L
Lu
Гостин
Затоа што познавам многу луѓе кои се имаат „изгорено“ токму од ваквите пре-продавачи.А зошто не? Не дека во скоро време сакам да купам куче, чисто онака ме интересира.
Имам информации дека пре-продавачите ги зимаат кучињата од фарми за кучиња од Србија, тоа се буквално фарми за кучиња, луѓе чуваат и по 10 - 15 видови на раси и ги размножуваат се со цел за поголем профит.
И нашиве пре-продавачи најчесто ги зимаат кучињата од Србија за ситни пари, и после тука ги пре-продаваат и најчесто им начукуваат цена од по 300 до 600 евра и буквално си прават бизнис со кучињата.
А да не спомнувам и за тоа дека многу од кучињата што ги носат од Србија се без педигре и не се води никаква евиденција за парењето и често се случува да се спарат во роднинска врска и потоа кученцата да бидат глуви, слепи и со слични болести предизвикани од истокрвното парење.
Најдобро е секој човек пред да земе кученце да се определи за некоја раса што најмногу би му одроварала и потоа да се распраша каде има добри одгледувачници за та раса за која што се определил.
Значи пази ова, има огромна разлика помеѓу одгледувачница и фарма за кучиња како што има во Србија.