Дали ќе дојде Снајдер или не, не знам. Ама зашто сите сте се запнале со тоа дека Ферги не сакал да го купи ?? Смешно е.. Првпат откако навивам за Јунајтед, Ферги го спомна името на играчот што сака да го купи, се одеше и на преговори и све.. Само Интер не го продаде зашто веќе ги земаа потребните пари од Ето.
Друго нешто.. да не ме разберете погрешно, и јас сум секогаш за млади таленти и такви трансфери. Ама треба да ги жалам ако дадат некои си 40 милиони за 27 годишен ?? Независно дали за Снајдер или некој друг.. Не трескајте дека 2 години ( до 29) има останато за квалитетен фудбал.. Па сега гледаме колку ни фали еден 36 годишен што се пензионираше, а до пред некој ден главен организатор на играта ни беше 37-38 годишен.. Што, ако дадат 40м сега, за 2-3 сезони нема да имаат пак толку пари ? Нели најголем клуб сме, најголем бренд, најмногу публика, најмногу пари правиме.. Кој ги е*е американците, го купиле најпрофитабилниот тим за пари да си прават..
Трето нешто, гледам дека се спомнуваат изјавите на Снајдер во трансфер период... Мој предлог, не верувајте им на таквите изјави.. тој можеби и сакал да иде во Јунајтед, ама ако кажал дека не би било лошо да остане во Интер, го кажал тоа за да го сакаат навивачите на интер во случај ако остане.