ХРТ1 и РТС1 од 1 јануари ќе ги нема во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
Каков таков важно даваат спорт,дали се со реклами или без, тоа е небитно, важно има да се гледа Фудбал, немој жити све ХРТ кој ги изгуби правата за формула, од некои нискобуџетни ТВ, Ете не сум знаел дека ги изгубиле и правата за ЛШ.
Што им преостана само Хрватската лига да ги даваат,значи за спорт каде каде сме поквалитетни, сеа тоа коментаторите,јебига друже тоа е тоа.

Ама на кој основ сме поквалитетни? Незнам дали ја имаш ѕирнато Албанската Супер Спорт. HD, без реклами, 4-5 канали на кои нонстоп се пренесува фудбал. СпортКлуб српската ич не праам муабет, скоро сите што ја имаат на ТВ - сите му даваат предност во однос на некоја македонска телевизија.
За хрватските, ти напиша и Chemical Angel, кај нас се пренесуваат само националните телевизии ХРТ 1 и 2. А тие и понатаму тврдам дека се светлосни годни пред нашите телевизии (со исклучок на Алфа која има фантастична опрема и покојната А1).

Епа друже не е тоа-тоа. Да беше ,,тоа-тоа'' немаше сите да гледаат ХРТ наместо некоја македонска телевизија кога се пренесува фудбал/кошарка и што и да е друго.
 
А дали ти знаеш дека за спорт, сме светлосни години напред од ХРТ РТЛ и НОВА ?

PFFFFT.png


Која наша телевизија е светлосни години пред Нова и ХРТ !?

Канал 5 со идиотскиот концепт за ЛШ !? Пренесуваат утакмици без емисија од студио... Со Крсте Галевски експертот за „кошарка“ !? Треба бокал кафе да се напијам пред мак-баскет да почне за да не заспијам слушајќи го... Единствен коментартор од Канал 5 кој може да го биде е Златко... ама и него го фрлија у тркало на среќата...

Со Алфа кои уз реклами пренесуваат по малку фудбал !?

Со МТВ на која и останаа само Олимпијадите !? Ех да, порано МТВ беше поим за квалитетен спортски пренос. Али сега ем немаат опрема, ем Калински остаре...

Со Сител кои пренесуваат... чекај, уствари овие ништо не пренесуваат. Освен ако не го сметаш Wipeout за спорт...

Единствена телевизија која си е доследна до спортската предвидена програма е Телма. Вршат 5 преноси у коло. Секоја чест! Ма да и нив коментаторите им се „поспани“...

Нова и ХРТ сега имаат помала спортска понуда поради тоа што Хрватска (и Србија) го имаат Спортклуб кој има пет свои канали. Имаат свои спортски канали... Ние имаме !? Не!

Затоа и сеа видоја шанса, и они ќе не уценуваат нас да плаќаме дополнителни пакети за Спортклуб... али ако, така ни треба...
 
знае ли некој кој канал се планира на местото на ХРТ 1 на BOOM TV??
 
според мене не е баш добро погоден избор за ДМ сат пак има што слушат турбо фолк музика и ако дават и песни што не се такви ама за ID мислам дека би имале и поубав избор како на пример Reality сепак останува да видиме дали на ХРТ 1 од 1 јануари ке биди заменет со некој од македонските канали што се на сателит а ги нема во понудата на бум тв
 
A на Макс тв кој канал ќе биде замена за ХРТ 1 ? Знае некој?
 
Oстанува да видиме деновиве кој канали ќе стават операторите во замена на HRT 1 и RTS 1
Бум тв ги замениле веќе :)
 
Од инфо центарот на БУМ ТВ ми кажаја дека РТС САТ останува во нивната понуда а на местото на ХРТ 1 немало да има канал така да изгледа ке се намалува за еден помалку на 45 канали
 
za ziva sreca ne gledam skoro nisto na tv, osven vesti na alfa i po nekogas nekoja serija na fox crime. Za novi filmovi/serii tuka e torrent a ne da cekam filmski treski na ovie nasi treskotini od televizii da mi pustaat filmovi od 1945 godina.
 
На телекабел нема да ја скинат, тоа важи за други три оператори :)
Не се само тие оператори во Македонија. Законот секаде стапува на сила кога - тогаш.

Италик делот -освен во Западна Македонија.(y) ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom