- Член од
- 31 јули 2006
- Мислења
- 2.537
- Поени од реакции
- 702
Ахахааа....од кој ракав го истресе ова сега? Садомијачи, чистачки на влезови во зграда и сл се платени работи не се ничија споственост. Робовите не примаат плата и се сопственост на некого. Тука лежи големата разлика. А за оние што се осудени на community service...ахахааа.....и тоа ли е еквивалетно на роб? Робот е сопственост на некој човек. Затвореникот не е - ма каква и да е казната што ја одработува. Спомнав дека робот е сопственост? Како предметче и суверниче?Ако си мислела на тоа што нихилист пишува во име на Библијата, тогаш сметам дека и ти си полна со дезинформации, заблуди и предрасуди за Библијата.
Ропството кое што е уредено со Мојсеевиот закон е нешто сосема различно од она што класично се подразбира под „ропство“ во смисла црнечко/расистичко ропство.
Слободно може да се каже дека ропството уредено со Мојсеевиот закон е слично со денешните професии: хигиенирач, кувар, садоперач, келнер, мијач на прозори, градинар и сл. Дали и овие се противзаконски? Се разбира дека не. Луѓето доброволно одлучуваат да ги работат овие професии. Се разбира „доброволноста“ често е принудена од економскиот фактор и неопходноста за егзистенција. Епа на сличен начин и порано луѓето станувале робови. Можеби ќе ти звучи чудно, но порано имало случаеви кога робовладетелот ќе го отпушти робот и тој повторно молел да биде примен назад како роб, за да има свој дом, храна и да добие некаква надокнада.
Ако денес направиш некаков кривичен прекршок и со тоа економски обештетиш некого (личност или државата), а при тоа немаш пари да ја надокнадиш штетата, судот одредува затворска казна и тоа мислам дека се уште е еден ден за 1000 денари.
Епа нешто слично постоело и во старозаветната држава Израел. За одредени кривични прекршоци, криминалецот доколку немал средства да ја обештети оштетената страна, било наложено да му робува (читај: служи) онолку месеци/години колку што е прекршокот. На тој начин криминалецот наместо со финансии ја исплатувал цената со работна рака.
Крадците на тој начин се научувале со работа да си го заработат лебот, наместо да крадат. А исто така тие со својата казна му допренесувале на оштетениот човек.
Слично робуваат и криминалците денес што се по затворите, со таа разлика што тие таму не се продуктивни и наместо да допринесуваат, тие дополнително ја обештетуваат државата со трошоците потребни за затворите.
Се надевам сега имаш појасна слика за ропството во старозаветниот Израел. Ех камо денешното неофицијално ропство да беше барем 50% од она што било во Израел, денешните робови би биле далеку посреќни и подобро третирани од државата.
Мислам дека библијата е многу јасна кога се однесува на ова прашање. Нема тука место за заблуди и дезинформации.
Какви дезиформации ти имаш Чорба, тоа е чудо. Изедначуваш работник со роб. Срамота.