L
Lu
Гостин
А зошто не? Не дека во скоро време сакам да купам куче, чисто онака ме интересира.
Затоа што познавам многу луѓе кои се имаат „изгорено“ токму од ваквите пре-продавачи.
Имам информации дека пре-продавачите ги зимаат кучињата од фарми за кучиња од Србија, тоа се буквално фарми за кучиња, луѓе чуваат и по 10 - 15 видови на раси и ги размножуваат се со цел за поголем профит.
И нашиве пре-продавачи најчесто ги зимаат кучињата од Србија за ситни пари, и после тука ги пре-продаваат и најчесто им начукуваат цена од по 300 до 600 евра и буквално си прават бизнис со кучињата.
А да не спомнувам и за тоа дека многу од кучињата што ги носат од Србија се без педигре и не се води никаква евиденција за парењето и често се случува да се спарат во роднинска врска и потоа кученцата да бидат глуви, слепи и со слични болести предизвикани од истокрвното парење.
Најдобро е секој човек пред да земе кученце да се определи за некоја раса што најмногу би му одроварала и потоа да се распраша каде има добри одгледувачници за та раса за која што се определил.
Значи пази ова, има огромна разлика помеѓу одгледувачница и фарма за кучиња како што има во Србија.


Првите 2-3 дена ќе ги држам нонстоп заедно тро да се социјализираат меѓусебе а после планирам да ги чувам во салонот, а и на различни места ќе им ја клавам храната. Има некоја опасност од ова ? страв ми е да не се чепнат за нешто па да го искасапи или па мачката да му јаде од храната па да остане гладно... ?
А за тоа, што немаш време за кучето, требало да размислиш пред да го земеш. Поентата на чување куче е да му ги обезбедиш сите потреби од кој најбитни ти се физичка активност и дисциплина. Според муабетиве, некако слабо ти иде и со двете. Во најмала рака, побарај помош од некого да ти покаже како треба да изгледа шетање на куче ( за твоето минимум 2 саати на ден добро трчање), а ако веќе немаш никој ондак прочитај по форумиве што и како. Ако и тогаш не бива, ја би ти рекла да го дадеш кучето на некој што ќе може да му ги обезбеди тие потреби.
Да си пукнеш од мака.