Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас пропагирам дека Совршениот БОГ е Совршена Светлина во која нема темнина, додека ти пропагираш дека темнината во овој свет потекнува од Него.

Тоа е таа пројекција на сопствената сенка, којашто “мудреците“ од овој свет ја пројицираат на Совршениот БОГ !

Сваќаш? :)
Како може темнината да не е од него, кога тој е творец на се видливо и невидливо нели?

Исаија 45:7
Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам сè тоа.’ ;)
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Како може темнината да не е од него, кога тој е творец на се видливо и невидливо нели?

Исаија 45:7
Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам сè тоа.’ ;)
“Прекрасен“ бог кој ја создава беда и темнина.(n)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Како може темнината да не е од него, кога тој е творец на се видливо и невидливо нели?

Исаија 45:7
Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам сè тоа.’ ;)
Не бе не е таков тој.
Исаија многу пиел.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Јас пропагирам дека Совршениот БОГ е Совршена Светлина во која нема темнина, додека ти пропагираш дека темнината во овој свет потекнува од Него.

Тоа е таа пројекција на сопствената сенка, којашто “мудреците“ од овој свет ја пројицираат на Совршениот БОГ !

Сваќаш? :)
Кај си бе Спирос!!!!
....те немаше две години, ти купија нов компјутер и пак си почна по старо.....за совршениот ислам....:D:LOL:
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Како може темнината да не е од него, кога тој е творец на се видливо и невидливо нели?

Исаија 45:7
Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам сè тоа.’ ;)
Убаво се изјасни човекот: Он така пропагира...

Јас се мислам веќе со години да пропaгирам за летечкиот чајник... никако да се одлучам...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
“Прекрасен“ бог кој ја создава беда и темнина.(n)
Абе види, да немаше страшни судови, пеколи и рајови у приказнава, лесно ќе се оправдаше темнината, бедата и злото - тие биле создадени, за да ги сватиме, осознаеме и цениме спротивните - позитивни вредности. Ама вака, ем он ги создава, ем он самиот ги прогласува за зли, непотребни, грешни....и што уште не, и плус суди, казнува и наградува?! За нешто што самиот тој го создал и предодредил да биде така?
Каша попара.....
Не бе не е таков тој.
Исаија многу пиел.
Се си бива....:)
Убаво се изјасни човекот: Он така пропагира...

Јас се мислам веќе со години да пропaгирам за летечкиот чајник... никако да се одлучам...
Абе он пропагира, ама он и цитира библиски стихови.....а еден библиски стих од Исаија го демантира у корен во врска со кажаното.:)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Се сеќаваш (?) првиот свет со вода (тиаголник надолу), а вториот со оган (триаголник нагоре)!

А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца

(2 Петар .1:19)

Крајно време е за вистинско будење!
Е да...таа...ѕвездата Деница, носителот на светлината...:)

Откровение 22-16
Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!”

Flammas eius lucifer matutinus inveniat:
ille, inquam, lucifer, qui nescit occasum,
Christus Filius tuus qui,
regressus ab inferis,
humano generi serenus illuxit,
et vivit et regnat in saecula saeculorum.

Neka jutarnja zvijezda što nikada ne zalazi
pronađe taj plam što vječno gori.
To je Krist jutarnja zvijezda,
koji povratiše se iz mrtvih,
i baca svjetlost mira nad svo ljudstvo, tvoj sin,
koji živi i vlada u vijeke vijekova.

:)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Како може темнината да не е од него, кога тој е творец на се видливо и невидливо нели?

Исаија 45:7
Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам сè тоа.’ ;)
Постирај го во целос посочениот цитат бидејќи е упатен до помазаникот.
Секој збор не е за сечии уши.

Еве го цитатот

1 „Господ зборува вака за Кир, за Својот помазаник: ‘Го примив за десница, за да ги покорам пред него народите и да им го распашам бедрото на царевите, за да ги отворам вратите пред него, па ниедна врата да не му биде затворена.
2 Јас ќе одам пред Тебе за да ги израмнам високите места, за да ги разбијам бронзените врати, за да ги скршам железните лостови.
3 Ти давам тајни сокровишта и скриени богатства, за да сознаеш дека Јас Сум Господ, Кој те повикувам по име, Израелевиот Бог.
4 Заради Својот слуга Јаков и Израел, Својот избраник, Јас те повикав по име, те именував иако не Ме знаеше.
5 Јас Сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене. Иако не Ме познаваш, те вооружав:
6 нека се знае од исток до запад дека сè вон Мене е ништавило. Јас Сум Господ и нема друг;
7 Јас ја творам светлината и ја создавам темнината. Јас ја создавам среќата и ја доведувам бедата, Јас, Господ, го правам сè тоа.’
8 Росете, небеса, одозгора, и облаци, дождете со праведност. Нека се раствори земјата за да процвета спасението, за да изникне избавувањето! Јас, Господ, создавам сè.
9 Тешко му на оној кој се расправа со својот Творец, а е сад меѓу глинени садови? Дали му вели глината на грнчарот: ‘Што правиш?’ или неговото дело: ‘Нема раце!’
10 Тешко му на оној кој ќе му рече на таткото: ‘Зошто раѓаш?’ Или на жената: ‘Што си дала на свет?’”
11 Вака зборува Господ, Израелевиот Светец, неговиот Творец: „Зар е ваше да Ме прашувате за Моите деца, и да Ми заповедате за делото на Моите раце?
 
И што е тоа што е изоставено според тебе? Без разлика кому е упатено, јасно си кажува дека се потекнува од него. И светлината и темнината, и среќата и бедата....значи СЕ!
Ако мислиш на стиховите 9,10 и 11 би биле валидни, кога јас и ти и сите останати би барале да бидеме создадени. Но со оглед на тоа што никој од нас небарал да биде создаден, има право и да се противи ако некој го третира како обично грне или предмет, создадено само за да служи некому.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
На кој начин "догмите" кој немаат врска со теологијата, прават некого "верник" во теолошка смисла на зборот?
Како што споменав и предходно, и национализмот е догма, дали и националистите се верници само поради нивната "националистичка догма"?
Тврдењето дека не постоеле богови и божества по автоматизам го прави да биде религија. Во основа на атеизмот е уствари тврдењето дека се е настанато од материјата и нема ништо повеќе од тоа. Самото тврдење
го прави да биде религија. Основна догма како што спомнав во предходниот пост е upward causation. Не е религија само
припадноста кон одредена група која верува во богови.
Земи ја Зен традицијата и се ќе ти биде јасно.
Во основа има две разлики меѓу теизмот и атеизмот.
Едните тврдат дека има "сила" која го создала универзумот
и ние сме дел од таа "сила", што значи дека сме постоеле
и пред постоењето на универзумов. Другите тврдат дека свеста(ние) сме производ на материјата(мозокот).
Ти во кои спаѓаш?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
И што е тоа што е изоставено според тебе? Без разлика кому е упатено, јасно си кажува дека се потекнува од него. И светлината и темнината, и среќата и бедата....значи СЕ!
Ако мислиш на стиховите 9,10 и 11 би биле валидни, кога јас и ти и сите останати би барале да бидеме создадени. Но со оглед на тоа што никој од нас небарал да биде создаден, има право и да се противи ако некој го третира како обично грне или предмет, создадено само за да служи некому.
Едно е темнината и светлината,доброто и лошото,среќата и бедата според тебе, поточно според луѓето,а нешто сосема друго за помазаникот.
Едното со другото нема никаква врска.

Затоа и Исус едно зборувал со надворешните ,а друго со апостолите.Бидејќи не може секој да проникне во зборот.
Ако отворено им се зборувало на сите немаше да биде религија-верување.
Затоа се вели дека не е секој збор за сечии уши.
Погледни се самиот какви зкључоци даваш воден од мислата за тоа што е добро,а што лошо.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Во основа на атеизмот е уствари тврдењето дека се е настанато од материјата и нема ништо повеќе од тоа. Самото тврдење
го прави да биде религија.
Јас на пример не верувам во постоењето на Бог, што ме прави атеист, но не мислам дека се е настанато од материјата. Напротив, многу ми се блиски различни форми на панпсхизам. Сметам дека материјата е само конструкт.

Сега што правиме?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
^ Ништо, ќе те исклучиме од сектата.
Да ја вратиш книшката утре.
Ти да го ставиш Blade Runner каде што му е местото, да не се расправаме.

Книшката не ја враќам, може утре другиден да се најде за вработување...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тврдењето дека не постоеле богови и божества по автоматизам го прави да биде религија. Во основа на атеизмот е уствари тврдењето дека се е настанато од материјата и нема ништо повеќе од тоа. Самото тврдење
го прави да биде религија. Основна догма како што спомнав во предходниот пост е upward causation. Не е религија само
припадноста кон одредена група која верува во богови.
Земи ја Зен традицијата и се ќе ти биде јасно.
Во основа има две разлики меѓу теизмот и атеизмот.
Едните тврдат дека има "сила" која го создала универзумот
и ние сме дел од таа "сила", што значи дека сме постоеле
и пред постоењето на универзумов. Другите тврдат дека свеста(ние) сме производ на материјата(мозокот).
Ти во кои спаѓаш?
Не се слагам со тебе дека негирањето на божества, го прави тоа тврдење религија! Тоа е исто како да кажеш дека глувоста спаѓа во музикалност....едноставно е апсурдно.
Инаку што се однесува до мене, спаѓам во првите, (посебно потцрттаниот болд) но не верувам во антропоморфни богови, кој се мешаат во меѓучовечките односи, и ја хранат нивната суета преку покорувањето на луѓето и наметнувањето на нивната воља на нив.
И според тебе што сум?
Едно е темнината и светлината,доброто и лошото,среќата и бедата според тебе, поточно според луѓето,а нешто сосема друго за помазаникот.
Едното со другото нема никаква врска.

Затоа и Исус едно зборувал со надворешните ,а друго со апостолите.Бидејќи не може секој да проникне во зборот.
Ако отворено им се зборувало на сите немаше да биде религија-верување.
Затоа се вели дека не е секој збор за сечии уши.
Погледни се самиот какви зкључоци даваш воден од мислата за тоа што е добро,а што лошо.
Ова што ти го тврдиш е дефиниција за иницирање во тајни, кој не треба да бидат достапни за сите......
Но! Христијанството е религија која вели дека е за сите....што значи дека добивме уште една контрадикција.
Еве кажи ми ти мене, како да го свати еден обичен верник кажаното од Исаија? И ако не било наменето за сите, зошто го има во библијата за да можат сите да го читаат?
Дали сакаш да кажеш дека постојат две школи на христијанството и дека мнозинството ја знае погрешната верзија?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom