Хмммм, еве уште еден кој смета дека штотуку го открил Светото Писмо...
Види вака, ако немаш веќе аргументи да опонираш во некоја тема, не е културно да игнорираш нечии прашања или тврдења. Или одговори како што треба, или молчи и трај си. Знам дека Црквата веќе дала слаб и нелогичен „одговор“ за ова, но тоа не значи дека не смее да се дискутира за овие и некои други прашања кои се незгодни за Црквата.
Еве уште еднаш:
Евреи 8-13:
13 А кога вели „Нов”, со тоа
го прогласил првиот за застарен. А што старее и оветвува
не е далеку од исчезнувањето.
Прогласување некој закон (заповед) за застарен не значи дека тој е вон сила. Ако не веруваш, наклевети во весник некоја од оние политички/бизнис ѕверки, па ќе видиш како ќе ти стегнат казна од некои 35.000 евра (вистинит пример!). А целото наше општество, вклучувајќи ја и власта, едногласно прогласија дека клеветата во кривичниот законик е застарен остаток од некои други времиња и дека тоа треба да се промени (и покренаа постапка за тоа). Ама додека не се укине, стариот
застарен закон си останува на сила.
Но и без вакви практични примери, јасно е дека зборот „застарен“ нема исто значење со зборовите „укинат“, „поништен“, „не важи“... Ако не веруваш, отвори некој речник, пишува се таму.
Во врска со она „
не е далеку од исчезнувањето“, еве ти еден пример:
Се спушта Сонцето на запад, а вампирите од некој подрум полека се подготвуваат да излезат на вечера
. Еден млад вампир запнал веднаш да излезе, затоа што Сонцето „
не е далеку од исчезнувањето“. Постарите и поискусни вампири се обидуваат да го разубедат: „Абе тоа не е исто со комплетно исчезнување“, ама младост-лудост, младиот вампир истрчува надвор на Сонцето
кое не е далеку од исчезнувањето, и ЏИИШШШШ....
Што би рекле во онаа реклама за сокови: „Није свеједно!“.