Фан Клуб: Интер

Направете си акаунт на бет365 , стави 5 евра ( мора минимум ) изиграј 4.5 евра и остај си 0.5 евра цело време на акаунт и ќе си глеаш утакмици без проблем на нет . Цело италијанско го имаш за глеање .
Ја не се кладам таму подолго време ама имам оставено 0.07 евра и глеам кога не сум дома :):)
Да ама мало е прозорчето не можеш фул-скрин да направиш.
--- надополнето: 16 декември 2011 во 16:40 ---
Јас лично се слагам со Џони не во смисла дека имам против некого, играчите се тие што се и прават што можат, туку се надевам на комплетен ремонт посебно на средината. СУм пишал 100 пати, во тој дел мора да имаме барем двајца ѕверови а остатокот да се играчи во добра форма и да ја размрдаме играта малку.
 
зошто сум против Камбиасо??..се читаш што пишуваш??...па на тој дел од теренот Јувентус го има Пирло(разликата небо - земја),камбиасо моментално е премногу спор,нема никаква конторла на топката и никаков агол на движење(што е најбитно за средните играчи),неможи односно не е во состојба да ги брка противничките играчи и со тоа кадарно да покрива,нема чуство за пас и додавање и што е најкритично веќе губи и во дуели со противничките играчи каде во времето на Мурињо беше невозможно.....моментално овој состав на Интер премногу страда од Камбиасо во градењето на акциите и во примањето на головите бидејќи Чучу игра во многу клучна позиција на теренот и веќе во модерниот фудбал не треба како деструктивец само да трчаш како коњ(што камбиасо не е во состојба да го прави) туку треба да имаш и мали познавања од офанизвните задачи на екипата..погледни реал мадрид го имаа на таа позиција Чаби Алонсо,Рома го има Де роси,Баерн го има Швајни...скоро секоја поголема екипа има подобар играч во тој дел од теренот каде се градат акциите и се пренесува топката до напаѓачите/крилата...кога Поли или Кучка би играле на таа позиција верувај дека би било многу пинаку за нас(само да не е тренер Раниери)!

Против ваков Камбијасо ретко кој би бил против да игра во екипата ( освен ти ), овој Камбијасо ги имаше истите карактеристики против Барселона па беше една од главните причини зашто Интер беа перфектни во одбраната таа година во ЛШ, дури и Ферги тоа го потенцираше, да имаа некој од твоиве омилени, ко Чаби Алонсо на пример, потоп ќе им се десеше, класичен потоп кој Мурињо веќе 2 години го доживува со тој твој модерен Реал.

Незнам зашто го споредуваш со Пирло кој е различен профил на фудбалер, споредувај го со некој класичен деструктивец а не со Пирло кој не игра на истата позиција, така да прво види ти што пишуваш па после суди им на другите. Не е се до дриблерите и креативците у фудбалот, дури и чудно е што ова доаѓа од човек кој навива за Интер и имал прилика да се увери во ова.

Фудбалот што денес се игра воопшто не е реазличен од оној пред година ипол, и тогаш Интер го имаа Камбијасо на тој дел од теренот па не те гледав тогаш да кукаш зашто играл. Проблемот настанува ако се користат и други играчи со исти карактеристики, односно, повеќе од 2ца, а инаку денес без деструктивец ретко кој игра. Кажи боље проблемот е до тренерот, а не до играчот.

И ја го критикував Камби бајаги но во последно време се гледа дека напорно работи да си ја поврати старата форма и има прогрес во истото, нема 40 години, 31 има, сеуште е кадарен да изигра на потребното ниво, бар оваа сезона.
 
Абе боље е од 70% од стримовите. Сецкаат , во коцки се , реклами се појавуваат , се гасат и итн. Овде се гледа за разлика од стримовите како и да е подобра опција е каде каде
 
Тоа да, многу подобар стрим е и не сецка затоа што не е оптоварена страната со рекламите. Мене за повеќето утакмици ми врши работа ама Интер обично сакам да го гледам на фул скрин за да можам убаво да видам кој и како ја усрал акцијата :)
 
Syn@
Камбиасо го споредив со Пирло бидејќи кај Јувентус и нема друг играч кој е поназад од Пирло во нивната средина и тој ги превзема работите во свои раце кога е во прашање градењето на акциите и пронаоѓање на другите поединци,секако дека Јувентус е поразлична екипа од нас но реално гледано и ние имаме доволно офанизвни играчи кои можат да се форсираат напред и по страните....

Камбиасо беше префектен во сезоната на Мурињо бидејќи тогаш не губеше ниту еден дуел,повеќе од пола топки ги пресекуваше во нападот и беше есктремно подржан од занети и Мота во клучните натпревари..сега што??..сега ни Занети неможи да трча и да покрива,ни Мота не игра на истата позиција а и Камбиасо да ја изгуби брзината и формата што ја имаше низ годините...плус Раниери на клупа па сето тоа да оди упм..ти беше тој тука што пишеше дека денешниот фудбал се базира на повеќе офанизвни играчи и притисок кон противничката половина..Камбиасо неможи да одговори на тие задачи и тоа е очигледно...добро е да имаш класичен дестртуктивец кој можи да покрива доволно за грешките направено од другите играчи и малце од малце да можи да помогнува во градењето на акциите а не вака Камбиасо една ќе подаде на Мота или нагатомо и потоа се крие зад играч..Чаби Алонсо го спомнав бидејќи тој во секоја ситуација учествува во градењето на акциите во неговиот тим и плус е далеку поквалитетен играч од Камбиасо кога се работи за офанзивни задачи..за Де Роси да не правиме муабет..па и еден Албелда да го имавме подобро ќе ги извршува задачите на Камбиасо и во нашиот тим ќе наликуваше на Чави во одредени моменти..ако сака Морати да бидиме во чекор со европските гигнанти мора да се стреми кон ремонт во средниот ред бидејќи таму е најкритична ситуацијата кај нас..Камбиасо и Станович не смеат повеќе да се појавуваат на теренот во клучен натпревар според мене!
 
