Религиите во 21-виот век

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
........................
.......................Јас не тврдам дека не си во право, само тврдам дека намерно еден дел од вистината ја преќутуваш. А тој дел укажува на тоа дека науката знае да тврди погрешни нешта во даден момент (период). Ти можеш тоа да го нарекуваш како сакаш, можеш колку сакаш оправдувања за тоа да дадеш, но тоа е факт..
..................
..................................
Не е тоа никаков факт......
... Погрешни нешта..... ај да не бидеме преостри... повеќе би одговарало .... тврдење со недоволно утврдена точност...

... Аман бе ..и ти ли бе тргна по тоа... науката да даде сега, веднаш и одма конечни одговори за се и сешто... па ти и другите го немате разбрано основниот концепт на науката, дека таа е жива материја и дека е подложна на корекции и дополнувања во зависност од новодознаените влијателни фактори и техничкото осовременување на методите на истражување....

...си запнал за .азбестот... зошто, кога и како.... е па види... на некои факултети тука и во светот со години се изучуват предмети, машински материјали, градежни материјали итн.... исто така стално ново и наново се испитуваат материјалите, се прават разни комбинации, се тестираат и мерат нивните карактеристики, својства и взаемно дејствие, врз основа на тоа ( полезните и штетните особини) се извлекуваат заклучоци и препораки кој материјал за каде и за што е... да се вратиме на азбестот неговата употреба како градежен материјал... релативно ефтин, лесен за обработка, термички стабилен, огноотпорен, добар термички изолатор (ги штити цевките од замрзнување а со тоа и од пукање) значи со еден збор идеален за масовна употреба... но стално има едно но (тука доаѓа..корекцијата, науката не пати од таштина дека е апсолутно непогрешива) ..со развој на дијагностиката и дополнувањата на знаењата за можните причинители на тешките болести (за што требало години и години макотрпна работа) се дошло до сознание дека тој, азбестот, вдишувањето на неговите влакна е крајно ризично, врз основа на тоа е донесена и одлука за негово повлекување од секаде освен од таму каде е неопходен и не постои негова соодветна замена но со пропишување на обавезни заштитни средства...

..можам и за другите работи да ти пишам... но долго ќе биде...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Па не би рекол дека сите религии се во 21 век. Има и такви кои мака мачат да го пребродат 15 век. Како и да е некој премногу се реформирале некој премногу останале конзервативни она што мене најмногу ми пречу во 21 век е непочитувањето на останатите религии и основните човекови (тука мислам и на жените) права на одлука.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Не е тоа никаков факт......
.
Е како бе не е факт?

Ти приметуваш ли сушта спротивност во исказите:

Плутон е планета.
и
Плутон не е планета.

Апсолутно не ја апсолвираме причината заради која науката еднаш тврдела вака, а друг пат така.

Не барам од науката конечни одговори за се. Само барам да не ја претставуваме во погрешно светло на апсолутноста и безгрешноста.
 
Не вреди да се губи време и да ти се одговара...ионака ништо не си разбрал нити ќе разбереш!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Не вреди да се губи време и да ти се одговара...ионака ништо не си разбрал нити ќе разбереш!
Е не ја, него ти нема да никад да разбереш!

Кон другите: -Убаво му реков, нели?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не спорам околу овие работи. Значи, во право си за ова што го збориш и нема потреба да ми го објаснуваш.
Но, еден момент го прескокнуваш:.
Се чини дека и ти прескокнуваш...

Како дошле на идеја луѓето да корстат азбест за цевки?
Врз основа на научни сознанија или онака на рандом - ајде ќе праиме од.... од.... ај нека биде азбест.
Идејата најверојатно ја добиле градежните претприемачи. Најверојатно, односот цена/перформанси бил одлучувачки. Секогаш е така. Ова е проблем во доменот на бизнисот. Кога еднаш биле откриени негативните ефекти (од страна на вредните научници-истражувачи), материјалот се прогласил за штетен. Благодарение на науката.

На кој му текнало дека Плутон трба да има статус планета?
Some random non-scientist dude?
И сите го прифатија тоа негово тврдење ?
Правењето со сил глупав, нема да те направи посимпатичен. Напротив.

Терминот планета е терминолошка конвенција, не е научно тврдење. Конвенцијата е договор, за именување во овој случај. Терминот (договорот) е променет. Од друга страна, научно утврдените факти - големината, брзината на движење, оддалеченоста од сонцето...- се сеуште точни.

Градиш аргументи на бош основа.

Јас не тврдам дека не си во право, само тврдам дека намерно еден дел од вистината ја преќутуваш. А тој дел укажува на тоа дека науката знае да тврди погрешни нешта во даден момент (период). Ти можеш тоа да го нарекуваш како сакаш, можеш колку сакаш оправдувања за тоа да дадеш, но тоа е факт.
Факт е.

Токму тој факт го движи човештвото напред. Фактот дека никој не е безгрешен. Фактот дека никој и ништо не е совршено. Секоја грешка, секоја заблуда ќе биде исправена, токму затоа што се бараат и се пронаоѓаат грешките околу нас. Тоа го прави науката. Религијата секогаш мантра една иста бајата и анахрона приказна. Лаже и прикрива. Плаши и се заканува.

- субјективно мислење на атеист.
Исто е твоето мислење за вистините на Исламот. Исто ти е и за вистините на хиндуизмот. Се потсмеваш на вистините на абориџините и на маите. Шо кур поголем фраер си ти од мене, па да не ти се смеам јас на твоите вистини?!?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не барам од науката конечни одговори за се. Само барам да не ја претставуваме во погрешно светло на апсолутноста и безгрешноста.
А каде си видел ти тврдење дека науката е апсолутна и безгрешна? Науката е самокритична, испитува, експериментира и се самокорегира. Таа не пласира апсолутни и неменливи вистини, читај - догми.
Тоа што ти го преставуваш како слабост на науката, е всушност нејзината најјака страна! Тоа што постојано преиспитува. Да небеше таа, сега ќе ги немаше ни техничкиве средства како компјутерот пред тебе и условите како интернетот за да плукаш по неа.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Како дошле на идеја луѓето да корстат азбест за цевки?
Врз основа на научни сознанија или онака на рандом - ајде ќе праиме од.... од.... ај нека биде азбест.
Бидејќи азбестот поседува одлични изолаторски својства и е доволно лесен (ефтин) за добивање.
Значи, на некој му требало изолација за некоја градба или сл. и се одлучува таа изолација да биде од азбест заради својствата и цената. Но подоцна е откриено дека азбестот предизвикува рак на белите дробови при вдишување на азбестните влакна од кои е создаден азбестот и е многу смртоносен. За да некој вдише азбестни влакна, материјалот кој вклучува азбест треба да биде скршен или сл. Значи азбестот е безбеден се додека е во градбите.

На кој му текнало дека Плутон трба да има статус планета?
Some random non-scientist dude?
И сите го прифатија тоа негово тврдење ?
На астрономите најверојатно, пред повеќе од осумдесетина години кога е откриен Плутон. Докажано било дека Плутон орбитира околу Сонцето во некоја приближна рамнина како и планетите и додаден е како планета според тогашните класификации за планета.
Подоцна, со откривањето на нови небески тела со големини слични како Плутон, но со чудни орбити, решено е дека дефиницијата за планета треба да се подобри (инаку ќе дојди Сончевиот систем да има дваесетина планети, па и повеќе?) и Плутон е исфрлен од таа дефиниција.

Јас не тврдам дека не си во право, само тврдам дека намерно еден дел од вистината ја преќутуваш. А тој дел укажува на тоа дека науката знае да тврди погрешни нешта во даден момент (период). Ти можеш тоа да го нарекуваш како сакаш, можеш колку сакаш оправдувања за тоа да дадеш, но тоа е факт.
Ама не се погрешни!
Научниците едноставно не знаеле дека тогаш постојат и други примероци од тој вид кои не се истребени. И за тоа време биле истребени бидејќи не се знаело дека постојат други. Просто е.
Науката постојано дополнува, како што нашиот свет постојано и се менува. И тоа е она доброто во науката.

Исто како што не се знае за голем број видови кои денес постојат, но се уште не се откриени.

Да, барем така се рекламира дека праи. Но токму оваа твоја реченица, покажува дека можно е, науката во даден момент/период, во историјата, да тврди погрешни нешта.
Науката во даден момент го тврди тоа што дотогаш го знае, па макар и тоа да е грешно. Со нови откритија, само полека се стасува до вистината.

- субјективно мислење на атеист.
Еве да го спомнеме исламот. Што викаш, според тебе таа религија го лаже народот?
--- надополнето: 12 декември 2011 во 20:53 ---
Ах, ДБек горе ме претркал со одговорот. :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Идејата најверојатно ја добиле градежните претприемачи. Најверојатно, односот цена/перформанси бил одлучувачки. Секогаш е така. Ова е проблем во доменот на бизнисот. Кога еднаш биле откриени негативните ефекти (од страна на вредните научници-истражувачи), материјалот се прогласил за штетен. Благодарение на науката.
Па така кажи бе, знаев дека користењето на азбестни цевки има не-научно потекло, за разлика од одлуката за нивното исфрлање од употреба.

Терминот планета е терминолошка конвенција, не е научно тврдење. Конвенцијата е договор, за именување во овој случај. Терминот (договорот) е променет.
Да, да, полека ми се разјаснува како идат работите. Науката немала никакво влијание врз валидниот исказ (на времето) дека Плутон е планета, нити па има некаква врска со тоа. У ствари станувало збор за некаков договор, вероватно помеѓу тотално ненаучни субјекти.

Од друга страна, научно утврдените факти - големината, брзината на движење, оддалеченоста од сонцето...- се сеуште точни.
Тко шта зна, нитко ништа не зна. Крхко је знање.
Немој те молам вакви догми да и ги припишуваш на науката. Затоа што, можеби во иднина ќе дојдеме (строго преку научни испитувања и никако другачие) до други резултати. На науката тоа и е јача страна - се апгрејдуе и овие твои тврдења могуче е да бидат заменети со поинакви ( строго преку научни резултати, немој некој да си помисли нешо друго), а ова што го пишуваш за големина, брзина ќе биде етикетирано како факт со ненаучно потекло (договор, пазар, кладба...). Науката ти е променлива ствар, се мења и се унапредува. Може денес се ова фактите, утре може не, али строго како резултат на научни испитувања на вредните научници. Секоја грешка, секоја заблуда ќе биде исправена.

Шо кур поголем фраер си ти од мене, па да не ти се смеам јас на твоите вистини?!?
Е баш се загрижив ти дали се смееш на моите вистини (што и да подразбираш под тоа). Она за што се загрижувам е почитувањето на форумските правила. Поточно ме загрижува тоа што за некои може да важат, а за други други - не.
Значи, не ме загрижува подсмевот, туку начинот. Не би требало тој начин за некого да биде дозволен, а за некого не. Односно, ако ти смееш да користиш лични навреди во твоите постови, тогаш смеат сите или никој.
 
G

galaxy

Гостин
Значи признавате дека е малку лицемерно што ние како атеисти ги користиме неапсолутните вистини на науката против 'апсолутните' на религијата?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Ама не се погрешни!
Научниците едноставно не знаеле дека тогаш постојат и други примероци од тој вид кои не се истребени. И за тоа време биле истребени бидејќи не се знаело дека постојат други. Просто е.
Науката постојано дополнува, како што нашиот свет постојано и се менува. И тоа е она доброто во науката.

Исто како што не се знае за голем број видови кои денес постојат, но се уште не се откриени.
Абре вие не ги гледате нештата од аспект на апсолутната вистина туку од аспект на некаква научна вистина.
Од аспект на апсолутната вистина, окапито било живо додека науката тврдела дека е истребено, Плутон бил и пред 80 години тоа што е денес*. А науката тогаш тврдела дека е планета , а денес нешто друго. А он за целото тоа време си бил тоа што е денес. Причините за ваквите пресвртнички позиции (унапредување, развој, што и да е) колку и да се валидни не ги третирам сега.

Науката во даден момент го тврди тоа што дотогаш го знае, па макар и тоа да е грешно.
Ова цело време се обидувам да го објаснам. Апсолутната вистина не кореспондира секогаш со научната.

* или па кој знае, може утре ќе биде нешто трето.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 21:12 ---
Значи признавате дека е малку лицемерно што ние како атеисти ги користиме неапсолутните вистини на науката против 'апсолутните' на религијата?
Не, не,не. Тоа е сосема друга дискусија, која може да се начне, зошто да не.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ова цело време се обидувам да го објаснам. Апсолутната вистина не кореспондира секогаш со научната..
Ти овде цело време докажуваш и покажуваш дека апсолутно ама баш ништо не си разбрал нити пак имаш желба да разбереш....
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абре вие не ги гледате нештата од аспект на апсолутната вистина туку од аспект на некаква научна вистина.
Од аспект на апсолутната вистина, окапито било живо додека науката тврдела дека е истребено, Плутон бил и пред 80 години тоа што е денес*. А науката тогаш тврдела дека е планета , а денес нешто друго. А он за целото тоа време си бил тоа што е денес. Причините за ваквите пресвртнички позиции (унапредување, развој, што и да е) колку и да се валидни не ги третирам сега.

Ова цело време се обидувам да го објаснам. Апсолутната вистина не кореспондира секогаш со научната.
Апсолутни "вистини", има само во религиите, и тие како по правило паѓаат на тестот на времето. И тоа од никој друг, туку од научните, кој не тврдат за себе дека знаат се, кој не заплашуваат и не нудат лажна надеж.
За да знаеш нешто на апсолутно ниво, треба и твојот интелектуален капацитет да биде на апсолутно ниво! А тоа е невозможно од човечки аспект.
Религиските вистини, се апсолутни, колку што сум јас архиепископ.
Не можеш да дојдеш на 100 метри висина, а да ги прескокнеш првите 99. Науката е процес, таа постојано се усовршува! Таа не се појавила во "света објава" за да ги даде одеднаш сите вистини и одговори.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Абре вие не ги гледате нештата од аспект на апсолутната вистина туку од аспект на некаква научна вистина.
Од аспект на апсолутната вистина, окапито било живо додека науката тврдела дека е истребено, Плутон бил и пред 80 години тоа што е денес*. А науката тогаш тврдела дека е планета , а денес нешто друго. А он за целото тоа време си бил тоа што е денес. Причините за ваквите пресвртнички позиции (унапредување, развој, што и да е) колку и да се валидни не ги третирам сега.
Плутон е ист како и денес без разлика на дефиницијата за планета.
Окапито е исто како и кога науката немала информации дека таму некаде постојат неистребени припадници на видот.
И денес постојат небески тела за кои науката не знае, постојат и животни кои се уште не се откриени. Тоа не значи дека науката е грешка.
Науката го кажува она што го знае до даден момент, кога заради некое откритие се надополнува или менува.
Тоа е и целата суштина на науката.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Ти овде цело време докажуваш и покажуваш дека апсолутно ама баш ништо не си разбрал нити пак имаш желба да разбереш....
Е баш све сум разбрал и иам огромна желба да се здобијам со научно верифицирани информации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom