Јас мислам дека ќе ја врати во 4-3-1-2 кога ќе се врати Снајдер,.
Да за жал најверојатно ова ќе биде случај, тројката во средина ќе се Занети, Мота и Камбијасо. Вториве двајца формираа одличен тандем во последниве натпревари за тој дел од теренот и доволни се, нема потреба од уште еден играч кој е сличен профил на истиве, поготово не кога играат со слаби екипи и одат на победа. Мурињо на Барса гости им искочи со тој тандем во средината, исто и со Челзи гости а и во финалето од ЛШ каде место Мота играше Занети.
Чезена се осоколи во второ, осетија дека Интер е ранлив ради анемичноста во нападот, секој тренер знае дека тим со играчи ко Оби, Занети, Камби и Мота во средината нема да може да негува офанзивен фудбал, зашто да им препуштат иницијатива ?! Чезена имаше проблеми со реализацијата, а и Гуана немаше осет кога да подаде до Муту на почеток од второ, среќа за Интер. Затоа Аталанта успеа да скрати бод и утнаа пенал за победа, што не беше случај со Катанија, Удинезе у ред други тимови што откорнаа 2 или 3 бода од Интер.
Ние се зезаме со муабетите '' ја да ги водам Интер боље ќе играат '', али да се собереме од форумов бољи осет ќе имаме за избор на играчи и измени, у тоа сум 100% сигурен, Ранко уште живее во раните 90ти очигледно, кога излегуваат од автобус сите слушаат музика на ајфон, Ранко на вокмен Битлси ги слуша, до толку е уназаден ( на вокменот мислев Иосоно, на вокменот ).