САД не е пријател на Македонија, тоа е факт и реалност

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Истото видео од погоре, од осма минута натаму изгледај го. И ќе ти стане се јасно. Зошто одбегнуваш да одговориш за Карпалак.

Отров благодарам за видеово. Сега е стварно полесно да се објаснат некои работи.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 12:25 ---

Изгледај го видеото душо. Не се трескај од земја. Истиот тој Панде побара ден-два. Доби три и не направи ништо. Ете го твојот докажан генерал. Или и Стево Пендароски лаже?
јас ти објаснувам зошто он не направи ништо ... дур не се мешаше меѓ заедница разбиени беа ДТГ на 2-3 места .... ама после кога се замеша не им даваа да пркнат и сеа што напраја твојте спасителе и наши големи пријатели САД ?
а за арачиново тука голем удел имаше и непрофесионалноста на МВР ама да оставеа уште само еден ден ќе го скршеа ама НЕ тука е Солана да ја "спаси" ситуацијата. и да точно е дека уште не беа толку влезени како што беше по планот ама прочитај ја книгата на панде па ќе видиш што било какко било ....
--- надополнето: 12 декември 2011 во 14:46 ---
Стево Пендаровски советник на Трајковски,единствениот кој "случајно" не се качил во авионот во кој загина претседателот Трајковски.Подоцна стана советник на Црвенкоски.
Да ,него баш мора да му веруваме за 2001-ва...
Жал ми е за некои овде кои се влажнат на Америка и не можат да видат колку тие се вмешани во војната 2001-ва.Доволен ми е фактот што целата логистика за ОНА доаѓаше од американската покраина Косово.
Кфор ли беа на границата косово - макеоднија :) или бабами беше значи јасно е ко ден кој што и како сакал да ни направи ама ете има момци којшто сакаат да веруваат дека САД ни се некој пријатели ..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Се нашле врвни воени експерти на темава :)
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Прашај го Израел колку време траат.
Македонската армија имаше средства (су-25, Ми-24, артилерија итн) и слободно можеше да ги срамни сите куќи со земја во Арачиново и останатите места каде што имаше терористи. Со голем број цивилни жртви ако треба, но можеше да се стори тоа. Впрочем, како што прави Израел.

Кажав еднаш, политичарите беа тие заради кои изгубивме 2001 година.
За Израелците решавачки се еврејските доселеници. Постојано на окупираните територии никнуваа нови и нови Еврејски населби,тоа е процес кој трае од основањето на Израел и е долгорочна цел. Израел
постепено ја менуваше структурата на населението. Потоа изгледа не случајно оние нови што се доселуваат на окупираните територии се од ткн. религиозни Евреи кои имаат исто по 10 деца како Арапите и се фанатици и сите се вооружени. Се разбира Израел ја плати и сеуште ќе ја плаќа цената но и нема некој Избор ако сака да опстои како држава.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 15:08 ---
Тогаш мме, дајте ќе ги смениме настаните после тоа.
АРМ и МВР поразени излегоа од Арачиново во лимени автобуси а сред село балистите ја прогласија независна република Илирида.
На настанот присуствуваа американските генералии кои беа нивни главни инструктори.

Денеска во Арачиново, слободно живеат Македонци, соживотот цвета според Стевета Пендаровског, е сеа тук таму има по некој екстремист кој успеал 100% македонски куќи да ги опожари.

Увек е таа логиката на овие прозападни ориентирани а со тоа се слабее македонската ударна сила. Абе излорани се тие инциденти, дај ми денеска број на жители Македонци во Арачиново, Матејче, 0.
Епа продале бе, кој им е крив, и тоа ќе го слушнеш.
Работите не можат да се сменат со некаква одлука или закон и сл. Од 2 СВ наваму се менува структурата на населението во Западна Македонија, се доселуваа од Косово итн. Ние додека бевме во СФРЈ ништо не презедедовме, напротив поради колективизација и запоставување на селата населението се иселуваше, но наместо празни села како во Мариово нив ги населија Албанци од Косово.
Американци тогаш немаше за да им ја префрлиме вината, самите тоа си го изработивме. За да се поправи нешто треба генерации и генерации да се сменат (можеби исто 50 години) и менталитет да се промени, да можевме за 2-3 дена војна да ги решиме биди сигурен дека тоа ќе го направевме.

Охридскиот договор само ја санкционира новата реалност, односно имаме повеќе од 20% Албанци и мнозинство се во Западна Македонија. Кога се формираше Асномска Македонија тоа не беше случај.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 15:46 ---
јас ти објаснувам зошто он не направи ништо ... дур не се мешаше меѓ заедница разбиени беа ДТГ на 2-3 места .... ама после кога се замеша не им даваа да пркнат и сеа што напраја твојте спасителе и наши големи пријатели САД ?
а за арачиново тука голем удел имаше и непрофесионалноста на МВР ама да оставеа уште само еден ден ќе го скршеа ама НЕ тука е Солана да ја "спаси" ситуацијата. и да точно е дека уште не беа толку влезени како што беше по планот ама прочитај ја книгата на панде па ќе видиш што било какко било ....


Кфор ли беа на границата косово - макеоднија :) или бабами беше значи јасно е ко ден кој што и како сакал да ни направи ама ете има момци којшто сакаат да веруваат дека САД ни се некој пријатели ..
За Арачиново има на крајот од 2 видео со Стево Пендаровски, нашите сили стигнале само до игралиштето на влезот од селото, предходно во разговор со Солана, Трајковски пренел дека нашиот Генералштаб проценува дека 1 до 2 дена е доволно Арачиново да биде заземено. За време на акцијата селото е само бомбардирано, но напредувањето е многу слабо. После примирјето кога се извлекуваа избројле 350 вооружени припадници на ОНА.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.351
Поени од реакции
26.354
јас ти објаснувам зошто он не направи ништо ... дур не се мешаше меѓ заедница разбиени беа ДТГ на 2-3 места .... ама после кога се замеша не им даваа да пркнат и сеа што напраја твојте спасителе и наши големи пријатели САД ?
а за арачиново тука голем удел имаше и непрофесионалноста на МВР ама да оставеа уште само еден ден ќе го скршеа ама НЕ тука е Солана да ја "спаси" ситуацијата. и да точно е дека уште не беа толку влезени како што беше по планот ама прочитај ја книгата на панде па ќе видиш што било какко било ....
Утепани беа од разбивање. Им ебавме мајката. Не можеа да се свестат. Ајде не летајте во облаци. Малку реално. Во Арачиново им фалело уште еден ден. Арачиново за 3 дена се напредуваше 200 метри, генерал Ангелов е жив и може да го потврди тоа, ти овде ми тврдиш дека за уште еден ден ќе биле готови. Ја имам прочитано книгата на Панде. Панде во книгата не кажува се. Генерал Петровски во книгата пишува дека незнаел дека за Арачиново се дадени три дена. Сите што присуствувале на средбата кај Претседателот Трајковски тврдат дека Панде бил задоволен со времето што му е дадено.

Полека од злите Американци стигнавме до нашата неспособност. Јас цело време тоа го тврдам. Во 2001 ние бевме неспособни да ја добиеме војната во рамките што ни беа дадени за војување. За тоа не треба да обвинуваме никого, туку самите себеси. И од тоа искуство треба да извлечеме поуки. Бродец е добар показател дека научивме нешто.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Не бевме неспособни туку неискусни.Цели 10 г. пред 2001-ва сите политичари Мк ја нарекуваа Оаза на Мирот,па во таа 2001-ва г се доведовме во ситуација на сред војна да набавуваме оружје.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
WOW кој го зедовте да објаснува што се случуваше 2001 - Стево Пендаровски, најверојатно единствениот сеуште жив човек од тогашниот кабинет на Трајковски, да се чуди човек како баш тој ден, токму он не беше у авионот што се сруши. Зошто се уништи можноста самиот Трајковски да ја раскаже вистината за 2001, го оставија само овој да ја раскажува неговата(нивната)варијанта. Али, слабо му иде у убедувањето, пустиот Стево нон стоп се тресе кога збори, го јаде нервоза.
Трагедијата наша е што сме премали и немоќни да смениме нешто, иако ни е совршено јасно кој е кој и што ни се случува.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Зарем менува нешто. Не гледам разлика. Второво зборче е поутешително само.
Како и да е,на некого му одговараше македонските безбедносни сили и 10 г. по независноста да бидат неспособни/неискусни,со изговор дека сме Оаза на Мирот.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.473
Поени од реакции
5.171
За Израелците решавачки се еврејските доселеници. Постојано на окупираните територии никнуваа нови и нови Еврејски населби,тоа е процес кој трае од основањето на Израел и е долгорочна цел. Израел
постепено ја менуваше структурата на населението. Потоа изгледа не случајно оние нови што се доселуваат на окупираните територии се од ткн. религиозни Евреи кои имаат исто по 10 деца како Арапите и се фанатици и сите се вооружени. Се разбира Израел ја плати и сеуште ќе ја плаќа цената но и нема некој Избор ако сака да опстои како држава.
Јасно ми е тоа и нашиот проблем е различен од проблемот на Израелците, кои одлично го решаваат.
Зборував од аспект на воен одговор врз терористите.
Да го земиме пример Арачиново.
Македонија имаше четири СУ-25ки. Еден СУ-25 има носивост негде околу 6-7 тони, не знам точно. Четирите Сухои во еден налет можеа да го срамнат Арачиново со земја. И да не е еден, Арачиново е релативно блиску до аеродромот од каде што се вооружува. За многу кратко време, можеа да го направат само Арачиново пепел.
Што беше проблемот? Цивили? Терористите да не имаа моќна ПВО па да не се плашеа нашите да ги изгубат авионите?

Проблемот беа оние кои го водеа конфликтот.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Утепани беа од разбивање. Им ебавме мајката. Не можеа да се свестат. Ајде не летајте во облаци. Малку реално. Во Арачиново им фалело уште еден ден. Арачиново за 3 дена се напредуваше 200 метри, генерал Ангелов е жив и може да го потврди тоа, ти овде ми тврдиш дека за уште еден ден ќе биле готови. Ја имам прочитано книгата на Панде. Панде во книгата не кажува се. Генерал Петровски во книгата пишува дека незнаел дека за Арачиново се дадени три дена. Сите што присуствувале на средбата кај Претседателот Трајковски тврдат дека Панде бил задоволен со времето што му е дадено.

Полека од злите Американци стигнавме до нашата неспособност. Јас цело време тоа го тврдам. Во 2001 ние бевме неспособни да ја добиеме војната во рамките што ни беа дадени за војување. За тоа не треба да обвинуваме никого, туку самите себеси. И од тоа искуство треба да извлечеме поуки. Бродец е добар показател дека научивме нешто.
не се зли туку само не ни се Пријатели нез како може некој да не го гледа тоа 0.о
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
За жал, заради корумпираноста(???) на нашите политичари, тоа не се случи.
Клучниот збор во целата ситуација.
Корупцијата, иако не може да се докаже поради тоа што актерите се сеуште фактор во РМ, е позади многу “чудни“ одлуки кои беа носени.
Уште една работа е чудна, за многу кратко време неверојатни количини на оружје беа поклонети на АРМ пред и за време на конфликтот а дел купени по ниски цени од Украина.

Турција,Италија,Германија,Бугарија,Чешка...донираа стотици тенкови, стотици транспортери, хаубици, ракетни фрлачи, пешадиско оружје и што све не...

Немаше и хелихоптери над резиденцијата на Претседателот, НЛО-а беа тоа.
Или американска подршка со светлечки ефекти.
За авионите дека полетале податокот го има и во книга, ќе ти го дадам и авторот и книгата. Да не треба да е американец авторот, ради апсолутната вистина ?
Сакаш да кажеш дека од Авиано полетале авиони со цел да дадат воздушна поддршка на герилците!?

Исто толку е грев, за истите тие војници, да се тврди дека Русија ни помогнала.

И логистичка поддршка е сосема доволна помош. Не мора да пуштат тенкови. Инаку НАТО ја нападнаа Србија, па така напад држава на држава не е невозможен. Албанија нема капацитет за такво нешто, ама можеше да им понуди прибежиште и логистика за долга герилска војна.

Бугарија беше опцијата што демек требаше да ни помогне. Знаејќи го Љубчо мислам дека едвај чекаше конфликтот да излезе од контрола за да ги повика неговите браќа на помош.
Во ред, смешно е да се тврди дека Русија помогнала.
Но од друга страна имаме шпекулации и реалност. Не можеш да ставаш шпекулација пред реални факти и со тоа да доловуваш поента.
Во реалноста, логистичка поддршка, порозна граница за повлекување и регрупирање, герилски кампови, прибежиште и сето тоа...беше овозможено од КФОР како администратор на таа територија која подоцна стана Р.Косово.
Значи територијата под директна управа на Нато беше логистичка база.
А тоа можеше да биде прекинато за кратко време со блокирање на границата, доколку САД и Нато биле “пријателски“ настроени.

За ралика од Албанија.
Шпекулациите што и како би било, дали Љубчо ќе барал интервенција од Бугарија и дали Албанија ќе се замешала...се само тоа, шпекулации и ништо повеќе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.351
Поени од реакции
26.354
Како и да е,на некого му одговараше македонските безбедносни сили и 10 г. по независноста да бидат неспособни/неискусни,со изговор дека сме Оаза на Мирот.
На македонските политичари најмногу. Поради стравот да им погледнат на проблемите во очи.
Што беше проблемот? Цивили? Терористите да не имаа моќна ПВО па да не се плашеа нашите да ги изгубат авионите?

Проблемот беа оние кои го водеа конфликтот.
Делумно цивилите, делумно тие што го водеа конфликтот. Сите институции на македонската држава во 2001 не беа на ниво. Мора да го признаеме тоа.
--- надополнето: 12 декември 2011 во 17:39 ---
Во ред, смешно е да се тврди дека Русија помогнала.
Но од друга страна имаме шпекулации и реалност. Не можеш да ставаш шпекулација пред реални факти и со тоа да доловуваш поента.
Во реалноста, логистичка поддршка, порозна граница за повлекување и регрупирање, герилски кампови, прибежиште и сето тоа...беше овозможено од КФОР како администратор на таа територија која подоцна стана Р.Косово.
Значи територијата под директна управа на Нато беше логистичка база.
А тоа можеше да биде прекинато за кратко време со блокирање на границата, доколку САД и Нато биле “пријателски“ настроени.

За ралика од Албанија.
Шпекулациите што и како би било, дали Љубчо ќе барал интервенција од Бугарија и дали Албанија ќе се замешала...се само тоа, шпекулации и ништо повеќе.
Се согласувам. Нигде не реков дека НАТО ја избра нашата страна. НАТО избра да го исконтролира конфликтот до крај и да не примора на компромис. НАТО можеше и да не остави да војуваме во некоја гнасна војна што најверојатно сеуште немаше да биде завршена со илјадници цивилни жртви. После такво нешто Албанците никогаш немаше да ја поднесуваат македонската полиција и македонските институции. НАТО го направи тоа што ним најмногу им одговараше. Си го стави својот интерес на прво место и ја доби и Македонија како територија под своја контрола.

Љубчо на едно интервју, не ми текнува точно на која ТВ беше, и јавно кажа дека негова најголема грешка било што не ги повикал сините шлемови да се постават во линија кај Групчин. Во досието на Али, што нашата комисија за лустрација го одби, исто така има интересни наоди. Се на се, какви будали имавме на функција, добро е што сеуште имаме држава.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
„Сините шлемови“ си отидоа поради признавањето на Тајван на тогашната Влада на Георгиевски, како своја реакција на овој непријателски потег Кина гласаше против продолжување на мисијата на УНПРОФОР во Македонија.

Тоа во голема мера им овозможи на Албанците да пренесуваат оружје и да преминуваат преку границата пред и за време на војната во 2001.

Дали ова беше пресметан потег, знаејќи дека до тој момент неповредливоста на нашите граници беше гарантирана на некој начин од ООН, а сето ова беше исценирано за наводни тајвански инвестиции, односно ослабнување на граничната линија по кое следуваше бегалската криза и инсталирањето на терористите на УЧК, тешко да се потврди со оглед на многуте замешани интереси... но сепак претставува предмет на размислување и треба да се земе во предвид одговорноста за признавањето на Тајван, кое се потврди дека станува збор за обично фијаско.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Во досието на Али, што нашата комисија за лустрација го одби, исто така има интересни наоди. Се на се, какви будали имавме на функција, добро е што сеуште имаме држава.

Е баш заради овај дел јас мислам дека целата војна ја помогнаа од север и од југ.

Едните со воена логистика и оружје, другите со политичка логистика и пари.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Шпекулациите што и како би било, дали Љубчо ќе барал интервенција од Бугарија и дали Албанија ќе се замешала...се само тоа, шпекулации и ништо повеќе.
Интервенциja беше одбита от Борис Траjковски при посета на Софиja. Понудена беше како можност от Петар Стоjaнов.
Прашането е дали Лубчо е получил информациjaта,коjaто Бугариja во лицето на надворешниот министар предаде на Германиja на Jошка Фишер за операциjaта "Подкова", коjaто имаше 2 цели - етническо чистене на Косово и дестабилизиране на РМ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom