Инвестициски БУМ во Македонија

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
А зошто ние не инвестираме во некоја друга земја шо па чекаме другите да инвестираат кај нас,
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
57
Поени од реакции
20
Полека со инвестициите у друга земја дечко, ..... се скинавме кај нас од работа па стигнавме и на странци да им даваме работа....
--- надополнето: Dec 2, 2011 2:11 AM ---
Чисто онака.....знаеш дека у Америка не постојат кафичи???? Не постојат такви места каде што џаболебарите и оние што имаат премалку работа се собираат и си споделуваат кој има помалце за работа.....Таму постојат само ресторани и барови, каде луѓето одат после работа, поштено да се опуштат и да направат муабет за светот и животот...а ние по цел ден дремеме на кафе заедно па кажи ми жити све за што би праеле муабет после работа а????
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Зошто Холандската компанија „Хавеп Импех“ ќе инвестира во Скопје и зошто не би инвестирала во другите градови...?
Кога треба да почне да се гради фабриката?
Zasto ke investirat vo skopje,ke gi prasas samnite investitori.Jas neznam zasto taka odlucile.
Dogovorot za kupoprodazba bil sklucen vcera,a koga ke pocne izgradbata neznam i toa. Vesta ja nacekav na net i ja spodeliv tuka na forumov. Mene ova me raduva,i ke dodadam deka vakvi investicii se dobredojdeni.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А зошто ние не инвестираме во некоја друга земја шо па чекаме другите да инвестираат кај нас,
Инвестираме ние во Бугарија, да пребројат да видиш колку Македонски компании имаат таму отворено „фирми“. И на тој начин се уживаат законите од ЕУ.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Расте интересот кај Кинеските бизнисмени за инвестирање во Македонија. Амбасадорот во Пекинг, Оливер Шамбевски вели дека големите корпорации секојдневно се информираат за бизнис поволностите на државава.
Досега присутни се во неколку сектори каде градат капитални објекти. Но и понатаму според Шамбевски најзаинтересирани се за инвестирање во енергетиката како и производството на храна.
Најголемиот трговски партнер на Европа, отворен е за соработка и со македонските компании. На кинескиот пазар веќе се извезуваат голем број производи. Трговската размена со Пекинг расте секоја година иако е со 300 милиони евра дефицит на наша страна.
По неколкуте саемски промоции, една винарница склучи договор за пласман на вино на источниот пазар во вредност од 250 илјади евра. Деновиве се очекува договор за извоз на поголеми количини да потпише и втор производствен капацитет.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kina-prodolzuva-so-investiciite-vo-makedonija
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Германски „Кронберг и Шуберт“ влегува во битолско Жабени

Германската компанија „Кронберг и Шуберт“ влезе во Битола. Завршени се сите административни процедури, а за неколку седмици се очекува и официјално потпишување на договорот за оваа најголема гринфилд инвестиција според бројот на идните вработени.​
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=83877
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Германски „Кронберг и Шуберт“ влегува во битолско Жабени


Германската компанија „Кронберг и Шуберт“ влезе во Битола. Завршени се сите административни процедури, а за неколку седмици се очекува и официјално потпишување на договорот за оваа најголема гринфилд инвестиција според бројот на идните вработени.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=83877
Конечно странска инвестиција и во другите градови.Само напред за министерот Веле Самак да се надеваме дека ке не изненади со уште многу нови инвестиции.
Веле Самак is the best! (y)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Конечно странска инвестиција и во другите градови.Само напред за министерот Веле Самак да се надеваме дека ке не изненади со уште многу нови инвестиции.(y)
pa imase prethodno i vo stip
kako i da e se nadevam deka trgnaa rabotite na podobro
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
2000 и кусур работни места ако отворат Кромберг ,тоа ќе биде одлично за Битола и околината..останува да видиме .
 
Член од
18 јули 2011
Мислења
13
Поени од реакции
16
Ајде вие експерти кажете ми груба бројка барем,колку се има инвестирано во Македонија оваа година .Значи не колку ќе се инвестира,колку СЕ инвестирало во Македонија оваа година? И да направеме споредба со земјите во регионот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ајде вие експерти кажете ми груба бројка барем,колку се има инвестирано во Македонија оваа година .Значи не колку ќе се инвестира,колку СЕ инвестирало во Македонија оваа година? И да направеме споредба со земјите во регионот.
За годинава нема, еве ти точна бројка за лани. 3.350.690.000 евра се странските директни инвестиции во 2010.
Извор: http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_Statistika_zemji_1997_2010_DI_22.xls
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Реновиран и модернизиран автокампот "Ас" во Струга

Струшкиот хотел „Дрим“ од неодамна започна со реновирање на автокампот „Ас“, кој е во нивна сопственост.
До почетокот на туристичката сезона од хотелот најавуваат дека ќе завршат со изградба на 40 ексклузивни бунгалови кои ќе бидат сместени во кругот на автокампот. Во тек е изградба и на сосема нов ресторан во кој ќе може да се одржуваат поголеми свечености, а на барање на туристите кои овде престојуваат ќе биде изградена и мала капела за венчавки во кампот.
- Новите ексклузивни бунгалови ќе бидат правени според вкусот на холандските гости кои неколку години наназад престојуваат во кампот, нешто што странските туристи се навикнати да го добиваат на други места. Тоа ќе бидат еден вид мали куќички во кои ќе може да престојува цела фамилија, и да се чуствуваат како да се сместени во хотел, вели Ана Јанчева, менаџер во хотелот „Дрим“.
Бунгаловите ќе бидат со различна големина и во нив ќе може да се сместат четири лица.
- Кампот за сега работи сезонски, само во текот на летото, а предвидено е тој да се адаптира и да работи и во текот на целата година. Ќе се преуреди и плажата со што автокампот „Ас“ ќе биде атрактивно место за посети, вели Јанчева.
Таа најави дека ќе се реновираат и дел од камп приколките кои не се во приватна сопственост. - Во моментот ги креираме цените за ексклузивните бунгалови и тие ќе бидат познати најдоцна до јануари. Во тек се преговори со седум странски тур оператори кои би носеле гости во „Ас“, рече Јанчева.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/renoviran-i-moderniziran-avtokampot-vo-struga
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Инвестиции има, вработувања нема!
Значи парите си остануваат кај лапачите од владата и за нивните послушници!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ТРИ ИЗРАЕЛСКИ КОМПАНИИ ДОГОВАРААТ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Маја Бајалска-Георгиевска

Три израелски компании од секторите фармација, медицина и земјоделство преговараат со македонски партнери за да влезат на македонскиот пазар, дознава „Капитал“
Три израелски компании од секторите фармација, медицина и земјоделство договараат бизниси во Македонија, дознава „Капитал“. Станува збор за една компанија која бара партнер за производство на инсулин во земјава, друга е во преговори со домашна компанија за изградба на болница за рано откривање на рак, а трета сака да откупува свежо овошје и зеленчук од Македонија.До овие информации дојде неофицијално „Капитал“ за време на business to business средбите меѓу македонски и израелски компании, кои вчера се одржаа во рамките на меѓународниот бизнис-форум што го организираше Македонско-израелскиот бизнис-клуб. На средбите меѓу бизнисмените не беа присутни претставниците на сите три заинтересирани компании, но според нашите извори, тие веќе контактирале со компании во Македонија со кои сакаат да соработуваат.
На Скопски саем со осумте израелски компании KNVB, Vertigo Robotics, Lamed investment and trade, PRG Group, Valin technologies, Runcom Technologies, Millennium Electric, Netafim, Tahal Fideco, Moshe Moskovits, Lamed investment and trade и White&sol се сретнаа повеќе македонски компании. Но, покрај домашните, на форумот со израелските фирми бизнис-контакти остварија и албански, косовски и босански компании, кои исто така беа поканети на форумот.
Амбасадорот на Израел, Давид Коен, кој е иницијатор за формирање на Македонско-израелскиот бизнис-клуб, кој се формираше во март годинава, рече дека е многу среќен што присуствува на овој бизнис-форум, на кој гледа како на можност за зголемување на трговската и вкупната економска соработка меѓу Македонија и Израел. “Јас сум нерезидентен амбасадор во Македонија, што значи дека покривам уште две земји и затоа овде има и компании од БиХ и од Албанија, што е уште поголема можност за business to business средби. Со оваа посета дојдоа и претставници на Машав, агенцијата за меѓународна соработка на Израел, чиј претставник ќе работи во Македонија во следните три години за да го сподели неговото искуство во земјоделството“, изјави Коен...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "КАПИТАЛ" од 15 декември 2011 година (четврток).

http://www.time.mk/read/af93290109/0216f5ba47/index.html
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
За годинава нема, еве ти точна бројка за лани.3.350.690.000 евра се странските директни инвестиции во 2010.
Извор:http://www.nbrm.mk/WBStorage/Files/Statistika_Statistika_zemji_1997_2010_DI_22.xls


Inglourious Basterd , провери бе малце , толку ли не ги следиш овие работи.

Во 2010-та сме имале само 159 милиони евра, мислам дека сме на последното место во цела Европа.

Во 2011 за првите девет месеци се влезени 235 милиони евра , и повторно слабо , испод предвидените 300 милиони.

Јас се чудам како опстојуваме, нема пари од инвестиции , нема од туризам , владините инвестиции одат на погрешно место ... Или се навикнавме на овие услови и не приметуваме во кое дереџе сме дојдени или пак тек сега следува нагло паѓање на стандардот, мора да пукне негде.

Колку за споредба , со некои соседски земји.

2010-та странски директни инвестиции :

Бугарија = 1.3 милијарда евра

.Србија = 1 милијарда евра

Албанија = 845 милиони евра

Црна Гора = 564 милиони

Хрватска = 440 милиони (имаа голем пад во 2010-та во споредба со претхотдните години, но сега веќе во 2011-та се опоравија , а за првите 6 месеци имаа 485 милиони евра. А во 2008-ма имале рекордни 4.2 милијарди евра).

Косово = 314 милиони евра

Македонија = 159 милиони евра

-

Другите балкански земји , како што реков имаат големи приходи и од туризмот, што не важи и за нас.

Туризам 2011 (првите девет месеци)

Хрватска : 6.2 милиарди евра (8.3 милиони туристи)

Албанија : 1.2 милиарди евра ( 3 милиони туристи)

Србија: 735 милиони евра

Словенија : 670 милиони евра

Црна Гора : 650 милиони евра (1.3 милиони туристи)

Македонија : .......................... ( 586 илјади туристи за цела 2010-та)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom