Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Значи освен 10-те заповеди ништо друго не прифаќате од стариот завет, така? Да се избрише?
 
T

Tetro

Гостин
Во однос на Стариот Завет, 10-те Божји заповеди си остануваат Заповеди, со тоа што Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, ги издигна Заповедите на духовно ниво, внесувајќи ја љубовта кон Бога и кон ближните како надградба на Заповедите. Воедно, Заповедите Божји во Новиот Завет, се однесуваат на вкупното човеково битие: на духот/умот, на душата и на телото/делата, за разлика од Стариот Завет, кој беше воспитувач пред се‘ на човечкото телесно однесување.
Контрадикторности по истото прашање:

Во Стариот Завет има: "Око за око, заб за заб".
А Новиот Завет? - Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот.

Стариот Завет учи: "Сакај ги своите ближни, а мрази ги своите непријатели".
А Новиот Завет? - Покажувајте љубов и спрема своите непријатели и молете се за доброто на оние што ве прогонуваат

Мики. Ако некој ти врзе шамар, дали ќе му го свртиш другиот образ?
Ако некој ти врзе врвци, дали ти ќе му ги врзеш нему?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мики вика пу-пу-не-важи. Читаш 10 заповеди и одма се префрлаш на новиот завет. Тоа казни, каменување, убивање... се шалел Јахве.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155

Стариот Завет вели и

Излез 23- 4 Ако сретнеш вол на непријателот, или осел заскитен, одведи го кај него.
5 Ако видиш дека на непријателот твој му паднал оселот под товарот негов, немој да го одминуваш, но да му помогнеш да се крене со него.

Левит 19-18 Да не се одмаздува раката твоја и не биди им непријател на синовите од народот твој, туку сакај го ближниот свој како самиот себе. Јас сум Господ, вашиот Бог.

Изреки 25-21 Ако непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода;
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи освен 10-те заповеди ништо друго не прифаќате од стариот завет, така? Да се избрише?
Освен 10-те новозаветни Божји Заповеди, нема што друго да се прифаќа од Стариот Завет,. оти Христос го воведе Новиот. Држењето до одредбите од Стариот Завет би значело ем прифаќање на јудаизмот ем негирање не се‘ што Христос стори за нас, особено Неговата крсна жртва.

Стариот Завет не се брише, тој е дел од Светото Писмо како целина. Отпаѓаат само неговите одредби, а Заповедите се издигнати на духовно ниво, заедно со блаженставата Христови.
--- надополнето: 27 декември 2011 во 08:56 ---
Мики вика пу-пу-не-важи. Читаш 10 заповеди и одма се префрлаш на новиот завет. Тоа казни, каменување, убивање... се шалел Јахве.
Ајде да видиме што точно напишав, а што намерно го прескокаш, цитирам:

„...Зависи што подразбираш под „..закон и морални вредности...„„

А напишав и, цитирам:

„...за разлика од Стариот Завет, кој беше воспитувач пред се‘ на човечкото телесно однесување....„.
--- надополнето: 27 декември 2011 во 09:05 ---
Контрадикторности по истото прашање:

Во Стариот Завет има: "Око за око, заб за заб".
А Новиот Завет? - Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот.

Стариот Завет учи: "Сакај ги своите ближни, а мрази ги своите непријатели".
А Новиот Завет? - Покажувајте љубов и спрема своите непријатели и молете се за доброто на оние што ве прогонуваат

Мики. Ако некој ти врзе шамар, дали ќе му го свртиш другиот образ?
Ако некој ти врзе врвци, дали ти ќе му ги врзеш нему?
flamethrower,

не мешај ги Божјите Заповеди со моралните старозаветни одредби. Веќе реков: Стариот Завет беше воспитувач пред се‘ на телесното однесување човеково, а во Новиов Завет, однесувањето кај луѓето треба да произлезе не како наметната/пропишана морална одредба, туку како лична добронамерна мисла, која ќе преточи во добро дело.

Ако некој ми удри шлаканица, тоа може да се случи ради моја грешка, и таквата шлаканица би била заслужена. Ако добијам шлаканица а без моја вина, ќе возвратам не со вртење на другиот образ, туку со мавање со тупаница...:icon_lol:

Ако некој ми врзе врци (не битно што мислиш по тоа...), треба да постои добра причина за такво нешто.
 
ок :cool:

Врвци, на чевлите. :icon_lol:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Освен 10-те новозаветни Божји Заповеди, нема што друго да се прифаќа од Стариот Завет,. оти Христос го воведе Новиот. Држењето до одредбите од Стариот Завет би значело ем прифаќање на јудаизмот ем негирање не се‘ што Христос стори за нас, особено Неговата крсна жртва.
Стариот Завет не се брише, тој е дел од Светото Писмо како целина. Отпаѓаат само неговите одредби, а Заповедите се издигнати на духовно ниво, заедно со блаженставата Христови.
Значи така е како што кажав. Ги прифаќате 10-те заповеди, другото не важи. Чисто да си знам за друг пат.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи така е како што кажав. Ги прифаќате 10-те заповеди, другото не важи. Чисто да си знам за друг пат.
Не ги поедниставувај работите „до даска„, оти така сам на себе ќе си дадеш допуштање да толкуваш како ќе Ти текне.

На пример, Црквата, во службите се‘уште ги користи Псалмите, кои не се „неважни„, туку токму спротивното. Или на пример, Петокнижието Мојсеево, се‘уште е „важечко„, оти се однесува на се‘ што е од Бога створено, а не само на старозаветните патријарси народи или посебно само за јудеите. Но, законот Мојсеев, јудаизмот како вера, јудаизмот како свештенство, веќе се надминати, напуштени и заменети со Новиот Завет и со Црквата од нашиот Господ Исус Христос.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Јас само те цитирам како што кажуваш. Значи сепак според тебе има делови од светото писмо кои се напуштени, така?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Начелно-да, има многу нешта од Стариот Завет, кои се напуштени, но Стариот Завет си останува како нераздвоив дел од целината, која ја знаеме како Свето Писмо, каде Стариот е претходница за Новиот Завет.
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Начелно-да, има многу нешта од Стариот Завет, кои се напуштени, но Стариот Завет си останува како нераздвоив дел од целината, која ја знаеме како Свето Писмо, каде Стариот е претходница за Новиот Завет.
Зборот „напуштен“ е многу непрецизен.
Да разјасниме: дали тие „напуштени“ нешта/делови/одредби од Стариот Завет:
1. се дозволени за христијаните - ако некој сака, може да се придржува до нив;
или
2. не се дозволени за христијаните?

Дали некаде има конечен список (одобрен од Црквата) на тие дозволени и недозволени („напуштени“) нешта од Стариот Завет, или тие се толкуваат од случај до случај, кога ќе се укаже потреба?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зборот „напуштен“ е многу непрецизен.
Да разјасниме: дали тие „напуштени“ нешта/делови/одредби од Стариот Завет:
1. се дозволени за христијаните - ако некој сака, може да се придржува до нив;
или
2. не се дозволени за христијаните?
„Напуштените„ нешта се недозволиви за христијаните, оти како веќе реков, да не се напуштени, денес, ние кои Го исповедаме Христа за свој Бог и Спасител, би наликувале на старозаветни јудеим а не на новозаветни рисјани.

Таков (негативен) случај на држење до старозаветните одредби, даваат одредени заеднии, кои се‘уште за слават саботата и со тоа, поблиски се до јудеите отколку до рисјанската вера, иако тврдат дека се рисјани.
 
M

Muranyi

Гостин
Освен 10-те новозаветни Божји Заповеди, нема што друго да се прифаќа од Стариот Завет,. оти Христос го воведе Новиот. Држењето до одредбите од Стариот Завет би значело ем прифаќање на јудаизмот ем негирање не се‘ што Христос стори за нас, особено Неговата крсна жртва.

Стариот Завет не се брише, тој е дел од Светото Писмо како целина. Отпаѓаат само неговите одредби, а Заповедите се издигнати на духовно ниво, заедно со блаженставата Христови.
--- надополнето: 27 декември 2011 во 08:56 ---

Ајде да видиме што точно напишав, а што намерно го прескокаш, цитирам:

„...Зависи што подразбираш под „..закон и морални вредности...„„

А напишав и, цитирам:

„...за разлика од Стариот Завет, кој беше воспитувач пред се‘ на човечкото телесно однесување....„.
--- надополнето: 27 декември 2011 во 09:05 ---

flamethrower,

не мешај ги Божјите Заповеди со моралните старозаветни одредби. Веќе реков: Стариот Завет беше воспитувач пред се‘ на телесното однесување човеково, а во Новиов Завет, однесувањето кај луѓето треба да произлезе не како наметната/пропишана морална одредба, туку како лична добронамерна мисла, која ќе преточи во добро дело.

Ако некој ми удри шлаканица, тоа може да се случи ради моја грешка, и таквата шлаканица би била заслужена. Ако добијам шлаканица а без моја вина, ќе возвратам не со вртење на другиот образ, туку со мавање со тупаница...:icon_lol:

Ако некој ми врзе врци (не битно што мислиш по тоа...), треба да постои добра причина за такво нешто.
Мики искрено ме интересира твоето мислење во однос на тоа дали ти сметаш дека едно совршено битие ќе даде еден закон,па во меѓувреме ќе се предомисли па пу-пу не важи ќе направи?И од каде можеме да прочитаме дека само 10 Божји заповеди останале на сила а се друго е укинато?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
„Напуштените„ нешта се недозволиви за христијаните, оти како веќе реков, да не се напуштени, денес, ние кои Го исповедаме Христа за свој Бог и Спасител, би наликувале на старозаветни јудеим а не на новозаветни рисјани.

Таков (негативен) случај на држење до старозаветните одредби, даваат одредени заеднии, кои се‘уште за слават саботата и со тоа, поблики се до јудеите отколку до рисјанската вера, иако тврдат дека се рисјани.
Miki, во последно време нешто слабо Серафим го цитираш...

:cautious:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали некаде има конечен список (одобрен од Црквата) на тие дозволени и недозволени („напуштени“) нешта од Стариот Завет, или тие се толкуваат од случај до случај, кога ќе се укаже потреба?
Изработување „..конечен список...„ ми звучи како чисто академско-нормативен обид за „сепарирање„ од Стариот Завет по секоја цена. Веќе реков дека делови од Стариот Завет се‘уште се користат во Црквата и практично, додека Црквата постои, ќе постојат и тие старозаветни „неотфрлени„ делови, но она кое е најбитно, а да е и новозаветно, тоа се: учењето кое ни‘ го остави Христос Богочовекот и учењето и одредбите кои ги донесе Црквата Христова, во минативе 2 000 г. а кои (одредби) се однесуваат на начинот на живеење, кој значи напуштање на Стариот и живеење според Новиот Завет. Тука се на пример: блаженстава Христови, одредбите од вселенските Собори, Светите Тајни и сл.
--- надополнето: 27 декември 2011 во 16:57 ---
Miki, во последно време нешто слабо Серафим го цитираш...

:cautious:
Абадон,

блажениот Серафим (Роуз) е од мене најчитан и препрочитуван Учител од нашево време, така да знам на што целиш...Не, не сум се откажал од Серафим. Критиките кон него ги упатија световни луѓе, во однос на кои Серафим е свет човек.

Тековно, ја препрочитувам неговата книга „Православниот поглед на еволуцијата„.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom