Ќе напишам нешто, да не испадне во фан клуб Челзи дека провоцирам еве тука. На кој не му се свиѓа или ќе го навредам се извинувам однапред и нека ме стави на игнор.
Зошто толку ви смета АВБ? Па не поминаа 4 дена откако го величевте, сега одма повеќето го линчувате. Сфатете дека на човекот ова му е прва сезона во Премиер Лига. Значи се соочува со 20 противници од кои некаде 15 не ги ни гледал на телевизија можеби. Знам дека беше заменик на Мурињо ама сменета е Премиер Лигата од тогаш а и друго е кога си менаџер, друго е кога си замена. Доаѓа со свои идеи и се соочува со играчи кои биле желба на минимум 5 тренери во минатото + Абрамович, кои најверојатно не му одговараат нему. Еднаш ќе победи - Боаш цар, еднаш ќе киксне - Боаш сељак. Мислам стварно, дајте му шанса на човекот, тоа што направи со Порто сигурно не е на среќа, туку е знаење. Со менување на тренери само ќе поминувате низ почеток секоја сезона, нови филозофии, нови помошници и пак истото та истото. Само убаво некој пиша одамна на форумов, изглеа се множат инстант фановите кои сакаат инстант играчи и инстант успеси. Си треба време за се. Фергусон знаете колку време беше без ПЛ трофеј? Ама за тие години го реорганизираше клубот, воведе скаути по негов избор, тој одреди каде и кои првенства и играчи ќе се скаутираат. Потоа почна да прави генерациски јазли во тимот за помладите играчи да има на кого да му се осврнат и почнаа да доаѓаат успесите.
И ако освои Челзи требл за едно 5 години со АВБ повеќето ќе треба да шетаат со главата во торба од срам ко едни тројца лузери фанови на Манчестер што барале отказ од Фергусон во 1992 и до ден денес се предмет на исмевање.
Фала на вниманието