Бев со едно другарче пред дворното место на патот,
и гледам вселенско летало нло, леташе отпрвен мислевме
дека е наше ама после леталото почна да се движи
невообичаено и свативме дека е нло.
И после леталото падна се сруши во фудбалското
игралиште 100 метри е далеку од куќата.
И појдовме да го видиме со другарчето идругарчето ми
рече не гази по тревата има киселина од нлото, ама
не беше опасно барем така мислев, и лицето
на другарчето како да почна да свети од убавина чудно
но и убаво беше. И си реков во себе се е убаво како
некогаш. И си заминавме.
(Ова е и општа симболика. Не е конкретно толкување на твојот сон
)
Вселенски летала, НЛО, вонземјани... :
- Креативност на нашиот ум. Духовно патување на себеспознанието и личниот развој;
- (Предупредување!) Потреба за промена на перспективата во реалниот живот. ;
- Отфрленост од луѓето околу нас;
- Желба да се пронајдат духовни мети во нашите животи...
Киселина:
- Лутина, незадоволства, кавги со останатите;
- Заговор, предавство против нас...
Фудбалско игралиште:
- Натпревар и (себе)докажување. Можно е да постои, исто така, недостаток на соработка во некоја област на делувањето;
- Решеност да успееме во постигнување на нашите цели (во твојот случај, духовните). Поребна е поголема активност и страст за нивно остварување.
Трева:
- Љубов. Примање љубов.
Таа е симбол на животот, емоциите... исто како и водата.
- Да се биде во контакт со неа: ревитализација, санација, знаење, мудрост... Ефектот е зголемен доколку се чувствува нејзиниот мирис, и доколку тој контакт е воспоставен преку лежење.
(Опиши ми го
Другарот преку ПП, доколку сакаш. Таму ќе ти објаснам се до детаљ.)
--- надополнето: 26 декември 2011 во 17:01 ---
Нема потреба да го спомнуваш Господ со соновите. Се согласувам дека е потребно посериозно толкување на твојот сон. Веројатно е потребно да се согледаат повеќе аспекти од твојот живот и твоите искуства, Сонот е одраз на твојата свест и подсвест.
Обиди се сам да ги согледаш актуелните теми што те преокупираат. Можеби сам најдобро ќе оцениш за што се работи. За жал, јас не можам со ништо да ти помогнам, бидејќи сум лаик. Од соновите не можеш да очекуваш некое предсказание или пророштво, тие се само одраз на твојот внатрешен духовен живот.
Се разбира дека некои од нив укажуваат на предвидувања и пророштва.
Тие се одраз на внатрешниот духовен живот, кој во најголем дел не го следиме ни со најмал процент на будност. Не ги следиме сите негови патувања, прошетки низ мултидимензионалноста на времето и просторот, контактите со други медиумски извори... затоа што истите се многу кратки, т.е. премногу брзи, за истите да ги “улови“ нашата свест.