How I Met Your Mother

Кој ви е омилен лик од серијата

  • Вкупно гласачи
    301
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Сите шест ликови се своја приказна, а совршено се вклопуваат. Шегите на сценаристите се закон и што е најважно актерите знаат како да ја изведат шегата. Во HIMYM ја гледам онаа Робин и се чудам што бара во комедија. Апсолутно ја утнала работата. Баш синоќа гледав една епизода на Фокс за да утепам време ама не знам не знам од која сезона е, вие што ја следите поредовно подобро знаете од мене, и само зјапав во телевизор. Епизодата беше за Валентин, таткото на Маршал починал, овој отишол кај мајка му за да и помогне да закрепне од трагедијата, ама Маршал нејќеше да си замине. Лили дојде за да си го земе ( за тоа време облекла перница како човек за да ја пополни празнината што Маршал не е тука, мислам :confused:). Робин мртва озбилна, се бунтува против Валентин облечена во пурпурна боја. Лошо, полошо амин.
И во HIMYM сите ликови си имаат своја приказна, затоа ти си се чудела на Робин, бидејќи не ја знаеш нејзината приказна :) Иначе таа епизода со погребот не беше многу смешна, ама сепак беше погреб. Почни да гледаш од прва сезона и гледај се', тие така шо загледувате по некоја епизода на ТВ и ќе коментирате нешто шо нема врска...
И зошто мислиш дека HIMYM треба да биде замена за Friends или? Ај да нема веќе серии после нив.. -.-

Шербатски :love:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Види, Робин е интересна не е лоша, но од сите ми е некако најслаба алка. Инаку се согласувам дека серијата треба од почеток да се фати, зашто и јас кога ја гледав на почеток онака кога ќе ја фатам не ми беше интересна, ама кога земав скрос од почеток без прескокање, се заразив. :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
И во HIMYM сите ликови си имаат своја приказна, затоа ти си се чудела на Робин, бидејќи не ја знаеш нејзината приказна :) Иначе таа епизода со погребот не беше многу смешна, ама сепак беше погреб. Почни да гледаш од прва сезона и гледај се', тие така шо загледувате по некоја епизода на ТВ и ќе коментирате нешто шо нема врска...
И зошто мислиш дека HIMYM треба да биде замена за Friends или? Ај да нема веќе серии после нив.. -.-

Шербатски :love:

Им ги знам приказните на сите. И тоа од неколку епизоди. Не е ова некој мајндфак, па да се енигма карактерите. Изгледа не си го прочитал она што го напишав добро. Јас и дадов шанса на серијава, ја загледав од почеток, ама не ја можев повеќе. Толку треба и за да ја баталам. Воопшто не ми се допаѓа. Ако пребирам епизоди за да начекам некоја за да се насмеам, тешко мене. Сит ком треба да понуди многу повеќе од тоа. А оваа серија тоа не го нуди. Едноставно не ме влече. Јас гледам сит ком за да се насмеам, не знам за вас. А овие луѓе тотално не успеваат да ме насмеат. Повеќе одат кон драма, отколку кон хумор.

Околу споредбите со Пријатели не треба да си Ајнштајн за да го заклучиш очигледното, неколку пријатели, па врски меѓу нив, секогаш седат во нивниот омилен бар. А и самиот воведен пост во темата прочитај го ќе видиш сам. Демек серијава наликувала на Пријатели, ама била многу подобра од неа. Јас разбирам вкусови, ама ова чудо да се спореди со Пријатели стварно треба да си без вкус. Околу она да нема серии после Пријатели, има и тоа сериозно добри кои ни малку не наликуваат на Пријатели. Па ја имаш, Биг Бенг, Два и пол мажи кои си имаат оригинален плот и не наликуваат на некоја друга серија. Оваа наликува. Преземен концепт е.

Робин е најдосадниот лик во сит ком кој некогаш сум го видела. Женава не е смешна. Нити фацијалните изрази и се забавни, ниту она што го кажува. Не е за во сит ком.

Погледни ја анкетата горе. На скоро 70% од дечките кои ја гледаат серијата омилен лик им е Барни Стинсон. И со право. Другиве се жива досада. Да направиме анкета за Пријатели, што мислиш некој лик ќе се издвојува со толкав процент? Ми текнуваат епизоди кои сум ги изгледала и не можам да се сетам на ниедна смешна сцена. А верувај пробав да им дадам шанса. На Фокс загледував по некоја епизода, чисто да видам да не сум била грешка со стартот, може другите сезони се добри. Ама за жал, повторно наидов на истото. Едноставно глупаво сценарио кое не прилега за сит ком. Гледав некоја епизода каде се тркаа низ градот за да видат кој попрво ќе стигне со оглед на методот кој го одбрал. Умрев од досада на епизодата. Уште колку треба да изгледам за го утврдам очигледното - Ова не е добар сит ком, просечен е. Тргни го Барни и добиваш потпросечност.

А и друга работа на која се сетив. За ова може да ме корегирате ако грешам. Освен тој дечкото на Робин, водител што беше, јас во серијава на сум наишла на добар спореден лик. Во Пријатели го имате Гантер, Џенис, родителите на Моника и Рос. Во Фрејзер тоа се Булдог Бриско, Гил... овде кој? Тоа само кажува колку се неинвентивни сценаристиве на серијава.

Нема тука лутиш. :)
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Бла бла бла бла.....
A зошто упорно ја споредуваш серијава со Пријатели?
И неможеш да речеш дека е глупа, бидејќи е далеку од глупа.
Ликовите си се такви за да се дополнуваат меѓусебно, сеа ти виде дека пишувавме за последниве епизоди дека не чинат и одма ја напаѓаш цела серија. Серијата е добра од почеток градена и пак ќе ти пишам не си гледала се и неможеш да процениш убаво.
Како и да е, ако не ти се сфиѓа, немора да ја гледаш. Што уствари и токму тоа е тоа што ќе го направиш. :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Тоа е проблемот, јас да го глеам Star Wars и да го споредувам со Lord of the Rings, сигурно ќе најдам милион мани.

Али, има некои сличности, на пример - зашо мора да не се знае што работи Барни? It's, so like...Chandler!
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
A зошто упорно ја споредуваш серијава со Пријатели?
И неможеш да речеш дека е глупа, бидејќи е далеку од глупа.
Ликовите си се такви за да се дополнуваат меѓусебно, сеа ти виде дека пишувавме за последниве епизоди дека не чинат и одма ја напаѓаш цела серија. Серијата е добра од почеток градена и пак ќе ти пишам не си гледала се и неможеш да процениш убаво.
Како и да е, ако не ти се сфиѓа, немора да ја гледаш. Што уствари и токму тоа е тоа што ќе го направиш. :)
Ја споредува оти реално и тоа требаше да биде....замена за Пријателите.
Ако некој на некого му ја препорачуваше серијава, секогаш ја кажуваа како новите Пријатели.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Маршал e срце, воопшто не е најпразен лик. Прекрасен лик, со прекрасни особини. Добар, доблесен, фин, секогаш помага на сите, дури и на тие што не ги знае. Не знам по што он е најпразен лик.
 
Добро, ама од женска точка.

Од машка точка ти кажа Армин ваљда. И смешно е да се дебатира, има епизоди каде што Тед е интересен, има епизоди каде што Лили е забавна, Робин, Маршал...а Барни до 3-4та сезона беше во секоја епизода забавен, затоа е омилен.

И стварно не сфаќам вие како се одлучувате да гледате нови филмови и серии, само ако се замени за некои од вашите омилени?

"Еј брат, глеј го Biker Boyz, замена за Fast and Furious e!"

"Еј, играј ја Crysis 2, замена за Кантер страјк е!"

"Еј море, глеј ја Манчестер - Челзи, исто ко Барселона - Реал е!"

Очекувањата ве заебуваат, а за тоа не е крив ни Маршал, ни Лили или било кој друг.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
A зошто упорно ја споредуваш серијава со Пријатели?
И неможеш да речеш дека е глупа, бидејќи е далеку од глупа.
Ликовите си се такви за да се дополнуваат меѓусебно, сеа ти виде дека пишувавме за последниве епизоди дека не чинат и одма ја напаѓаш цела серија. Серијата е добра од почеток градена и пак ќе ти пишам не си гледала се и неможеш да процениш убаво.
Како и да е, ако не ти се сфиѓа, немора да ја гледаш. Што уствари и токму тоа е тоа што ќе го направиш. :)
Абе ме утепавте со аргументи. NOT!
Еве и неколку линкови. Не ја измислив јас споредбата.
Клик.
Клик.
Клик.
Прочепкај по Гугл ќе видиш дека постојано се прават споредби меѓу двете серии. Тоа не е никаква случајност.
Инаку не велам дека е глупа серијата. Туку дека ова не е сит ком. Којзнае што е, ама тоа сигурно не е.
Постот го напишав за да ми посочите што конкретно ве смее во серијава, се обидувам да видам што гледате во неа. Досега никој не се ни обиде да ме демантира. Поставете цитати, сцени кои ве насмеале. Чисто да видам што толку ви се допаѓа.;)
 
Извини, како преку кајгана ќе ти докаже некој дека е смешна?

Премногу на 9gag стрипови се осврнувате, а ако 9gag е некој репер за добар хумор, таму можеш да најдеш голем број на постови инспирирани од серијата. Nuff said?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Добро, ама од женска точка.

Од машка точка ти кажа Армин ваљда. И смешно е да се дебатира, има епизоди каде што Тед е интересен, има епизоди каде што Лили е забавна, Робин, Маршал...а Барни до 3-4та сезона беше во секоја епизода забавен, затоа е омилен.
.
Од човечка гледна точка. Робин ми е на моменти лигава, напорна и вештачка во глумењето. Ма да навивам ептен за неа и за Барни.
Маршал како човек е идеален. Жими се таков сакам да ми биде маж ми.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Од човечка гледна точка. Робин ми е на моменти лигава, напорна и вештачка во глумењето. Ма да навивам ептен за неа и за Барни.
Маршал како човек е идеален. Жими се таков сакам да ми биде маж ми.
Тоа ти реков де, ко шо ти е Робин лигава на тебе, на мажите им е Маршал. И обратно изглеа. :)
Глеј го тогаш и Forgetting Sarah Marshall, греота е таму човекот. :(
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Извини, како преку кајгана ќе ти докаже некој дека е смешна?

Премногу на 9gag стрипови се осврнувате, а ако 9gag е некој репер за добар хумор, таму можеш да најдеш голем број на постови инспирирани од серијата. Nuff said?
Мац извртуваш постови до немајкаде. Јас барам од вас да ми покажете што ве смее од серијава. Ставете некој клип мајке му. Сигурно си ја разгледал темата за Пријатели, таму постојано се ставаат линкови од смешни сцени. Не знам како поинаку да ви поедноставам. Додуша и не морам. Кога се нема аргументи, работата само ќе се вергла во круг.

П.С И инаку, бар што се однесува до мене, ја пуштив серијава да ја гледам зашто беше нов популарен сит ком, не зашто очекував дека е замена за Пријатели. Како би го знаела тоа пред да погледнам за што се работи? Изгледав неколку епизоди и не треба многу човек да се намачи за да сфати дека играа на веќе искористена карта. Ти сериозно тврдиш дека имаат оригинален плот и инвентивни сценаристи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom