Modern Family

Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Не се преценувајте самите. Modern Family нема интелигентен хумор. Ако повеќе од гледачите на серијата се интелектуалци не ја прави серијата со интелигентен хумор. Без разлика дали е сарказам или иронија, сите ги разбираат - колку и да се паметни. Серијата е за сите. Секој, баш секој може да ги сфати шегите. Не можат да ги сфатат само тие што не разбираат Англиски.

Ова вие што викате дека не е за секого, дека има интелигентен хумор кој не го сфаќа секој е само фалење дека вие сте интелигентни, дека вие не сте како секого и дека вие сте интелигентни. Спомнав дека ова е фалење дека вие сте паметни? Ок...

Интелектуален хумор е тој што ти треба предзнаење за да ја сфатиш шегата во него. Еве неколку примери:
A neutron walks into a bar and asks "How much for a drink?". The bartender says "For you? No charge". За оваа шега ти треба предзнаење (како и дали е наелектризиран неутронот, треба да знаеш од Англискиот дека No charge има две значења - зависи во кој контекст.)
и повеќето други стрипови од http://xkcd.com

И сите други memes од Chemistry Cat.

За сите овие шеги ти треба предзнаење од други области. Еве, знам дека за Allo, allo ти треба мало знаење од историјата за да сфатиш некои шеги. За Монти Пајтон исто така ти треба знаење од историјата за да сфатиш некои шеги.

Иако сарказмот, иронијата, deadpan-от официјално се сметаат за интелигентен хумор, тоа вас не ве прави интелигентни ако ги сфаќате. И тој хумор е не е само за интелектуалци. Премногу се преценувате кога рецензирате серија или филм. Обавезно во секој филм пишувате дека тој филм не е за сите и дека вам ви се допаднал. СИТЕ можат да го сфатат интелигентниот хумор, но не хуморот за кое ти треба предзнаење.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
^
Комплетно се согласувам.

Денешни примери за ситкоми за кои ти треба предзнаење се Community, 30 Rock...
Од Community навистина немам ништо сфатено во тек на две епизоди, и престанав да ја гледам.
Од друга страна, 30 Rock ми е меѓу поомилените ситкоми. Ама затоа знам што се случува со телевизијата во САД и што всушност се исмева во серијата.
Така што нема врска видот на хумор, интелегентен или (не)интелегентен, туку многу зависи и што бараш од ситкомот, што сакаш да те насмее итн.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Еве го преводот на мислењето. Ова е за глупите како мене што гледаат амерички ситкоми со смеење во позадина.
Никаде не реков дека се правам паметен. И јас ги гледам и ги сакам сериите од тибот на Биг Бенг, Два и пол мажи , Како ја запознав мајка ви и сл. И тие ми се интересни , само сакав да дадам едно свое мислење зошто не е толку популарна серијата кај нас. По се изгледа причината е поради тоа што тешко прифаќаме новитети и за тоа ни треба време. А серијате е револуционерна во многу погледи на хуморот и тоа е признаено преку многуте награди што ги зема.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
nevideno trolanje ok
Hooooold up! Сакаш да кажиш дека The Big Bang Theory е серија со интелегентен хумор? Само сакам да ти укажам дека мешаш интелегентен со geek humor. Интелегентен хумор не мора да биди оној кој ќе го сфатат само физичари, или само историчари, бидејќи професијата е во предност тука, а не интелегенцијата. Башка, самиот се контраш, од почетокот на постот до крајот. (Yep, i just read it.)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Hooooold up! Сакаш да кажиш дека The Big Bang Theory е серија со интелегентен хумор? