Бермудски триаголник

El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
посмешно објаснување немам чуено.
Ова објаснување е смешно, а тоа дека во него има чудовишта или временска дупка или вонземјани е реално а?

--- надополнето ---

Се согласувам со тебе.. едно само не ми е јасно .. како може да постојат само бродовите без тела или коски остатоци од човечко тело , каде се тие остатоци или метанот ги соџвакал .. може теориски до некаде им е издржано што направиле хемиска анализа на составот , но физичките факти друго говорат . Јас немам никаде прочитано дека биле пронајдени тела од морнарите или давениците во тој предел , така да мистеријата продолжува , кога ке се разреши и тоа прашање и зошто само бродовите останале додека телата ичезнале , тогаш мислам дека до некаде ке го најдат одговорот што им треба.:salut:
не ги соџвакал метанот туку било која риба шо плива низ тие води.... која е мистеријата во то?
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ххахаха замисли некој кибрит да запали таму бумммммммммм.
Отиде цела планета јок.

--- надополнето ---

 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Во секој случај ова објаснување е пореално споредено со тоа дека чудовишта, огромни риби или марсовци се причина за мистериозните случувања.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
посмешно објаснување немам чуено.
А кое е твотето објаснување?
Дека ѓаволот или вонземјаните делуваат таму? :pos2:
Кажи кое е твоето мислење на таа веќе сега решена мистерија?

Или пак ти е криво што најдоа објаснување?

--- надополнето ---

Во секој случај ова објаснување е пореално споредено со тоа дека чудовишта, огромни риби или марсовци се причина за мистериозните случувања.
И тоа доста реално, многу објаснува за бројните авионски несреќи бидејќи метанот не е "баш" компатибилен за авионските мотори.
Ова и многу добро го објаснува исчезнувањето на 4 Американски воени авиони кои исчезнале по завршувањето на Втората Светска војна.
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Се согласувам со тебе.. едно само не ми е јасно .. како може да постојат само бродовите без тела или коски остатоци од човечко тело , каде се тие остатоци или метанот ги соџвакал .. може теориски до некаде им е издржано што направиле хемиска анализа на составот , но физичките факти друго говорат . Јас немам никаде прочитано дека биле пронајдени тела од морнарите или давениците во тој предел , така да мистеријата продолжува , кога ке се разреши и тоа прашање и зошто само бродовите останале додека телата ичезнале , тогаш мислам дека до некаде ке го најдат одговорот што им треба.:salut:
Ваљда не очекуваш мртви органски материи да седат таму со години... :)
 
Член од
10 август 2010
Мислења
6
Поени од реакции
2
Како прво, не ми се свиѓа насловот на веста дека е „решена“ мистеријата за Бермудскиот триаголник. Само е поставена нова теорија. А и таа теорија не ми изгледа некако баш логична. За да се преврти брод, потребно е да на површината да излезе огромен меур, а таков меур е тешко да опстои, зашто патувајќи нагоре би се поделил на помали. Друго, авионите летаат на голема височина, така што метанот од површината додека да стигне до висината на која летаат авионите би се разредил во атмосферата до мали концентрации, безопасни за моторите на авионите. И трета работа, зошто сателитите што ја орбитират земјата и кои земаат податоци за составот на атмосферата на разни делови од земјата не покажува зголемена концентрација на метан над бермудскиот триаголник? http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/b6/AtmosphericMethane.png
 

bonbon4e

100% крејзи :P
Член од
4 септември 2010
Мислења
226
Поени од реакции
17
Me fascinira ova chudo i nikako da si najdam objasnuvanje za nego :S
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник?
Според резултатите од истражувањето на двајца австралиски научници, главниот виновник за мистериозното исчезнување на бродови и авиони во познатиот Бермудски триаголник, е гасот метан.
Професорот Џозеф Монагхан и студентот Дејвид Меј од Универзитетот Монаш во Австралија, врз основа на океанографските истражувања, откриле дека на морското дно во подрачјето меѓу брегот на Порто Рико, југоисточното крајбрежје на Мајами и Бермудите, кои го сочинуваат замислениот таинствен триаголник, постојат значителни количини метан-хидрат и бројни траги на ерупции.

Во спорното тло се случуваат ерупции на метан, кои по тектонските поместувања излегува низ пукнатините на морското дно и во големи меури кои се шират патува кон морската површина.

Монагхан и Меј тврдат дека таквите огромни меури, во моментот кога ќе излезат на површината, можат да превртат и големи бродови, а истиот гас, кога ќе влезе во моторите на авионите, кои в тој момент летаат над меурот, може да предизвика тешки оштетувања на моторот и уривање на леталото.

Во текот на 60-те години на минатито век, морскиот истражувач Иван Сандерсон ги прецизира сите места во светот на кои се забележани мистериозни исчезнувања на бродови и авиони.

Освен во Бермудскиот триаголник, слични необјасниви исчезнувања се случиле во некои делови на Јапонското Море и Северното Море, меѓу континентална Европа и Велика Британија.

На сите тие места се спроведени океанографски истражувања на морското дно, кои го потврдиле постоењето на големи количини метан-хидрат и траги на ерупција, кои ги потврдиле тезите на Монагхан и Меј.
Според мене,а и според научнициве-Myth Busted
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Старо... старо, пишано и дискутирано :D

edit: Te линкал Металхамер до изворната вест, сеедно, нека ти стои постот да не влета и некој друг со свеж апдејт :smir:
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Како се вика филмот во кој што се спомнува Бермудски триаголник?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom