Work and travel USA

Член од
11 ноември 2011
Мислења
11
Поени од реакции
16
Ниту една агенција нема напишано за тоа колку чини програмата, авионски билет, други трошоци или јас сум слеп.
Тоа беше само инфо каде можеш да најдеш повеќе информации за секој што нуди, најчесто цените им се објавени на веб страни. Ако ги нема на веб пиши им на е-маил, јави се или оди. Јас веќе бев во две, ќе одам и во другите па можда за некој ден ќе ги ставам цените за секоја. Но како што знаеш сите имаат најчесто попуст пред нова година, па после ќе ги покачат цените.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Може сте одговориле погоре на прашањево ама немам време да читам...

Ме интересира од кои банки може да се добие кредит што ќе ми биде потребен за аплицирање, за документи и плаќање подоцна во агенција? Значи како оди тоа со камати едно, друго? И дали дека сум 4та година на факултет постои таква можност? Знам дека лани колеги добија 2000 евра и после постапно вратени од Америка ги исплаќаа.
 

СтрумичанецО

infinite harmonies...
Член од
21 март 2006
Мислења
506
Поени од реакции
46
Ок луѓе, последните неколку страници се станати плукања и разоткривања на маски и алтер-еговци, не можев да најдам ни приближно поврзано мислење во релација за она кое мене ме донесе на темата, па да си прашам нешто во врска со понудите за наредно лето.
Ова лето работев во МcDonald's во Rhode Island, одев преку Викинг, задоволен углавно од нивната ангажираност и комуникација пред, за време и по престојот во Америка, трошоци горе-долу во нормалата на она што го нудат сите агенции (ова без никакви рекламации и сл.).
Наредно лето ќе одам пак преку нив, само ќе ја сменам работата. Имам прашано неколку луѓе кои имат работено како спасувачи во High Sierra Pools, во околината на Бостон, (имат базени ширум цела Америка, но така географски ми одговара повеќе Масачусетс) кои се прилично задоволни од работата и кај сите што прашав имале 50+ саати неделно. (8$/саат- 12$ прекувремено). Е сега, доколку има некој да сподели искуство, или некои информации од блиски што биле, најопшто позитивни/негативни работи, за подетални прашања ќе распрашам подоцна доколку се најде некој таков.
Само ова ќе го поставам овде, најдов некои мислења преку пребарувачот од 2010, некој од членовите, а исто така и од агенцијата, спомнаа дека за оваа работа можело да се аплицира онлајн, или преку некој претставници за МК... ако некој има некоја информација како одат овие работи да ме информира, бидејќи излегува околу 250 евра поевтино преку self-arranged програма.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Може сте одговориле погоре на прашањево ама немам време да читам...

Ме интересира од кои банки може да се добие кредит што ќе ми биде потребен за аплицирање, за документи и плаќање подоцна во агенција? Значи како оди тоа со камати едно, друго? И дали дека сум 4та година на факултет постои таква можност? Знам дека лани колеги добија 2000 евра и после постапно вратени од Америка ги исплаќаа.
За другите агенции не можам да ти кажам, зошто јас решив да одам преку AmeriQuest и тие соработуваат со штедилницата ФУЛМ. Јас малце разгледав, веројатно и јас ќе подигам кредит од нив, накратко: АmeriQuest во соработка со штедилница Фулм, им излага во пресрет на сите студенти кои немаат доволно средства да аплицираат за програмата односно кои би сакале да ја платат истата по враќањето од САД. Еве неколку од карактеристиките на овие кредити:
-грејс период до 12 месеци

-не се наплаќа надомест за предвремено затворање на кредитот

-максимален износ 350 000 МКД

и уште многу повеќе.
--- надополнето: Nov 15, 2011 11:12 PM ---
Инаку јас одлучив да одам, тие што се искрено заинтересирани нека ме контактираат, ќе се договараме.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
18
Поени од реакции
1
Значи мене визата не ми беше истечена, туку само ми рекоа дека ќе ми ја укинат. Имав и ССН, и сите потребни документи...И си извадов лична карта...Колку за твоја информација постои лична карта и во Америка :) Одиш таму да полагаш за кола, ти дозволуваат, во меѓувреме им велиш ми треба и лична карта, тие фино лепо ти даваат и толку...Многу е лесно илегалец да си во Америка, се дури не правиш проблеми тешко дека ќе те фатат, плус и за работа никој тебе не те смета за илегалец зошто си имаш ID и социјален број.
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
11
Поени од реакции
16
Тоа беше само инфо каде можеш да најдеш повеќе информации за секој што нуди, најчесто цените им се објавени на веб страни. Ако ги нема на веб пиши им на е-маил, јави се или оди. Јас веќе бев во две, ќе одам и во другите па можда за некој ден ќе ги ставам цените за секоја. Но како што знаеш сите имаат најчесто попуст пред нова година, па после ќе ги покачат цените.
Еве дечки јас ги поминав сите на листата освен Ameriquest бидејќи за жал телефонот што им е ставен на веб страната не постои, мобилниот кој им е ставен на facebook никој не одговара (во времето кога вртев) и пратив е-маил на кој досега никој не ми одговорил. Ме интересираше каде точно се наоѓаат бидејќи според мапата на нивната веб страна не можев да ги најдам. На информации исто така немаа тел. ни за фирмата ни за адресата која им е ставена како официјална адреса. Ако има некој за нив инфо нека напише тука мислам на валиден тел и како да дојдеме до нив. Иако ова ми изгледа малку несериозно ама да не ги критикувам без потреба.

Значи по ред (веб страните ги имате на минатиот мој пост па да не се дуплирам):

Наром Травел:
Цена до 01.12
премиум - $1090, селф - $590
Од 01.12 премиум е $1190, селф е $690
Во цената не е вклучено :
трошок за апликација - 2.500 денари кои се неповратни
$40 осигурување за последниот месец откако ќе истече DS.
За да се пријавиш се уплаќа депозит од $300, но можело и $150 ако некој нема доволно.
Моментално немаат понуди, ќе имале наскоро во декември вероватно, а саем ќе имаат 1 во февруари
Не обврзуваат за авионски карти, а преку нив цена до NYC е околу 620eur
Ок беа, мислам трпеливи за објаснување и љубезни.

Kоузон
Цена до 31.12 - 750 eur или околу $1025 по мои пресметки за премиум, за селф - 520 eur или $710
После 31.12 премиум ќе биде 840 eur или $1.148, а селф останува исто. Цените им се стриктно во евра
Мора авионски карти исклучиво преку нив и цените им се од 550 до 700 eur источен брег, 800 eur Чикаго, a за западен брег се повисоки.
Нема екстра трошоци за апликација и осигурувањето е за 5 месеци фиксно и вклучено.
Ќе имаат два саеми, еден во февруари и еден на средина на март. Првиот ќе има повеќе разни работодавци, а вториот само забавни паркови ( еден или повеќе, не разбрав ) За учество на саемите треба да се пријавиш до 15.01 ако ги разбрав убаво.
Нудат кредит преку Стопанска банка.
Беа љубезни и трпеливи.

Интракс
Цена до 31.12 - $850 за премиум, $575 за селф. Од 01.01 ќе биде $950 за премиум и $625 за селф.
За пријавување треба само да се пополни нивната апликација, уплата на прва рата $150 може било кога, за тие што се пријавиле за саемот можат да платат и дента на самиот саем, но интервјуата ќе бидат по редослед на пријавување т.е. уплата.
Нема трошоци за апликација, не се плаќа екстра за учество на саем, во цената се е вклучено, а осигурувањето важи до истекување на DS после тоа е $65 за 30 дена, но не мора преку нив да се осигураш откако ќе истече DS.
Ќе имаат три саеми. Првиот е во декември, а другите два се во февруари.
Ќе имаат 1 месец гратис курс по Англиски за работните места ( ова вероватно за тие што одат првпат )
Не мора авионски карти преку нив.
Нудат кредит преку Шпаркасе банка.
Единствено место каде што ми понудија и се напив кафе. Беа љубезни.

Контекст
Премиум - $895, Селф - $499 пред Нова Година
Премиум - $995, Селф - $600 после Нова Година
трошоци за апликација - 1000 денари
Sevis Fee не е вклучен во цените и е $35
Авионски карти исклучиво од Софија, карти од 540 еур за источен брег, 700 Колорадо за пример беше земен, барем јас така разбрав.Не мора авионски карти преку нив.
Многу на трчање објаснуваат, можеби тоа е до девојката што објаснуваше незнам, генерално беа љубезни

Аурора
Немаат саеми, само понуди
Премиум - $875, Селф - $675, на овие цени имаат $100 попуст пред Нова Година
Осигурувањето им важи само 3 месеци кое е вклучено во цената, значи за 4-тиот и 5-иот месец
се доплаќа плус $55 за секој месец, тоа е $110 плус на горните цени
Не е вклучена ниту Sevis такса во цената и е плус $35
Нема уште ни понуди, но ќе имале први интервјуа преку skype на почеток на декември.
Авионските карти не мора преку нив а цените за до NYC им се од 620 до 670 eur
Беа љубезни и ок објаснуваше девојката

Викинг
Ќе имаат саеми, еден во јануари а еден во февруари ама не е потврдено уште.
Цените се 639 eur за премиум и 359 еур или $490 за селф и важат до крајот на овој месец, а после
тоа одговорот беше незнаеме како ќе ни кажат така.
Се плаќаат $30 за додатно осигурување.
Нема трошоци за апликација.
Авионските карти мора преку нив и се од 580 - 620 eur до NYC, 700 eur за западен брег али најевтината била толку.
Дечкото кој беше таму буквално му ги влечев зборовите од уста и се почуствував како едвај да чека да си одам од таму, за да продолжи да си работи на компјутер, што и да работеше. Прилично беше незаинтересиран за целава работа.
Нудат кредит преку Охридска банка

Ете тоа е мој детален извештај, со девојка ми се прошетавме секаде, се надевам ова ќе ви помогне бидејќи до сега не сретнав некој да напише овакво нешто се надевам ќе ме наградите со like:)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Алек мене ми одговараат од агенцијата, веќе неколку денови сме во преписка. Зачлени се на нивниот сајт, и кај Контакт напиши порака, ќе ти одговорат.
Исто има мн понуди таму (кога ќе се зачлениш) разгледај ги. И старите можеш да ги гледаш, ако имаш и некоја посебна желба ќе пробаат да ти ја исполнат (држава, град, работно место, итн итн итн).
--- надополнето: Nov 16, 2011 1:23 PM ---
Еве од овој маил мене ми пишуваат - info@ameri​quest.com.m​k
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Ама све ова студенски програми се ? .... е глуп ја наместо на фаџ војска појдов :P
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Абе има некој искуство со овие интракс или некоја фантомска фирма се?
 
Член од
29 август 2009
Мислења
326
Поени од реакции
23
Значи мене визата не ми беше истечена, туку само ми рекоа дека ќе ми ја укинат. Имав и ССН, и сите потребни документи...И си извадов лична карта...Колку за твоја информација постои лична карта и во Америка :) Одиш таму да полагаш за кола, ти дозволуваат, во меѓувреме им велиш ми треба и лична карта, тие фино лепо ти даваат и толку...Многу е лесно илегалец да си во Америка, се дури не правиш проблеми тешко дека ќе те фатат, плус и за работа никој тебе не те смета за илегалец зошто си имаш ID и социјален број.
Значи можеш да полагаш за возачка дозвола во Амрика само додека си легално т.е додека ти важи визата или можеш да полагаш и ако си на црно? И ако некој знае нека каже колку чини таму да се полага за возачка и дали е иста постапката како во Мк.
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Здраво, добив понуда за Gaylord Texan, па сакам да прашам дали некој бил овде, и да каже 2-3 збора за местово. Како е со работа, за живеење, поздрав.
 
Член од
11 ноември 2011
Мислења
11
Поени од реакции
16
Алек мене ми одговараат од агенцијата, веќе неколку денови сме во преписка. Зачлени се на нивниот сајт, и кај Контакт напиши порака, ќе ти одговорат.
Исто има мн понуди таму (кога ќе се зачлениш) разгледај ги. И старите можеш да ги гледаш, ако имаш и некоја посебна желба ќе пробаат да ти ја исполнат (држава, град, работно место, итн итн итн).
--- надополнето: Nov 16, 2011 1:23 PM ---
Еве од овој маил мене ми пишуваат - info@ameri​quest.com.m​k
Фала за инфо. Интересно ми изгледаат и бев со мислење за таму оригинално. Ќе им пишам сега, ако ги знаеш цените кои се, дали мора авионски карти, екстра трошоци, дали имаат саеми, колку е прва рата и сл. напиши ги ако не ти е тешко. Ако не јас кога ќе добијам инфо ќе ги ставам тука.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Фала за инфо. Интересно ми изгледаат и бев со мислење за таму оригинално. Ќе им пишам сега, ако ги знаеш цените кои се, дали мора авионски карти, екстра трошоци, дали имаат саеми, колку е прва рата и сл. напиши ги ако не ти е тешко. Ако не јас кога ќе добијам инфо ќе ги ставам тука.
990 долари е се што плаќаш на агенцијата (вклучено е апликација, севис, тест по англиски, пин итн).
Посебно си плаќаш авионска карта (надвор од оваа цена) и можеш преку нив да купиш, но не мораш.

За абасада си стои тоа околу 140 долари, плус сликичка што ќе треба посебна да направиш.

Ако се аплицира до 31.12. на сумата од 990 долари има попуст 30 долари. Ако донесеш некој со тебе - добиваш попуст од 50 долари по човек.

Ми рекоа дека деновиве ќе им го средат телефонот.
 

blade-

Научник
Член од
28 август 2009
Мислења
51
Поени од реакции
4
Ми се оди за америка преку коузон, али не ми се оди сам, ми се оди со друштво !
Ајде да одиме заедно ако е некој за !

не мора агенцијата коузон да биди
другар имам во план да одам а и јас немам со кој ајде :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom