How I Met Your Mother

Кој ви е омилен лик од серијата


  • Вкупно гласачи
    301
  • Гласањето е завршено на .
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Првите 4 сезони се awesome и се имам цепено на скоро сите епизоди. Тоа е факт, е сеа последниве 5 и 6 сезона со многу послаб хумор беа, а веќе седмава го изгуби хуморот скрос.

И така
Остај го јас му јадев гомна нешто прееска за неговата омилена игра Assassins Creed, па сеа изглеа сака да ми врати и да трола за HIMYM. :ROFLMAO:

Myth busted!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.923
Поени од реакции
7.017
Многу некако на драма ја свртија серијава, не ви се чини така? Ех....каде е хуморот од првите 2 сезони....?
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Зашто нема искочено нова епизода ?
Во понеделник ќе искочи на 19ти. :)

Инаку како што тргна серијава мислам до 2030 ќе ја даваат. „Е сеа како ја запознав мајка ви, ама чек прво нешто друго...чек нешто трето... чек...“ аман бе. Ја гледам од причина што баш сакам да видам како ќе заврши.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Во понеделник ќе искочи на 19ти. :)
Нема нова епизода наредната недела, баш проверив на CBS ќе даваат реприза.
Сега доаѓаат празниците, се' е на пауза. :) Така да, веројатно некаде првата недела од јануари ќе има нова епизода.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Нема нова епизода наредната недела, баш проверив на CBS ќе даваат реприза.
Сега доаѓаат празниците, се' е на пауза. :) Така да, веројатно некаде првата недела од јануари ќе има нова епизода.
Мислев дека е некоја нова „Change of heart“, ама изгледа од 6та сезона ќе репризираат. Крисмас им е :)

Mon
Dec 19

How I Met Your Mother
A CHANGE OF HEART
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Не ми е толку интересно вака епизода по епизода на две недели, кога ги изгледав 6 сезони за месец и кусур онака бев соживеан со ликовите интересно, вака се заборава. Шит. Ќе остам да ми се соберат неколку.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 20:50 ---
ако успеам да не ги гледам
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.282
Поени од реакции
8.450
Ма никад да не извадат нова епизода.....
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Знам ќе си ги навлечам на грб фановите на серијава на форумов ама мора да прашам: Што гледате смешно во серијава? Ова не е комедија, сценаристити им се трагедија. Шегите не се шеги. Не можам нити да ги дефинирам. Сит ком служи да те насмее здраво, како Пријатели или Фрејзер, Лудиот Град итн... Ова чудо како ве смее просто се чудам. И дадов шанса на почетокот и многу ми се допадна ликот на Барни, другиве ми беа трагикомедија. Сериозни, тотално нехаризматични и комплетно несмешни. И после неколку епизоди и Барни ми се смачи. Ако сит ком серија од пет ликови се влече на грб на еден лик, тури пепел на таа комедија. Има серии како на пример Доктор Хаус, кои се држат строго на изведба на еден актер, ама тоа е сосем друг тип на серија. Овде во оваа серија, особено зашто е сит ком тотално е неприфатливо тоа да се направи.

Земете го следниов факт во предвид. Ако Барни го нема, ова е тотално потпросечна серија. Многу ми е изнасилено ова, после Пријатели сите очекуваа некаква замена, па се фатија на тој воз студијата што ги снимаат сит комедиите. Мислам и дека рејтингот на серијава најмногу се должи на фактот што многумина ја сметаат како замена за Пријатели. Ама ниедна копија не е како оригиналот. Компактноста на Пријатели е невидена реткост. Сите шест ликови се своја приказна, а совршено се вклопуваат. Шегите на сценаристите се закон и што е најважно актерите знаат како да ја изведат шегата. Во HIMYM ја гледам онаа Робин и се чудам што бара во комедија. Апсолутно ја утнала работата. Баш синоќа гледав една епизода на Фокс за да утепам време ама не знам не знам од која сезона е, вие што ја следите поредовно подобро знаете од мене, и само зјапав во телевизор. Епизодата беше за Валентин, таткото на Маршал починал, овој отишол кај мајка му за да и помогне да закрепне од трагедијата, ама Маршал нејќеше да си замине. Лили дојде за да си го земе ( за тоа време облекла перница како човек за да ја пополни празнината што Маршал не е тука, мислам :confused:). Робин мртва озбилна, се бунтува против Валентин облечена во пурпурна боја. Лошо, полошо амин.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И јас не ја сакам Робин, некако не ми се вклопува и на моменти вештачки делува со глумата, се гледа дека чека да дојде нејзин ред за да каже нешто...

Иначе Рокенрола и јас го делев твоето мислење скрос, ама кога здраво седнав од прва епизода да ја гледам, некако се приврзав за серијата. Мислам не е подобра никако од легендардните ситкоми, ама ако ја загледаш не е ни лоша... :)
Маршал е злато човек, мече човек, среќна е Лили што го има. Детска душа има, добар е ептен! :)

П.С И мене ми беше глупа епизодата вчера... :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom