таква конкурентна теорија која би ја загрозила Биг Бенг теоријата.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Така е. Фали уште за да биде докажана. Но со големите вложувања на тоа поле (ВМАП сондата, претходникот КОБЕ, експериментите во ЛХЦ, набљудувањата на Хабл и наскоро новиот Веб телескоп, набљудувањата на работ на нашата вселена) само прашање на време е кога таа теорија ќе биде докажана (иако постојат доволно докази за ширечкиот универзум и претпоставката за неговото ширење) или надополнета.
Засега, не постои таква конкурентна теорија која би ја загрозила Биг Бенг теоријата.
Нешто ме потсеќа на нашиве политичари во изминативе 20 години. Само што не се случило, кај и да е ќе се случи...а можда и нема...кој знае.
На основа на што ти тврдиш дека е така, дека таа теорија е точна, дека само што не дошол доказот?
Не постои конкурентска теорија? Не сум сигурен. Па штои да е? До пред 200 години не постоела ниедна теорија освен за ИД. Па точна ли е?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
N
Нешто ме потсеќа на нашиве политичари во изминативе 20 години. Само што не се случило, кај и да е ќе се случи...а можда и нема...кој знае.
На основа на што ти тврдиш дека е така, дека таа теорија е точна, дека само што не дошол доказот?
Не постои конкурентска теорија? Не сум сигурен. Па штои да е? До пред 200 години не постоела ниедна теорија освен за ИД. Па точна ли е?
На основа на досегашните набљудувања кои во голема мера ја потврдуваат Биг Бенг теоријата.
Она заради што не е докажана оваа теорија е недоволниот технолошки развој. Еден телескоп, кој треба да набљудува подалеку од кога било е сложена направа (наследник на Хабл), која досега достигна цена од 8 билиони долари само за развој.
Дел од вселенските мисии кои се лансираат се базираат токму на тоа - откривање на галаксии (поточно светло од нив) кои се формирале после биг бенгот. Засега технологијата овозможува ограничено набљудување, но наскоро тоа ќе биде надминато, со комплетирањето на два нови огромни телескопи.

Иначе која е таа конкурентска теорија која има доволно докази од набљудувања, мерења...?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom