Муабетот ти е „абе јас не сум педер, два пати ми го опнаа само“.
Или си роб, или не си. Илузорната слобода не е мерило за слобода. Како што американците шират демократија. Меѓутоа, кога америте ги критикуваме за нивните недемократски чинови, тогаш се лоши. Кога се работи за С. Кореја и останати на нив кои се од типот „овие брат канибализам практикуваат, леб немаат да јадат“, тогаш Америте се сигурен извор за информациите.
Слободата е индивидуална во најголема мера. Ако за Корејците е слобода да бидат униформирани и да му служат на драгиот лидер во замена за бесплатно здравство, образование, парцијално храна и без даноци од 1974 година, зошто тогаш вакви критики на пример?
Можеби тоа е поокеј слобода од слободата да мојме јас и ти да дискутираме на форум, меѓутоа да живејме на кредит цел живот, односно да му робуваме на оваа прилика за да мојме да пишиме на форум.
Јас секогаш би го одбрал кредитот да го отплаќам,а да не мора да се клањам на некоја личност која апсолутно не го заслужува тоа и да не можам никаде своето мислење да го искажам.Луѓе сме,најосновно за човекот е дека секој е различен и има свое мислење.Во Кореја тоа апсолутно не постои........особено кога се работи за политиката.Јас како поединец таму не би имал право ни да гукнам,а тука ако ништо друго можам да одберам дали ќе го земам кредитот или не.А кога ќе го земам можам да ја серам банката пред сите колку сакам.
Можам да излезам од мојата земја и низ нејзе да се движам,никој движењето не ми го ограничува.
Сите тие севернокорејци што избегаа од таму од убавина избегаа(а притоа и го ризукувале животот за да избегаат) ? Баш го видоа тие тоа образование,здравство и храна што им ги обезбедува драгиот водач.............
Не ми треба ЦНН или некој амерички медиум.Што е со тие неамеричките медиуми или со тие информации што самата Северна Кореа што ги нуди од кои може да се заклучи дека нешто не е како што треба таму ?
Или и сите тие пребегнати луѓе лажат и сите земји на светот лажат ? И зашто тогаш другите комунистички земји како Лаос,Кина,Виетнам,па и Куба не се толкави жртви на "белосветската завера и америчката пропаганда" ?
Не се цвеќиња америте и западњаците,но не е ни дека тресат такви информации од ракав......... И за Тито не постоеа Голи Оток,Блајбург и сл. настани за кои на западот се има зборено и тие беа пропаганда,па ете испадна стварно биле така...........
Сигурно има по некое преувеличување на некои работи и нагласувње на негативните работи,но реално многу од тие работи за С. Кореа и не се баш измислено сценарио во Пентагон кое секој светски медиум мора да го пренесува............