Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
11 септември 2010
Мислења
101
Поени од реакции
9
Ова е плоштадот во Автокоманда кај што се наоѓа и споменикот на Филип II. Наскоро ќе го отворат плоштадот зашто гледам дека работите се при крај :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Уште еден грандиозен воин од 13 метри во Скопје!

Воинот ќе го придружуваат тројца војници во воена облека од елитниот одред на хипасписти

По "Воинот на коњ" Скопје ќе добие скулптура на уште еден толку голем воин. Со висина од 13 метри, во стоечка положба, овој воин од плоштадот "Карпошово Востание" ќе гледа кон оној на плоштадот "Македонија". Двете скулптури се со речиси иста висина - "Воинот на коњ" има 13 метри до главата, а со мечот е висок 14,5 метри. Автор на двете дела е Валентина Каранфилова - Стевановска.
"На плоштадот "Карпошово Востание" ќе биде поставена фонтана со три помали придружни фонтани. На главната фонтана, односно на највисоката каде што ќе биде поставен воинот, ќе бидат поставени и тројца војници претставени во воена облека од елитниот одред на хипасписти како најдобри и најхрабри поединци ја сочинувале кралската гарда", открива за ВЕЧЕР Каранфилова - Стевановска.
Моментално фирмата Бетон - Скопје работи на бетонскиот дел од столбот со дијаметар од 3 метри и висина од 15 метри.
"Столбот ќе биде обложен со масивен мермер и релјефи од бронза на коишто ќе бидат поставени повеќе придружни фигури. Најгоре на столбот ќе биде поставена скулптурата на воин во стоечка положба со висина од 13 метри. Во моментот се лие во бронза. За неколку месеци би требало да биде готов во бронза", ни рече Каранфилова - Стевановска. Таа ни кажа и дека двете помали фонтани ќе бидат збогатени со длабоки релјефи излиени во бронза и мермер на коишто ќе бидат претставени растенија што виреат на македонското поднебје како тутунот, магарешки трн, афион, папрат и др. На истите фонтани ќе бидат претставени бронзени коњи и лавови, сите различно поставени во различно движење. Се планира целото монументално решение да биде готово до крајот на 2012 година.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B59E653E67A9FB4C907216C6ACE72F35


ОК, ЗОШТО? Што кур ќе ми е овој огромен споменик на непознат чичко?! Да се гледаат со Воинот спроти мостот? Се губи поентата на плоштадов веќе...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
ОК, ЗОШТО? Што кур ќе ми е овој огромен споменик на непознат чичко?! Да се гледаат со Воинот спроти мостот? Се губи поентата на плоштадов веќе...
Да не е осамен воинот. Откај знаеш може и некоја фамилија ќе се погодат. Плус, децата ги учиме на култура. Да почитуваат постари. Пошто цел плоштад полн со чичковци... :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Се прави муабет дека е Филип таткото на воинот на коњ, али не сакаат да го именуваат по име па му измислија нешто слично како и на Аце :tapp:
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Се прави муабет дека е Филип таткото на воинот на коњ, али не сакаат да го именуваат по име па му измислија нешто слично како и на Аце :tapp:
Да Филип е ама пилките наши во власта ги срам да ги имаенуваат и се соочиваат со исмејување .
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Овој проект од СК.2014 ептен не го подржувам, уште еден огромен споменик и фонтана до веќе постоечкиот.
За ова зборував и во темата Ск.2014, пренатрупување, ептен непотребно, па мора ли баш во центар, шо не го стават во некој плоштад во друга Скопска општина, ако веќе не може во друг град.

И нека ми кажат и најголемите подржувачи на Ск.2014, дали е нормално поголем број од спомениците, т.е најголемите и најскапите да ги прави една иста личност, фамознта и незаменлива Валентина- уметникот милионер?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Просторот којшто треба да се уреди беше со години запуштен, сега ќе добие нов и убав лик. Со заокружување на театарот, музејот на холокаустот, археолошкиот музеј/уставниот суд просторот ќе се оплемени, за разлика од поранешното сивило, мртвило и изглед на узбекистанска вукојебина, сега ќе имаме простор со европски изглед.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Со оглед на тоа како излегоа некои споменици од други автори, првенствено тој пред Собранието,јас немам ништо против Валентина да ги добие сите споменици(ако веќе запнале толку со споменициве).Жената се гледа дека ја бива.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
И нека ми кажат и најголемите подржувачи на Ск.2014, дали е нормално поголем број од спомениците, т.е најголемите и најскапите да ги прави една иста личност, фамознта и незаменлива Валентина- уметникот милионер?
А кој друг? Си има тендери, си има предлози од различни уметници... не е она крива што предложила најдобар модел.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
А кој друг? Си има тендери, си има предлози од различни уметници... не е она крива што предложила најдобар модел.
А од каде да знаеме дека пратила најдобар модел? Јас не ги видов другите предлог скулптури.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
А кој си ти да ги видиш? Има конкурси, ако пратиш ќе видиш. Башка ова како што гледаш е целина, нема ваљда 50 уметници да прават секој посебни скулптури, на што ќе личи тоа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Сега па ептен личи на усогласена целина целиот проект.(y)
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Добро тоа е личен впечаток. Нормално е кога се работи за уметност на некого да му се допаѓа на некого не. И почекај да се доврши проектот па да можеме да коментираме. Пред да се постави Александар на плоштад, какви не излишни дискусии имаше, мал бил голем бил, му*ата му биле вакви, коњот бил крив, се донесе се постави се пушти фонтаната и не верувам дека има искрен човек кој би кажал помалку од добар е. (зборувам за изгледот, а за тоа дали требало да има споменик, не требало, чиј споменик и тн. тоа е друг муабет).
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
А кој си ти да ги видиш? Има конкурси, ако пратиш ќе видиш. Башка ова како што гледаш е целина, нема ваљда 50 уметници да прават секој посебни скулптури, на што ќе личи тоа.
Јас сум граѓанин кој што плаќа данок и имам право да знам дали по ова прашање парите од буџетот се трошат наменски или пак се перат.

Транспарентност нула. Уште потрагично што некои дури и ги оправдуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom