Склекови

  • Креатор на темата Креатор на темата the Consigliere
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нив на нејапонската популација им ги пренесува првиот нејапонец со црн појас во Нинџутсу, израелецот Doron Navon. Се изведуваат така што треба да се рашират нозете како за шпага, да половиот орган ви биде од 25 до 40 цм од тлото, од оваа позиција со горниот дел на телото склекате нормално и откога ќе ја достигнете најниската позиција го истегнувате целото тело нанапред и одите горе( ова движење треба да наликува како движење на елипса) и повторувате поново и поново додека можете.
Не се за почетници бидејќи потребен е голем напор за нив!

Ова личи на Сурја Намаскар од јога, точно знам на кои склекови мислиш :).
 
Правете како војниците по 1.000 склека на ден па напишете колку ви е максимумот во една серија :icon_mrgr:
 
нема 1000 склека на ден да предизвика катаболизам?

Ако одиш теретана тогаш подобро не.. ама ако вежбаш по дома само склекови слободно навали на нив :D
 
Многу тешко ми иде со слековиве .. Совет некој да ми даде како да се подобрам ? :)
Пробај на овој начин да ги правиш
ако неможеш тогаш пробај на ваков начин(склекови на зид)
vjezba8.jpg
 
Дали некој до сега имал болки во рамото после правење склекови?

може не си загреан убаво или пак правиш секој ден.. Одмори неколку дена.. Ако пак има тогаш може ти е ебано нешто рамото..
 
Не знам дали е спомната странава во претходните постови: http://www.hundredpushups.com/

Има програма детална, и наводно за 6 недели се доаѓа до 100 склекови. Ама јас нешто заглавив, појше од 50 не можам да напраам, губам сила во трицепсите..
 
Програмата е срање.. Ако сакаш да зголемиш на склекови мораш да правиш повеќе склекови.. ако веќе сакаш да правиш по 100 во серија ќе мораш да правиш на пример 700-1000 склека.. Зборубам за многу серии од кои телото ќе ти се навикне на таа вежба и ќе можеш повеќе да правиш..
 
Луѓе ај да прашам и јас...кога правам склекови осеќам болка во десното рамо , до што ќе да е...(не правам секој ден, а кога правам еднаш ,двапати во неделата вежбам со ташна со книги) :) фала однапред
 
И јас осеќав болка на почеток кога почнав да правам склекови. Во десното рамо во пределот кај што се спојуваат клучната коска и коската од раката (humerus). На почеток иако ме болеше трпев, но болката се засили со време. Прекинав да правам склекови, и правев само вежби за рамо (летање и сл.) По некој период кога почнав пак да правам склекови веќе немав болка, изгледа зајакнало рамото, `рскавицата или што знам. И обавезно се загревам пред склекови, 10 целосни кругови со рацете во двата правци (брзо). И само тоа последното ако го правиш мислам дека ќе ти се намали или ќе ти ја снема болката, освен ако не ти е тоа некоја повреда.
 
Фала друже на брзиот одговор ...ќе те послушам пред правење ќе се загревам па се надевам ќе попушти, а не сум се повредил не мислам дека е до тоа...поздрав :)
 
Луѓе ај да прашам и јас...кога правам склекови осеќам болка во десното рамо , до што ќе да е...(не правам секој ден, а кога правам еднаш ,двапати во неделата вежбам со ташна со книги) :) фала однапред
и јас имам таква болка добро ќе биде некој да најде чаре
 
Луѓе ај да прашам и јас...кога правам склекови осеќам болка во десното рамо , до што ќе да е...(не правам секој ден, а кога правам еднаш ,двапати во неделата вежбам со ташна со книги) :) фала однапред

Можеби не се поставуваш правилно во рацете.. гледај две те раце еднакво да ти бидат отворени.
 
најважно е загревањето за склекојте..кругој со рацете нанапред и наназад пред вежбање мора :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom