Унгарците со устав се бранат од исламизација

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Ќе прашам пак, кој е тој што убивал во име на атеизмот? Јас досега немам слушнато за такви луѓе или организации.
Додека за пролевање крв во име на религијата, можам да ти набројувам примери до утре.

Друга работа, комунизам никогаш не постоел. Постоел социјализам. Тоа што социјалистите биле атеисти, не значи дека атеизмот е агресивен.
Како контра на ова, можам да ти спомнам дека Хитлер бил Христијанин, Садам бил муслиман, и скоро сите останати лидери низ историјава припаѓале на некоја религиска секта (група). Дали тоа значи дека религиите во крајност се злобни? Без останатите негативни карактеристики на религиите...
не ти е добар примеров за "лош" христијанин Хитлер и не бил по верата
 

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Се што е екстремно,било лево или десно е исто срање пријателе,погледни што направи еден простак како Сталин во Русија,бла бла бла
Што беше Русија пред Сталин, што беше Русија после Сталин? Ајде се спомиња таму нешто ситно како Источна Европа под нивна контрола , индустријализација, моќна армија, атомска бомба....и ред други ситни работи кои бившите цареви ги средувале за пар дена, а Сталин сирот за цел животен век.
 
Н

нихилист

Гостин
Уживам кога се одговара со прашања. Еве и ја:
Позната ли ти е идеолошката заднина на Третиот Рајх?
Ах, линкчиња на други постирај им. Да, позната ми е...

Сега ти одговори, ја имаш ли прочитано Мојата Борба од Хитлерчо?
 
S

Sagan

Гостин
А кој тоа ја поставил секуларноста како универзална вредност? Има некои виши стандарди според кои секуларноста е една од нив?
Види Bratot, секуларизмот како вредност која значи одвоеност на државата од религиозните заедници, Е вредност затоа што ДАВА право на ИЗБОР. Тој избор значи дека треба да се остави детето подеднакво да се запознае со сите философски правци (исто така и избор детето самото да не сака да се запознае со ниеден философски правец додека е дете, или дури да создаде свој уникален). Кажи ми ти, за каква слобода и право на избор станува збор кога едно дете бива крштевано или циркумцизирано на возраст од неколку месеци, односно неколку години? Или е подложено на верска индоктринација во основно и средно? Крст над таблата наместо карта на светот, што е тоа? Грубо и фатално мешање на религиските правци во државните работи (образованието).

Јас не сум против традицијата. Но училиштето не е место за практицирање на истата. За тоа постои црквата, семејството...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Ова се тешки глупости. Жртвите во тоталитарните држави не се убиени во името на атеизмот, туку во името на политичките идеологии.

Жртвите во религиозните прогони се директна последица на религиозните убедување и несогласувања.

Ниту еден софизам на светот нема да може да на прави равенство помеѓу тие две врсти на прогони...
Ајде бе, глупости викаш.
Еве и да се глупости, зошто мнозинството луѓе во Унгарија би слушале пропагирање од таа лева идеологија, дека до вчера тие им беа егзекутори.

Но пак, крстоносците војувале со муслиманите во име на бога, или во име на моќта на нивните водачи, они за религија слушнале од тоа што им е кажано? Инквизицијата палела затоа што некој рекол нешто против бога или тоа било политичко средство за подкусурување на неистомислениците.

Истото ти е и во левите општества, воздигнати во религија. Уште еднаш тоа нема да се повтори, колку и да го посакувате тоа. И злосторствата на религијата се мачја кашлица во споредба тоа што го направила левицата.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Како успеа една тема да забега околу мерењата кој неверник или верник бил поголем злосторник во минатото?

Ја видов веста на 9гег-многу врева се дига околу некои работи за кои имам разбирање како медиумскиот лимит на пример,ама што им е со укинувањето на зборот република,а само Унгарија да стои?Нема да е крај на свет оти има доста држави кои немаат република/кралство/што и да е пред името.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Ќе прашам пак, кој е тој што убивал во име на атеизмот? Јас досега немам слушнато за такви луѓе или организации.
Додека за пролевање крв во име на религијата, можам да ти набројувам примери до утре.

Друга работа, комунизам никогаш не постоел. Постоел социјализам. Тоа што социјалистите биле атеисти, не значи дека атеизмот е агресивен.
Како контра на ова, можам да ти спомнам дека Хитлер бил Христијанин, Садам бил муслиман, и скоро сите останати лидери низ историјава припаѓале на некоја религиска секта (група). Дали тоа значи дека религиите во крајност се злобни? Без останатите негативни карактеристики на религиите...
Атеисти биле најголемите диктатори во 20 век. Нели е тоа само по себе симптоматично?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.420
Поени од реакции
5.097
Атеисти биле најголемите диктатори во 20 век. Нели е тоа само по себе симптоматично?
Хитлер бил Христијанин. И сега што? Да речеме дека Христијанството е најужасното зло што постоело некогаш?
Иако пред многу векови и било навистина ужасно зло...
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 20:26 ---
?
Да не бил случајно будиста?
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 20:27 ---
не ти е добар примеров за "лош" христијанин Хитлер и не бил по верата
Море и тоа како бил...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
И темава се претвора во една од 100 во подфорум религија- вечна борба против религиозните и атеистите.

Од друг аспект, зошто се менува името на државата, зошто се изложуваат на торшоци државните институции и граѓаните на Унгарија кои веројатно ќе ги променуваат документите со новото име, и тоа во ваква криза во Европа. Што му пречи на Орбан зборот „република“- го потсеќа на нешто левичарско, или пак има намери да се прогласува за цар или крал, искомплексирано човече е, тоа е повеќе од очигледно.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Хитлер бил Христијанин. И сега што? Да речеме дека Христијанството е најужасното зло што постоело некогаш?

Hitler expressed admiration for the Muslim military tradition. Stanley G. Payne wrote:
Hitler generally had a high opinion of Islam and once proclaimed it the best of religions because of its theological simplicity and emphasis on holy war. ... Hitler expressed regret that Islam had not swept over all western Europe. Had it replaced Christianity in Germany, the innate racial superiority of the Germans in conjunction with Islam would have enabled them to conquer much of the world during the Middle Ages.
Го мислиш уште за Христијанин ?
Национал-социјалистичка партија на Работниците.

Види не сакам да навлегувам детално во овие бесконечни превирања, дека тука има на 1 мое 10 твои и обратно. Но едно е јасно левицата како и обично делува радикално и агресивно во своите настапи. Е сега нели во Унгарија и во цела источна Европа имаа шанса и ја сјебаа, сега сакаат со плачење да се вратат? Еве види кај нас како, не дека ми се свиѓа многу политиката на Грујовски, но кој ми е изборот, имаме инфатилна опозиција, кој главното поле на дејство го гледа во плукање, плачење пред меѓународната заедница па ако треба и да ја исцрнат земјата. Види во Грција што се дешава, Папандреу војна ќе напраеше за да дојде на власт и се покажа бетер гомно од претходниот.

Таа истата левица до пред 20 години ги затвараше хомосексуалците, ни викаше дека либералноста е лоша за општеството, забрануваше партии со десна проминенција, за сега одеднаш стане либерната и демократската страна во политиката. И на крајот на краиштата типот ми збори за светски заговор, позади кој по дефаулт стојат Евреите и истворемено ми мафта со Хитлер(Смрт фашизму слобода народу) како десницата ја води Европа кон новиот рајх. Дај те молам.

И уште нешто никоја општо прифатена идеологија или религија не форсира угнетување од било кој вид. Тоа го прават лошите луѓе. Тоа што во 20 век тие лоши луѓе (Мао Це Тунг 80.000.000 милиони жртви за неговата диктатура, Сталин 40.000.000 жртви во неговата диктатура и уште 30тина можат да се набројат) се следбеници на Атеизмот, тоа е факт, кој ми дава за право да поверувам дека атеизмот им дава закрила од моралните норми. Дел од тие жртви биле религиозни групи од фактот што комуњарите ја гледале религијата како конкуренција. Одтаму и толку оштриот настап на левицата тука на форумот за настани во Унгарија, како и на почетокот на минатиот век, они се солидарни (Пролетери од сите земји обединете се).
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 21:46 ---
....Или е подложено на верска индоктринација во основно и средно? Крст над таблата наместо карта на светот, што е тоа? Грубо и фатално мешање на религиските правци во државните работи (образованието)....
Имавме до пред 20 години поларизиран свет. Во едниот крст имаше над таблата, наместо карта на светот, а во другиот крстот беше забранет. Светот кај што беше крстот забранет, пропападна неславно и крваво, исто како и во своето владеење, со неколку граѓански војни со милиони жртви. Додека светот кој имаше крст над таблата наместо карта на светот е западниот свет, моќен и просперитетен.

Јас незнам од која дупка излагате, што не го гледате очигледното.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.420
Поени од реакции
5.097
Го мислиш уште за Христијанин ?
Национал-социјалистичка партија на Работниците.
Па да прочиташе малку погоре ќе видеше што бил по религија Хитлер.


Hitler often praised Christian heritage and German Christian culture, and professed a belief in an "Aryan" Jesus Christ—a Jesus who fought against the Jews
He favoured aspects of Protestantism that suited his own views, but adopted some elements of the Catholic Church's hierarchical organisation, liturgy, and phraseology in his politics.[295][296] After his move to Germany, Hitler did not leave his church.
Изворот го знаеш.
Понатаму, уште чекам некаков доказ за некој што извршил злосторство во име на атеизмот.

Инаку ако одиме по твојава логика, Хитлер, Наполеон, Садам, Хомеини, Џингис Кан, владетелите на САД, Русија, Британија итн. кои се одговорни за смртта на стотици милиони луѓе, а сите припаѓале на одредена религија, тоа значи дека религиите се невидено зло.
 
S

Sagan

Гостин
Го мислиш уште за Христијанин ?
Национал-социјалистичка партија на Работниците.
Кој читал Мајн кампф, можел да прочита дека бил верник, односно верувал во бог кој ја создал ариевската раса и со чија помош ќе ги победел евреите. Христијанството го сметал за основа на германскот национален морал, а семејството за основа на германската нација (ми звучи познато... o_O ).

Аман веќе jamajka, се уморив повторувајќи: неговата национал-социјалистичка партија била ултра-ДЕСНИЧАРСКА партија!!!

Но едно е јасно левицата како и обично делува радикално и агресивно во своите настапи.
Да да, современата левица, претставена во социјал-демократијата е крајно агресивна опција.

Додаток: мозгалица
 

Kajgana Shop

На врв Bottom