Гледано од моја страна би требало да го поминеме Марсеј, во гости доста е 0-0 или 0-1. :)
 
Зашто Камбијасо ? Се тоа што го кажуваш за него беше карактеристика и во 2010, ако ја подобри играта во одбрана зашто да не игра ? Ти реков, 31 година има, не 45. Пак доаѓаш до тоа дека е до тренерот, инаку овој Камбијасо да е во Реал ја убеден сум дека против Барса ќе играат 3 пати подобра одбрана од онаа што сега ја играат, баш ради тоа што Чаби Алонсо не може да одговори на барањата кои Мурињо ги има за играчите од тој дел од теренот, а се однесуваат на одбраната.

Последниве неколку дуели Камбијасо игра скалило подобро од стартот на сезоната, а и од лани, ако продолжи со овој континутет се чудам на твојата желба он да не игра а да игра некој ко Поли, па види му ја статистиката на Поли, види ја онаа на Камбијасо, спореди кој е подобар асистент и кој подобро се снаоѓал пред голот, за одбрана муабет да не праам, сеуште е далеку Поли од тоа ниво.

Да успее да дојде до посакуваното ниво, Камбијасо со ниту еден играч на планетава не би го сменил на тој дел од теренот, неговиот партнер од средината да, али таква интелигенција у одбрана да имаш е огромен плус за тимот. На едно место убаво напишаа за него, можеби е спор но однапред ги знае потезите што следат од противникот, а и без топка има одличен преглед на играта и дели сугестии кој каде да се постави, мислиш голман е бидејќи обично голманите тоа го прават.

п.с. Ја не ни барам од него да игра во офанзива и да одговара на задачи на кои он немал одговор цела негова кариера, Камбијасо е значаен за Интер во одбраната, а кога е во форма, недопирлив е.
 
Не бе, ми се стемни од читање „ќе-ги-згазиме“ постови на ФБ и дојдов да те читнам тебе :)
0-2 гола ќе бидат двете утакмици, за гостинската би играл 0-0 точен резултат :)
Рики јас ви велам Марсеј го поминуваме без проблем!
 
Абе купујте карта за финалето на Алианц Арена, што ќе се умараме со Марсеј.. :D
Него, со купот на Италија кога почнуваме? .. таму барем ни иде.
 
Во купот почнуваме на 19 јануари,во 21часот,против Џенова на домашен терен:)
 
Камби оваа сезона ја стартуваше доста лошо и се вклопи во сивилото на цел тим, али последниве 3-4 утакмици ги игра одлично. Баш против Удинезе кога изгубивме со татко ми правев муабет како само он им беше светла точка во тимот, пресекуваше акции, помагаше во одбрана а пресече и 2-3 чисти контри за Удинезе кои гарантираа зицер ситуации. Јас лично сум против давање на Камби или пак изоставување од прв тим зашто формата му иде нагоре, а не надоле како на Станкович на пример. И не само заради тоа, Камби ќе биде потребен и како учител на идните генерации кои ќе играат во Интер и на неговата позиција. Камби е фудбалер со доста висока интелигенција и секој би посакал да го има во тимот.
 
Се согласувам со Џони за Камбиасо, истото го пишав ми се чини и на фб...

Камби игра на искуство, и што помалце грешки толку помалку се приметува на терен и нормално сите се утепуваме од критикување на напаѓачите или кога ќе киксне некој од одбрана.

Конкретно последнава утакмица, дали имаше 3-4 одземени топки, колку пати го поминаа како од шала, само покрива(колку ќе успее) и ништо друго.

Лукас Леива ќе беше одлична замена за него, али не верувам дека Ливерпул ќе го пуштат за мала сума, така да ќе биде добро од сега да се форсира Поли/Оби на таа позиција, со мала доза на резерва за Оби бидејќи прави премногу прекршоци.
 
Бене за ова и те како те поддржувам, ако веќе се бара замена за Камби во наредните година-две, Леива треба да биде прва опција. Типот е ненормално корисен играч, прво бидејќи ја крати скоро секоја акција на противникот и второ процентот на успешност на пасовите му е околу 90%.
 
Се согласувам со Џони за Камбиасо, истото го пишав ми се чини и на фб...

Камби игра на искуство, и што помалце грешки толку помалку се приметува на терен и нормално сите се утепуваме од критикување на напаѓачите или кога ќе киксне некој од одбрана.

Конкретно последнава утакмица, дали имаше 3-4 одземени топки, колку пати го поминаа како од шала, само покрива(колку ќе успее) и ништо друго.

Лукас Леива ќе беше одлична замена за него, али не верувам дека Ливерпул ќе го пуштат за мала сума, така да ќе биде добро од сега да се форсира Поли/Оби на таа позиција, со мала доза на резерва за Оби бидејќи прави премногу прекршоци.

Врти-сучи, се околу Бенитез се врти. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom