Најголемата грешка кај Мурињо е што игра премногу грубо при секој контакт, потоа секогаш ги префорсира првите 15 минути (да се исплаши противникот, но Барса не е било кој противник) за потоа неговите играчи да бидат како измолзени крави.
Несомнено Реал е моментално многу јак тим и игра премногу добро, но за разлика од нив Барса без разлика против кого игра ја игра својата игра идеологија полека пополека до голот. Сега повторно се покажа дека и така може да се погреши и да се биде казнет со гол, но тие повторно после примениот гол ја продолжија својата игра без паника, едноставно реал притискаше тие по свое и така 1-3.