Денес ја догледав цела прва сезона. Многу ме бендиса серијава. Чим ме влече да гледам две епизоди дневно, значи има доволно мистерија за да ме привлече. Има дупки кои мислам дека се очигледни и кои може да ви го расипат впечатокот, меѓутоа не се до толку страшни за да не уживате во неа.
Како и да е, ќе чекам да излезат повеќе епизоди од втора сезона за да гледам на раат. Страшно ме иритира да гледам серија епизода по епизода. Туку мислата ми беше за овој дечково што го глуми Тејт. Апсолутно талентирано дете, да не беше тој серијава ќе беше просечна. Меѓутоа, таа негова лудачка страна и морбиден изглед и даваат огромен плус. Браво за момчево.
П.С Машка популација нема шанси да ја утнала црвенкосата слугинка