Религија не се проповеда. Религијата се воспоставува, најчесто политички.
Се проповеда вера, идеологија, филозофија, убедувања, гледишта и сл. Атеизмот е вера, идеологија втемелена на материјализмот и натурализмот. Атеизмот е вера и има свои проповедници кои го проповедаат поревносно дури и од многу христијански, исламски или њу ејџ проповедници.
Постојат и атеистички автори, атеистички книги.
Атеизмот нема благе везе со науката. Науката не е ниту теистичка, ниту атеистичка. Научниот метод не се базира ниту на теистички, ниту на атеистички равенки, епрувети, инструменти и сл.
Тоа што атеистите си ја „присвојуваат“ науката како своја, тоа нема врска со реалноста. Таквите луѓе забораваат дека мнозинството основоположници на науките биле теисти (христијани, муслимани и сл.)