Не се слагам со тебе дека негирањето на божества, го прави тоа тврдење религија! Тоа е исто како да кажеш дека глувоста спаѓа во музикалност....едноставно е апсурдно.
Инаку што се однесува до мене, спаѓам во првите, (посебно потцрттаниот болд) но не верувам во антропоморфни богови, кој се мешаат во меѓучовечките односи, и ја хранат нивната суета преку покорувањето на луѓето и наметнувањето на нивната воља на нив.
И според тебе што сум?
Ова што ти го тврдиш е дефиниција за иницирање во тајни, кој не треба да бидат достапни за сите......
Но! Христијанството е религија која вели дека е за сите....што значи дека добивме уште една контрадикција.
Еве кажи ми ти мене, како да го свати еден обичен верник кажаното од Исаија? И ако не било наменето за сите, зошто го има во библијата за да можат сите да го читаат?
Дали сакаш да кажеш дека постојат две школи на христијанството и дека мнозинството ја знае погрешната верзија?