Не е тоа никаков факт..............................
.......................Јас не тврдам дека не си во право, само тврдам дека намерно еден дел од вистината ја преќутуваш. А тој дел укажува на тоа дека науката знае да тврди погрешни нешта во даден момент (период). Ти можеш тоа да го нарекуваш како сакаш, можеш колку сакаш оправдувања за тоа да дадеш, но тоа е факт..
..................
..................................
... Погрешни нешта..... ај да не бидеме преостри... повеќе би одговарало .... тврдење со недоволно утврдена точност...
... Аман бе ..и ти ли бе тргна по тоа... науката да даде сега, веднаш и одма конечни одговори за се и сешто... па ти и другите го немате разбрано основниот концепт на науката, дека таа е жива материја и дека е подложна на корекции и дополнувања во зависност од новодознаените влијателни фактори и техничкото осовременување на методите на истражување....
...си запнал за .азбестот... зошто, кога и како.... е па види... на некои факултети тука и во светот со години се изучуват предмети, машински материјали, градежни материјали итн.... исто така стално ново и наново се испитуваат материјалите, се прават разни комбинации, се тестираат и мерат нивните карактеристики, својства и взаемно дејствие, врз основа на тоа ( полезните и штетните особини) се извлекуваат заклучоци и препораки кој материјал за каде и за што е... да се вратиме на азбестот неговата употреба како градежен материјал... релативно ефтин, лесен за обработка, термички стабилен, огноотпорен, добар термички изолатор (ги штити цевките од замрзнување а со тоа и од пукање) значи со еден збор идеален за масовна употреба... но стално има едно но (тука доаѓа..корекцијата, науката не пати од таштина дека е апсолутно непогрешива) ..со развој на дијагностиката и дополнувањата на знаењата за можните причинители на тешките болести (за што требало години и години макотрпна работа) се дошло до сознание дека тој, азбестот, вдишувањето на неговите влакна е крајно ризично, врз основа на тоа е донесена и одлука за негово повлекување од секаде освен од таму каде е неопходен и не постои негова соодветна замена но со пропишување на обавезни заштитни средства...
..можам и за другите работи да ти пишам... но долго ќе биде...