Бадников оган/Коледе леде

Многу добро беше вчера,цело маало се собира на едно место,вино,ракија,риба,музика Гоце Арнаудов :pos2:...
Добра традиција која мислам дека треба да се одржува ,баш е убаво да се видат сите комшии собрани и радосни.
 
Ајде се наближува коледе ... ! ајде почнете расприкажете се кој како се опремил ово оно ... !
инаку едно прашање за палење оган сакаме со другариве на едно место .. јавна површина .. дали треба од полиција некоја дозвола да се зема .. ! мислам дека минатата година слушнав дека зимале некој .. ! :)
 
Се сложувам со некој од претходните посотови за тоа дека палењето оган е пагански обичај кој е увезен од Србите.

Не бе па ти,ние дирекно од Полска сме го набавиле коледево..

Еве и од Украина едно клипче

Ме мрзи да барам ама би било интересно да се споредат варијациите од земја до земја.
Баш ме интересира дали тоа мрсните песни само кај нас се пеат :D
 
Се знае како се иде на коледе.Следиш друга коледарска група,они пејат а ти само собираш ореви ,костени , бонбони :)
 
Па ќе треба денес да пијам -.- .. Како ми се наредија деновиве за алкохол .. :sneaky:
 
Какви бе срби мрби.Палењето коледарскки оган е пагански обичај но остананат од Старите Словени-нашите предци.
Ма ве гледам, што сте чудни.. Оганот бил увезен од Србите, односно бил словенски обичај.
Ниту едното ниту другото немаат врска со вистината. Оганот се палел отсекогаш претежно од смрекови дрвца кои ги собирале децата, а Коледе најверојатно потекнува од предхристијанскиот римски празник Календе.

Она што е предмет на дискусии е дали дабот бил сметан како бадниково дрвце во Македонија или е тоа увезено од Србите. Со такви тврдења излегоа некои владици од источна Македонија.
Но, се покажа дека тоа не е вистина или само делумна (локална) вистина, бидејќи самиот имам налетано на два примери едниот (е песна) од 1941 од македонските емигранти во Бугарија, другиот од втората половина на 19 век каде се зборува дека дабот бил сметан за бадниково дрвце. Од друга страна пак вистина е дека овие записи се од луѓе кои потекнуваат од западна Македонија и во источна Македонија нема траги од такво нешто.

Но, овој обичај е македонски и како и многу други се разликува од една до друга област.
Она што не треба да се случува е скарата и јадењето месо кое во минатото било карактеристично за пречекот на Нова Година, се разбира тогаш кога Божиќ бил пред Нова Година.
 
Во словенската митологија постои бог Коледа кој бил бог на зимското сонце.Дабот им бил свето дрво.По христијанизацијата на нашите предци старите верувања и обичаи си нашле место во христијанството.Јас мислам вака.
 
ОК.
Меѓутоа во словенската митологија не постои "бог Коледа".
А и словените не биле културолошки толку моќни да го наметнат прославувањето во чест на својот бог не само на Кипар, туку преку Италија дури и до Франција. Името на полски kolęda покажува дека првобитната форма вклучувала носовка, па место Коледе-порано се викал Коленде (како што се уште се нарекува во некои македонски краишта во Егејска Македонија).
 
Едвај се чека да дојде вечер :icon_lol:
Собиравме дрва недела дена пред Нова година, опремени сме до максимум :D
Пошто постариве од моево маало од населбава пред некоја година се испокараа околу тоа кој да организира, кој да биде кум, последниве 4 години ние го правиме огнот :D
Старосна граница 25 години, постари не примаме :icon_lol:

Инаќе не се разбирам многу во празнициве, ама кога има јадење никогаш не одбивам :icon_lol: Пита со паричка правиме и на бадник и на Василица :pos:
 
ОК.
Меѓутоа во словенската митологија не постои "бог Коледа".
А и словените не биле културолошки толку моќни да го наметнат прославувањето во чест на својот бог не само на Кипар, туку преку Италија дури и до Франција. Името на полски kolęda покажува дека првобитната форма вклучувала носовка, па место Коледе-порано се викал Коленде (како што се уште се нарекува во некои македонски краишта во Егејска Македонија).
Православието врие од словенски паганизам.Славењето слави кое се практикува само кај македонците и србите е пагански обичај вметнат во православието поради неможност да се искорени.
 
Само што се прибрав дома,времево заеба иначе ке останевме до сабајле :) Дефинитивно во ОУ Кирил Пејчиновиќ може да се снимаат смешни инсерти,какви ликови има тоа е неверојатно..Иначе утре е тоа вистинското во Тетово,oвде многу ми е вештачко,доаѓаат луѓе земаат јадење,пиење и си бегаат накај дома :)
 
Што се однесува до оганот. Не треба да се пали на Бадник. Колку што знам кога бев јас дете се палеше само за Василица. Не знам сеа од кај испадна и за Бадник. А на Коледе се одело, ехее, нас само пари ни даваа. А инаку чувството беше незаменливо. Како деца тоа ни беше најголемо доживување. Инаку по правило пари не се даваат, овошки и слатки, барем јас така знам. Првата песна сме ја пееле, а искрено втората сега прв пат ја читам. :)

Јас сум од Прилеп и мислам дека тоа место е едно од местата во Македонија каде најмногу се почитуваат овие празници и си обичаите се оди во крајност што некогаш и ме нервирало. Ама Коледе ми беше најомилен празник заради огнот, а и поради тоа што цел ден шетавме од врата на врата. Уште како мали дечиња цел град го вртевме собирајќи костени, бонбони и парички. А вие луѓе не карајте се за обичаи, зашто секое мало понекогаш има разлики во обичаите. Јас знам дека не се пали за Бадник, ама ете кај некои така е. Исто и пола Македонија јаде мазник или бурек со паричка за Божиќ, а кај мене секогаш било на Василица. Него, едно нешто ме интересира, има многу разни песни за Коледе. Оваа што е најпознатата (Коледе леде, утепало деде...) ја знам, ама ние како деца пеевме една друга што сега и го имам заборавено текстот. Одеше вака некако, Коледица, Варварица и по неа Василица, и после тоа имаше уште неколку стихови. Се сеќава некој на неа, ја слушнал некаде?

+ 1
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom