Фудбалери Кајганџии! Season 12/13 [Пријавување: Играме 8х8 на поголем терен!]

Статус
Затворена за нови мислења.

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Плави, фантастична утакмица. Јас не бев на ниво, ама затоа ме покривте за грешките што ги направив. Сепак се извадив со 4 асистенции :icon_lol: А резултатот..Небитен. Бодовите - исто. Изгубивме на кондиција, едноставно немаме сила. Верувам дека да водеа зелените, или црвените, и да имаше простор за уште игра - ќе играа, исто како што решивме и ние. Конечно изигравме организирано, со додавања како што им доликува на еден дрим тим како ПЛАВИТЕ. Ни фалеше инзаги многу во одбрана, ама и Хак играше колку што можеше и знаеше. Беше многу борбен, и свака част друже, ме изненади позитивно.
Ме интересира како му е носот на Џеко, зашто многу лошо ја удри топката, дури и мене ме заболе..
Жар, борба, стартови..Фантастична утакмица.Стварно.
Каизер, секој фал, во просторот од 6. без разлика дали е тоа клоцање,плукање,шамар,или обично влечење со рака за дрес е пенал нема тука беше не беше за пенал, не треба на некој да му се скрши глава за да биде пенал.Така да не си ти крив, у жарот на борбата беше ја бев до вас и мислам дека беше се регуларно и си добивме пеналче. Без разлика, не плачеме, ама стварно резултатот не ми е битен. Се чуствувам како победник, зашто екипно конечно се консолидиравме. А и да знам дека секоја утакмица ќе имаме ќе имаме плус време за играње, би играл,па макар и да знам дека секогаш ќе губам. Зашто ваков добар фудбал, со вакви добри момци како што сте сите вие плави, зелени и црвени ретко се игра. Без кавги, тепачки и кршење нозе зашто си ја изгубил топката. Фер плеј - 10ка. Само видете како играат тие пред нас и се ќе ви биде јасно. Јас ветувам дека ќе организирам кафана во текот на неделава, или викендов што следи, за да ја качиме дружбата на малце повисоко ниво. Свака част момци, се гледаме во недела. :cuc:
Слабо мн изиграв ко без душа, еден куп грешки на почеток топка не примив ко што треба, до сега немам ни еднаш изиграно како што треба кога сме се договарале од тука :D Ај следниот пат подобро :)
Супер игра, фер и без кенкање, ко што треба :) Кои играат следнава Црвени - Зелени?
пс Џеко е одговорен ако станам стерилен кога шутна за 5иот гол ми ги направи јајцата КАЈГАНА :D

Еј да и ставете дека е од 20 и 30, а не дека е од 20 точно да не дојдат и други ко мене во 15 до 8 :D
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
па да ти кажам и јас мислам дека најфер е икс да се пише таа али нека си се изјаснат од екипите и пишете стрелци на головите
И јас мислам дека највише на вас црвените ви одговара X :D
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Уште ли вртење во круг кога е се јасно?

Сајбер рече загубиле и има право, загубија. Ганерот исто потврди и он е во право. Мојот став и на целата зелена екипа ви е веќе познат.

Впрочем сите што не сакале да играат можеле да кажат гласно дека утакмицата се прекинува и дека си одат ама такво нешто немаше. Да се протестира а да се остане во игра е невалиден аргумент. Се бунев за пеналот ама останав во игра значи сакал или нејќел сум го признал.

На мене и Сајбер веќе не ни се играше ама ради другите останавме во игра и автоматски со тоа секој краен резултат двајцата сме го прифатиле како валиден. Можеа плавите да дадат уште некој гол и тогаш на никој од нив ниту па од кај нас немаше да му текне да се буни ама ете се случи пораз. Таа е фудбал некогаш се губи а некогаш се тепа ама секогаш треба да се има спортски дух на противникот ферски да му се честита победа. Во право се сите што рекоа дека да беше обратно ние без збор ќе игравме додатни минути ама ние дури и да загубевме во продужење сега немаше да пишеме по форуми дека сме тепале. Како екипа за такви работи сме многу флексибилни и ок.

Во Форца сме играле и плавите многу пати исто како и сегашните зелени во црвен дрес и многу пати игравме повеќе од 50 мин и секогаш резултатот бил од целокупната игра, факт што никој не може да го негира.

За следнатата утакмица може да ограничиме на 50 мин а се екстра да биде за забава ама тоа од следниот пат. Оваа утакмица е добиена со 6:5 и тука нема никакви дилеми. Малку фер плеј нема да биде на одмет и кога се губи не само кога се победува.
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Мое мислење е да играме фудбал и да се тргне табела и остали шкљ работи кои предизвикуваат расправии.Распоредот и 3-те екипи се супер ама ова со табелата е малце...
 

Cthulhu^

your neighbourhood pagan
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.549
Поени од реакции
2.259
Извинете вака што ви се мешам, али до кај сте со списоците за во недела?
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Ајде прајте списоци тогаш

Плави со црвени играме оваа недела

1. Топче
2. Кифла
 

skech

United Will Rise Again
Член од
10 јули 2007
Мислења
186
Поени од реакции
37
јас бев болен цела мината недела опасен вирус така да не сум уште опоравен да не ризикувам оваа недела ке паузирам
Извинете ама здравје пред се
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Топче, како тргнало, изглеа ќе мора да се обратиш кај мене на крај за играчи. :facepalm:
не не ќе треба така унапред да им пишеме победата на плавите :D

Плави до кај сте со екипата вие? Никој ли нема да игра?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom