Кој донесе одлука дека го бива?
Ако ја разбираш идејата и концептот, веројатно разбираш дека тоа што го прави не е стенд-ап комедија. А како такво го рекламира.
Тој е „добар“ затоа што нема други, се е очај. К-15 e единствена светла точка во државава во поглед на хумор. Нема за кој ни да се зборува нити пак да се спореди...
Види, за волја на вистината, дечкото беше некакво освежување на македонската сцена, но мислам дека повеќе му се посреќи да погоди во нерв, бидејќи луѓево кај нас се склони кон ругање и оттаму и привремениот успех на дечкото.
Иначе, не знам колку си го приметил, поприлично е нервозно и напнато типче, шо понекад изгледа како да не може да се исконтролира во некои точки.
Како и да е, далеку, далеку, далеку е од оддржлив. Барем со досега прикажаното. Има потенцијал, има и образование, а мислам дека би било супер да го гледаме со нови финти.
Употребувањето на 2,3 на дијалект кажани, не толку раширени и не толку познати локални термини и синоними, нема да направат публиката да плаче од смеа секој пат кога ќе има ново клипче/настап. Изронатата, чичко Милован, тетка оваа, тетка онаа итн. Се тоа е со краток рок на траење.