Work and travel USA

  • Креатор на темата Креатор на темата *ANE*
  • Време на започнување Време на започнување
Дали знаете случајно некоја штедилница или нешто слично да нуди кредити за ворк анд травел програмава ?

Ќе ја прашаш Пума она зеде веков кредит:)
 
Дај озбилно нека објасни некој подетално за студентскиве кредити ако се има распрашано низ банкиве и какви се условите,и како оди одплаќањето на кредитот...дали може да се исплати одкога ќе си дојдеш од Америка или мора да се плаќаат месечни рати/камати..
 
Дали знаете случајно некоја штедилница или нешто слично да нуди кредити за ворк анд травел програмава ?

Јас имам напишано нешто понапред, ајде да се самоцитирам :)
(инаку јас аплицирав за крд преку нив, во пон. ќе ми кажат)

За другите агенции не можам да ти кажам, зошто јас решив да одам преку AmeriQuest и тие соработуваат со штедилницата ФУЛМ. Јас малце разгледав, веројатно и јас ќе подигам кредит од нив, накратко: АmeriQuest во соработка со штедилница Фулм, им излага во пресрет на сите студенти кои немаат доволно средства да аплицираат за програмата односно кои би сакале да ја платат истата по враќањето од САД. Еве неколку од карактеристиките на овие кредити:

-грејс период до 12 месеци

-не се наплаќа надомест за предвремено затворање на кредитот

-максимален износ 350 000 МКД

и уште многу повеќе.
--- надополнето: Nov 15, 2011 11:12 PM ---
Инаку јас одлучив да одам, тие што се искрено заинтересирани нека ме контактираат, ќе се договараме.
--- надополнето: Dec 10, 2011 7:19 PM ---
Дај озбилно нека објасни некој подетално за студентскиве кредити ако се има распрашано низ банкиве и какви се условите,и како оди одплаќањето на кредитот...дали може да се исплати одкога ќе си дојдеш од Америка или мора да се плаќаат месечни рати/камати..

Ете постирав погоре, ама моето искуство:
Значи прв чекор е наоѓање на жиранти. Првиот жирант мора да биде буџетар, или пак АД. Исто така, ако зимаш кредит 2000 евра (толку ти треба за W&T) потребно е да имаат двајцата жиранти слободни околу 6000 денари месечно.
Откако ќе ги проверат жирантите, дали навистина се способни да гарантираат за тебе, следниот чекор е да ти одобрат кредит (може да ти одобрат и повеќе, но ти ќе си потпишеш договор колку пари зимаш од штедилницата).
Во самиот договор, се потпишува на колку месеци ќе го враќаш кредиотот (12-36) и според тоа ти пресметуваат месечна рата/камата. Во Фулм, имаш грејс период 12 месеци, а тоа значи дека 12 месеци се плаќа само каматата, но не и ратата. Пример, ако ти е рата заедно со камата 3000 денари, а камата ти е 7%, месечно првите 12 месеци ќе плаќаш 210 денари месечно.
Доколку сакаш да го вратиш кредитот предвреме, имаш две опции: да заработиш додека си таму и да ги пратиш парите на еден од жирантите и тој да го затвори кредитот во твое име, или кога ќе се вратиш од САД сам да го затвориш. Не се плаќа провизија за предвремено враќање на кредитот.
 
абе а да си прашам ја нешо? теба да дипломирам до крајов на месецов евентуално јануар... кога ке дипломирам статус на студент ми прекинува а тоа значи дека нема а смеам да одам у УСА ?

Мојот цимер што беше оваа година на W&T ги имаше положено сите испити и му фалеша само уште дипломската... Во септеври месец за 3-4 дена ја напиша таму во УСА и ја прати овде во МК да му ја однесат колегите на проф. си дојде и 3 дена потоа ја бранеше дипломската пред проф. и дипломираше, а во меѓувреме неговите го запишаа на постдипломски (иако сеуште ја немаше официјално дипломата)... така да ако се договориш со проф. да не ти ја пише дипломската може и ќе те пуштат.. значи 100% ти гарантирам дека се му беше испоположено и му дадоа виза (и во амасада кога се носе увереније од положени испити сите му ги пишуваше) :)
 
така е ама ја си имам одреден рок до кога треба да ја одбранам диупломската. краен рок ми е фебруари некаде. мене муабетот ми е да одам да ја одбранам али да не ми пишат само датум кога сум ја одбранил. откако ке ги средам документите за америка тогаш нека пишат датум зашо ако пишат веќе со средени документи неможе да ме вратат. капираш?
 
Тоа е веќе договор со професорот.. може и во студентски прашања да си прашаш дали ќе можат да ти издадат потврда за редовен студент ако си одбранил дипломската а не ти е запишана во документацијата.. јас само сакав да ти кажам дека тоа што си ги положил сите предмети од студиската програма не те спречува да аплицираш.. (а сега за дипломската.. тие работи најдобро пробај да си ги средиш во студентски и со проф. ) :)
 
сакам во април наредната година да одам недела дена во Њу Јорк, има некој да ми каже нешто од каде да започнам, агенции, друго трето?...строги се за давање виза овие во амбасадата? колку се чека за виза, колку чини и слично?...гледав на сајтот на амбасадата и до некаде ми е јасно...но јавувањето во амбасада за закажување и слично го оставам како краен чекор...би сакал некој што го поминал ова да сподели искуства...благодарам.

Ако те интересира нешто пиши ми порака со прашањата.

Ќе ти ги одговорам...(y)
 
Ај некој нека ми пише како иде процедурата за зимање пари од данокот. Кај да се обратам? Шо документи да спремам?
 
Ај некој нека ми пише како иде процедурата за зимање пари од данокот. Кај да се обратам? Шо документи да спремам?

Пиши им на Америквест на фб ќе ти ја објаснат процедурата и нема врска преку која агенција си бил америка http://www.facebook.com/profile.php?id=100001779044069
 
Отприлика какви прашања поставуваат работодавците на интервјуто?
 
Отприлика какви прашања поставуваат работодавците на интервјуто?

Во овие 78 страни на темава имаш многу работи објаснето, вклучувајќи го твоево прашање, прашања шо ги поставуваат во амбасада за визата....
Ова нема да одземи многу од твоето скапоцено време:). а ќе научиш многу и ќе прочиташ многу искуства;)
 
a koj uslovi treba da gi imas ispolneto na fakultet za da se prijavis i dali osven vo sk i vo drug grad primer prilep dali ima takva agencija
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom