Јас секогаш би го одбрал кредитот да го отплаќам,а да не мора да се клањам на некоја личност која апсолутно не го заслужува тоа и да не можам никаде своето мислење да го искажам.Луѓе сме,најосновно за човекот е дека секој е различен и има свое мислење.Во Кореја тоа апсолутно не постои........особено кога се работи за политиката.Јас како поединец таму не би имал право ни да гукнам,а тука ако ништо друго можам да одберам дали ќе го земам кредитот или не.А кога ќе го земам можам да ја серам банката пред сите колку сакам.
Можам да излезам од мојата земја и низ нејзе да се движам,никој движењето не ми го ограничува.
Сите тие севернокорејци што избегаа од таму од убавина избегаа(а притоа и го ризукувале животот за да избегаат) ? Баш го видоа тие тоа образование,здравство и храна што им ги обезбедува драгиот водач.............
Не ми треба ЦНН или некој амерички медиум.Што е со тие неамеричките медиуми или со тие информации што самата Северна Кореа што ги нуди од кои може да се заклучи дека нешто не е како што треба таму ?
Или и сите тие пребегнати луѓе лажат и сите земји на светот лажат ? И зашто тогаш другите комунистички земји како Лаос,Кина,Виетнам,па и Куба не се толкави жртви на "белосветската завера и америчката пропаганда" ?
Не се цвеќиња америте и западњаците,но не е ни дека тресат такви информации од ракав......... И за Тито не постоеа Голи Оток,Блајбург и сл. настани за кои на западот се има зборено и тие беа пропаганда,па ете испадна стварно биле така...........
Сигурно има по некое преувеличување на некои работи и нагласувње на негативните работи,но реално многу од тие работи за С. Кореа и не се баш измислено сценарио во Пентагон кое секој светски медиум мора да го пренесува............