Aко прават трансфери на млади години лошо било, млад бла бла, форсиран дрн дрн јариња ...
Ако прави трансфер на постари години стар бил, кај бил досега, што правел, џабе е добар трансфер кога порано требал да направи.
Едни исти муабети се вртат во круг, крај неможе да им се најде на луѓево.
Нено е талентирано кошаркарче, кое има супер позадина зад себе, има кој да го гурка. И дали поради тоа што има родител бивш кошаркар, тренер и сопственик на тим треба да ги ругаме неговите успеси? Не бре луѓе, треба да се радуваме, батали иднина, не знаеме што ќе биде, не знаеме со нас што ќе биде утре, не знаеме Антиќ дали утре ќе игра кошарка, не знаеме Нено за една година кај ќе е. Но барем нека си ужива во сегашноста, а таа е дека тој е вундеркид, со фантастична игра, дриблинг и одлично поентира и со трансфер на кој му се воодушевува цела нација. Детето го бива.
Тоа што е син на Саше е само предност за него. Но за сите други луѓе е мана и доволно за да трачарат. Нено вајда прво даде кош па после прооде. Го гледав како мал како игра, за него кошарката е се,
тој по 12 часа тренираше на ден. Никој не му забранува на ниедно дете да тренира, треба само да сака. А Нено ги има сите услови. На 5 години даваше кошеви назачки, а јас се комплексирав
Јас само ќе му посакам многу многу среќа и здравје.
Со талентот негов може многу да успее, само ако тој е доволно паметен да го искористи талентот но и трудот што го вложува.
Ги има сите предиспозиции, треба само да се покаже одлично.
Со среќа Нено