Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво. Покрај сите компликации околу кученцето (златен ретривер) сепак решив да го задржам.
Е сега би сакал да ми помогнете за неколку прашања.
Кученцето има 9,1/2 недели. Бидејќи немам можност да го чувам дома мора да престојува надвор ... но тоа и не е некој проблем, барем имам читано така.
Е сега кога ќе го земам кученцето на шетање и ќе го вратам и врзам (уште некој ден ќе биде врзано додека не оградам простор за чување) почнува да лае.
Од ден на ден тоа лаење е се со помал интензитет, но сепак е присутно.
Исто така лае и кога ќе види некој член од моето семејство.
Претпоставувам дека тоа е нормална процедура и лае бидејќи е оставено само ... но некој совет како да пристапам ?
 
Јас сакам да им ја препорачам на сите сопственици на кучиња, оние што се во план да земат куче, па дури и оние што немаат куче но сакаат да научат нешто повеќе за нив, книгата Dogs All-in-One For Dummies. Во неа има буквално се` за кучињата, тренинг, однесување, исхрана, баш се`. Јас иако сум израснат со кучиња научив еден тон работи кога ја прочитав и мислам дека секој сопственик на куче треба да ја прочита, особено оние што за прв пат се соочуваат со чување на куче.
 
Здраво. Покрај сите компликации околу кученцето (златен ретривер) сепак решив да го задржам.
Е сега би сакал да ми помогнете за неколку прашања.
Кученцето има 9,1/2 недели. Бидејќи немам можност да го чувам дома мора да престојува надвор ... но тоа и не е некој проблем, барем имам читано така.
Е сега кога ќе го земам кученцето на шетање и ќе го вратам и врзам (уште некој ден ќе биде врзано додека не оградам простор за чување) почнува да лае.
Од ден на ден тоа лаење е се со помал интензитет, но сепак е присутно.
Исто така лае и кога ќе види некој член од моето семејство.
Претпоставувам дека тоа е нормална процедура и лае бидејќи е оставено само ... но некој совет како да пристапам ?

Ќе престане, највеќе за пола месец ( би требало) а тоа лаењето, и тоа ќе помине, ќе се навикне, нова околина е ... :D
 
Резервирав за нова година да земам мало сибирско хаски, ај ако може да ми кажете некој совет, исхрана за неговата возраст бидејќи е месец и пол, дали е во ред да го чувам надвор (пошто неможам внатре, дома) итн ...
 
^ Можеш надвор, ама не и летно време :)
И мојот е поларен, имам Карелија, надвор седи преку цела година, ама летно време гледам што повеќе да е внатре :)
Исхрана, најдобро е да почнеш стандард, со брикети јуниор.
Пробај порано да го привикнеш на шетање, на поводникот :)
 
Планирам да земам Пит/Дого аргентино микс, колку што разбрав додека зборев со газдата немало здравствена книшка едно друго.

Тоа значи дека треба да го однесам на ветеринар да му се извади?
Како иде то и колку пари е ? дали знае некој , нека одговори молам ! позз

И што се друго треба да сторам на почеток ако го земам ???
 
Јас ти препорачувам да не земаш мешано куче од Пит и Дого аргентино.
Еве од кои причини ти препорачувам да НЕ го земаш мешаното куче.

Како прво човекот од кај што ќе го земеш кученцето е неодговорен бидејќи дозволил да се спарат Пит и Дого аргентино, ако бил одговорен и ако си го пазел кучето немал да дозволи да се спарат Питот и Догото.

Како второ уште една потврда дека човекот е неодговорен е тоа што го нема вакцинирано кученцето.
Тоа здравствената книшка е бесплатна и кучето кога се носи првпат на ветеринар за вакцина, ветеринарот бесплатно ви дава ветеринарна книшка во која што се води евиденција за примените вакцини.

Така што човекот од каде што треба да го земеш тоа кученцето го нема вакцинирано, бидејќи како што и самиот ти кажал кучето нема ветеринарна книшка, (а доколку ти кажал дека е вакцинирано тогаш те лаже бидејќи ако е вакцинирано ќе има и ветеринарна книшка).

А во случај да го земеш кученцето, имам пишано неколку страни поназад во темава како треба да го храниш и како да се грижиш за кученцето.

Резервирав за нова година да земам мало сибирско хаски, ај ако може да ми кажете некој совет, исхрана за неговата возраст бидејќи е месец и пол, дали е во ред да го чувам надвор (пошто неможам внатре, дома) итн ...

Добро јас стварно незнам што е толку тешко да се прочитаат неколку страници поназат ?
На темава имам пишувано и за исхрана и за грижа на мало кутре, сврти неколку страници наназат.

И не е во ред да го чуваш надвор бидејќи е месец и пол и е премногу мало и нема имунитет.
Ако неможеш да го чуваш дома тогаш поарно не го ни зимај бидејќи со неговата возраст од месец и пол дена, тешко дека ќе преживее на ладното време (освен ако не му направиш добро изолирана куќарка) а и плус со месец и пол ги нема ни примено потребните 3 вакцини за имунитет и може да фати болест и да умре.

Здраво. Покрај сите компликации околу кученцето (златен ретривер) сепак решив да го задржам.
Е сега би сакал да ми помогнете за неколку прашања.
Кученцето има 9,1/2 недели. Бидејќи немам можност да го чувам дома мора да престојува надвор ... но тоа и не е некој проблем, барем имам читано така.
Е сега кога ќе го земам кученцето на шетање и ќе го вратам и врзам (уште некој ден ќе биде врзано додека не оградам простор за чување) почнува да лае.
Од ден на ден тоа лаење е се со помал интензитет, но сепак е присутно.
Исто така лае и кога ќе види некој член од моето семејство.
Претпоставувам дека тоа е нормална процедура и лае бидејќи е оставено само ... но некој совет како да пристапам?

2 месечно Златно ретриверче го држиш врзано за ланец ???
БРАВО

Незнам што е тука чудно што кученцето лае ?
Лаењето е сосем нормална работа за мало кутре (поготово врзано за ланец).
Тебе како мал некој да те врзел за ланец да те чува, нема да плачеш ???
Епа исто е и со кученцето, 2 месечно е, сеуште е бебе и му треба внимание да му се посвети.
 
2 месечно Златно ретриверче го држиш врзано за ланец ???
БРАВО

Да значи едни луѓе земаа исто мало кученце на таа возраст и го држат врзано за квака од врата o_O
И јас се обидов да им кажам дека не треба така, ама едноставно ме зачуди како имаат комплетно други сфаќања за кучињата и за начинот на кои треба да се чуваат.
Ова им е прво куче во животот.
Ама не дека не го сакаат или сакаат да му наштетат, едноставно мислат дека тоа е исправно зашто немаат искуство.
Затоа и ја препорачав таа книгата погоре, само 15 мегабајти е, ако некој сака можам и да му дадам линк за симнување ако не може да ја најде.
 
Луѓе дајте ми некој совет како да ја шетам Лулу. Циркузи сме по улица. Секогаш се влече пред мене и од што се влече дури се дави со околувратникот. Се обидов со прекорување, секогаш кога ќе почне така да се однесува да застанам и да ја смирам. Но сето тоа трае 3 секунди, само еден чекор да дадам и летнува напред. Нема проблем со синџирчето навикната е на него, дури кога ќе го земам знае дека ќе се шетаме и седнува пред врата. Се мислев да и земам од појасите што се за околу грб и предните нозе, но ми кажаа дека не биле добри за куче, т.е дека не биле добри во воспитување на кучето.
Дали е можно вакво однесување бидејќи има многу енергија, значи успевам да ја шетам еднаш дневно, кога ќе си одам од работа. Но ако е решение шетањето, тогаш ќе ја шетам и накај 6.00 пред работа.
Ај ве молам ако имате време напишете што мислите. Благодарам
п.с. За книгата погоре, фала ти другар, кога ќе си одам од работа ќе почнам да ја читам
 
Кога ја шеташ,држи го поводникот/ланецот лабаво,значине го затегај,затегни го кога ќе е немирна,да ја корегираш,и никогаш,ама никогаш не и давај да иде пред тебе,коа ќе видиш дека оди пред тебе потегни ја малце наназад. :) :) ;)
 
Дечки, дали постои во Скопје daycare центар за кучиња. Лулу нема кој да ја чува за Нова година, а ми запнале за Бугарија да одиме. Па ако има некој центар каде можам да ја оставам на 2-3 дена, најнормално за пари, би сакала информација.
Thanks
 
Јас планирав да отворам хотел за кучиња во Волково имам куќа/викендица со огромен двор, али летото се зафатив со други работи и не го направив хотелот.
Али си чувам дома кај мене по 1 куче на луѓе што по неколку дена немаат кај да го остават кучето и јас им го причувувам дома кај мене.
Значи кучето ќе ти биде сместено во домашни услови, дома кај мене ќе го чувам, ако сакаш ќе се договориме по приватна порака.
 
Здраво на сите,
Утрово мојот пекинезер Бони беше нападнат од питбул и умре. Во Скопје живеам но сега незнам каде да го закопам/однесам. Не сакам да го фрлам во контејнер како да е ѓубре :(
Би го ценел советот на некој што имал слична ситуација и како се справил со истата.
Благодарам.
 
Здраво и добредојде.
Кучето најдобро е да го закопаш на Водно.
 
Сакам и Ротвајлери многу, нема тука сомнеж, но како што ви кажа Гаго, мене ми е за да го чувам од мерак, а не за да убивам непознати фаци кои би ми улетале во ранчот :)
Ма да и Шарпланинецот е чувар ... па ако има некој, нека каже...

Ако чуваш Ротвајлери тоа значи дека ќе убиваат непознати фаци?
Хммм ... истото може и Шарпланинецот да го прави ... а ако ти треба куче само за да ти лае, најбоље ти е да земеш загарче ;)

Јас чував Ротвајлер 2 години и не би ти го препорачал, тоа куче познава 2-3 души, се друго за него е чорба
А и Шарпланинците не се нешто поарни, ќе ти скапе во кафез (лом прават по двор како што се огромни, цвеќе ова она заборави ако немаш кафез).
Сите пузавци пораснати по 12-13 метра ми ги изгриза од корен во викендицата

Врска нема дека Ротвајлерот познава 2-3 души, јас имам Ротвајлер што ги познава сите и сите ја познаваат нејзе ... а и многу мои пријатели што имаат Ротвајлери го делат моето мислење.
Така да не би те поддржала баш во муабетов... и да ... прекрасни чувари се, а ако не сакаш да изеде некого едноставно нема да го научиш да јаде луѓе туку спротивно - ќе го социјализираш со што повеќе луѓе, и ќе си имаш прекрасно куче - ем чувар ем миленик ;)

Здраво на сите,
Утрово мојот пекинезер Бони беше нападнат од питбул и умре. Во Скопје живеам но сега незнам каде да го закопам/однесам. Не сакам да го фрлам во контејнер како да е ѓубре :(
Би го ценел советот на некој што имал слична ситуација и како се справил со истата.
Благодарам.

Како тоа ви го нападнал пит бул?
Кое куче беше без ланец на себе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom