Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
Inglourious Basterd , провери бе малце , толку ли не ги следиш овие работи.
Сакаш да кажеш дека табелата на Народна Банка не е точна? Бројките што ти ги напиша се извадоци од весници. Преферирам да и верувам на Народна Банка, пред Сител и Утрински. Еве уште еден линк ако не веруваш во првиот.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
За годинава нема, еве ти точна бројка за лани. 3.350.690.000 евра се странските директни инвестиции во 2010.
Извор: http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_Statistika_zemji_1997_2010_DI_22.xls
Мислам дека ова што го наведе се вкупните странски инвестиции од 1997 до 2010, а не за една година.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
Мислам дека ова што го наведе се вкупните странски инвестиции од 1997 до 2010, а не за една година.
Можеби, ама не ми е логично, бидејќи ако гледаш поодделно по држави има и бројки што опаѓаат. На пример, за Бугарија, во 1998 биле 3,35 милиони, па во 1999 биле 2,90 милиони. Поверојатно е ова да е статистика за сите пари кои од странство влегуваат во македонските фирми, а не само за гринфилд инвестиции, кои медиумите цело време ни ги преставуваат за најбитни, бидејќи само кај нив има фрлање лопати. :)

Но како и да се бројките, факт е дека се недоволни и дека може повеќе. Макар со оваа нова европска криза, јас многу повеќе се надевам на домашните инвестиции, отколку на странските.

И да прецизирам. Јас сум убеден дека сите овие пари не завршуваат во македонското стопанство. Мислам, не сум луд да тврдам дека имаме 3 милијарди евра годишно што завршуваат во нашата економија. Ама не би исклучил дека низ Македонија проаѓаат толку пари годишно.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
неее и ја мислам дека не е за сите години вкупно се гледа дека паѓа кај некој држави п.с. дарданиа извор слабо дека гледам кај твојов пост пиши извор чисто да знаеме дека не ги измислуваш цифриве 0.о
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Сакаш да кажеш дека табелата на Народна Банка не е точна? Бројките што ти ги напиша се извадоци од весници. Преферирам да и верувам на Народна Банка, пред Сител и Утрински. Еве уште еден линк ако не веруваш во првиот.
Табелата на НБРМ е точна , само што ти лошо ја интерпретираш.

И моите податоци се од НБРМ а ги потвердуваат и весниците и владините претставници , ќе се убедиш и ти , но ме разочара со твоето верување дека во Македонија во 2010-та имало над 3 милиарди долари. Имало луѓе кои и натаму мислат дека кај нас има инвестициски бум. (како што рекоа некои , нема ни инвестициски ПАУ , а не БУМ).

Еве повели податоците за 2010-та од НБРМ , каде се потврдува дека сме имале 159 милиони евра директни странски инвестиции :
http://nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_DI_zemji_G_2010.xls

Странски директни инвестиции - движења Република Македонија - по земји

01.01.2010 - 31.12.2010

159.062.808 евра

Така ли е ?
--- надополнето: 15 декември 2011 во 15:23 ---
Мислам дека ова што го наведе се вкупните странски инвестиции од 1997 до 2010, а не за една година.
Добро си ја сватил.

Inglourious Basterd Ќе биде разочаран кога ќе разбере дека ни требале 14 години за да привлечеме 3.5 милјарди евра странски инвестиции.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Може една споредба некој да побара, малку е офтопик, ама колку инвестиции имале нашите соседи во истиот временски период.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
http://www.nbrm.mk/?ItemID=CFF862FD83DAE64FBDC41BEDDE504843 еве тука има податоци дека во 2011 219 мил.(до 9ти месец или 10ти беше) а иначе да у право е дарданија 159 биле лани значи има добар пораст али како што наведе инглориус погоре странски инвестиции се убава работа да вработуваат луѓе ама они тука доаѓаат за профит не се црвен крст па да ни помогнат она што треба да се радуваме е нашите фирми да пркнат
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
Табелата на НБРМ е точна , само што ти лошо ја интерпретираш.

И моите податоци се од НБРМ а ги потвердуваат и весниците и владините претставници , ќе се убедиш и ти , но ме разочара со твоето верување дека во Македонија во 2010-та имало над 3 милиарди долари. Имало луѓе кои и натаму мислат дека кај нас има инвестициски бум. (како што рекоа некои , нема ни инвестициски ПАУ , а не БУМ).

Еве повели податоците за 2010-та од НБРМ , каде се потврдува дека сме имале 159 милиони евра директни странски инвестиции :
http://nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_DI_zemji_G_2010.xls

Странски директни инвестиции - движења Република Македонија - по земји

01.01.2010 - 31.12.2010

159.062.808 евра

Така ли е ?
Табелата е во најмала рака индикативна. Мислам дека во двете истражувања е користена различна методологија. Еве доколку е дека тоа се вкупните инвестиции, повторно има неконзистентност. На крајот на 2010 биле 3.350,69 милиони, додека на крајот на 2009 -- 3.141,38 милиони. Разлика од 209,31 милиони евра, а не 159.062.808 евра како што вели другиот податок исто така од Народна Банка.

Инаку моето верување го кажав подоле на темата. Еве го пак.
И да прецизирам. Јас сум убеден дека сите овие пари не завршуваат во македонското стопанство. Мислам, не сум луд да тврдам дека имаме 3 милијарди евра годишно што завршуваат во нашата економија. Ама не би исклучил дека низ Македонија проаѓаат толку пари годишно.
Никаде, ама баш никаде на форумов немам речено дека на Македонија и се случува реален инвестициски бум. Ја имам пофалено владата во делот на намалување на регулативите и даноците. Ја критикувам во делот на енергетиката и капиталните инвестиции во инфраструктура.
Се на се Македонија е слаборазвиена балканска економија, која нема реални шанси за голем раст во наредниве 10 години, ако баш инсистираш на мој генерален суд на нашата економија.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Може една споредба некој да побара, малку е офтопик, ама колку инвестиции имале нашите соседи во истиот временски период.
Албанија

1997-2010 = 5.278.000.000 долари ( според моменталниот курс на доларот = 4.060.000.000 евра).

Во последните 4 години Албанија привлекла 3.586.000.000 долари. (2,7 милијарди евра).

Табела , во милиони долари





Македонија

Во последните 4 години привлекла 1.45 милјарди евра


Хрватска


1997-2010 = 24 милијарди евра директни странски инвестиции , последните 4 години остварени се 7 милјарди евра СДИ.

Најголеми инвеститори во Хрватска се:
- Австријците со над 6 милјарди евра ,
- Холандија 3,7
- Германија 3
- Унгарија 2.3
- Луксембург 1.4




Бугарија


1997-2010 = 39 милјарди евра , последните 4 години = 17 милјарди.




Црна Гора

Не можам да најдам податоци за порано. Во последните 4 години тие имаат 3 милјарди евра СДИ.




Србија

1997-2010 =17 милјарди евра. Последните 4 години = 8.4 милјарди евра СДИ.

Косово
Последните 4 години , имале 1,35 милјарди евра СДИ.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Кога веќе ја наполнивте темата со статистика добро е да се каже нешто и за инсвестиции по гава на жител или по илјада жители, а во најдобар случај да се каже во што се инвестира? Искрено инвестиција во трговски центар или бензиска пунпа не е ист со инвестиција во индустријата или земјоделството или инфраструктурата. Исто така добро е да се каже нешто и за местоположбата на земјите. Хрватите и Србите ја имат таа среќа што се поблиску до Европа, Бугарите се во ЕУ и граничат со Турција. Ние со кој граничиме, најголем инвеститор во МК е земја чија економија дише на шкрги.
Според мене ова што моментално се случува во Македонија е максимумот што можеме да го направиме во насока „странски инвестиции„ добро би било малко и домашните капацитети да дадат „гас„.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Мислам, не сум луд да тврдам дека имаме 3 милијарди евра годишно што завршуваат во нашата економија.
За годинава нема, еве ти точна бројка за лани. 3.350.690.000 евра се странските директни инвестиции во 2010.
Извор: http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_Statistika_zemji_1997_2010_DI_22.xls
Сакаш да кажеш дека табелата на Народна Банка не е точна? Бројките што ти ги напиша се извадоци од весници. Преферирам да и верувам на Народна Банка, пред Сител и Утрински. Еве уште еден линк ако не веруваш во првиот.
:icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.284
Поени од реакции
26.164
И да прецизирам. Јас сум убеден дека сите овие пари не завршуваат во македонското стопанство. Мислам, не сум луд да тврдам дека имаме 3 милијарди евра годишно што завршуваат во нашата економија. Ама не би исклучил дека низ Македонија проаѓаат толку пари годишно.
:icon_lol:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Можеби интересен податок:

.......„Сме имале случај каде што било продавано земјиште и други локации коишто воопшто не биле за продавање, воопшто не биле градежно земјиште или воопшто не биле предвидени за индустриска област”.

Бауман вели дека германските инвестици во Македонија се движат меѓу 30 и 40 милиони евра, во Хрватска 2,5 милијарди евра, а во Србија 1,5 милијарди евра.....

http://www.time.mk/read/3af1e9f1b8/12dff73b05/index.html


Германските инвеститори ги изгубивме уште во годините кога Србија и Хрватска војуваа или поточно годината кога Ауди требаше да влезе во Македонија. Во тие години во Струмица имаше неколку фирми кои сакаа да инвестират во земјоделието но по тогашните правила на игра им се бараше ппровизија.
Имав прилика да разговарам со Германец кој дел од својот бизнис во периодот 2003-2005 сакал да го префрли во Македонија, од него лично дознав со какви административни потешкотии се судрил во тоа време. Да не зборувам за она што му било барано „под маса„. Муабетот ми е кај Германците еднаш ако го загубиш авторитетот тој тешко се враќа. Па затоа и до ден денес ни ги спомуват нерешените правно имотни односи и потешкотиите кои ги имале пред многу години.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Странските инвестиции наместо да растат, се повлекуваат

15.12.2011, 18:21
Одлевањето на инвестициите е знак дека и годинава нема да може да се пофалиме со подобро конто на полето на странските инвестиции.
Во период кога сите очекуваа странските инвестиции да растат, тие се одлеваат. Според последните податоци на Народна банка на Македонија, во септември годинава странските инвеститори повлекле 11 милиони евра од својот капитал. Поради ова, вкупното ниво на странски инвестиции за деветте месеци од годинава се спушти на 182,6 милиони евра во однос на августовските бројки кога тие се искачија до близу 200 милиони евра.

Вакво одлевање инвестиции беше карактеристично и во месеците април, мај и јуни, кога вкупно се повлекоа околу 60 милиони евра, со овие 11 во септември, излегува дека годинава се одлеале над 70 милиони евра странски инвестиции. Најголем раст на инвестиции имаше во почетокот од годинава, во јануари, февруари и во март. Во март влегоа најголемиот дел, или речиси 100 милиони евра.

Одлевањето на инвестициите е знак дека и годинава нема да може да се пофалиме со подобро конто на полето на странските инвестиции. Ако е за утеха, сепак, оваа ќе биде подобра од претходните две години. Од 2009 година кога во земјава влегоа само 145 милиони евра СДИ и од 2010 која ја завршивме со 159 милиони евра СДИ. Но, се' уште сме далеку од најдобрите години по влез на странски инвестиции 2008 година кога во земјава влегоа 400 милиони евра и 2007 година кога нивото на СДИ изнесуваше рекордни 506 милиони евра. Најзначајна инвестиција со која може да се пофалиме годинава е реконструкцијата на аеродромот „Александар Велики“, само таа вреди 100 милиони евра. (С.М.)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Голем одзив на инвеститорите за секој достапен квадрат во општината Петровец. 17 парцели или вкупно 55 хектари државно земјиште се продадоа на оглас на кој се јавија преку дваесет компании.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/investiciski-bum-vo-opshtina-petrovec
 

Kajgana Shop

На врв Bottom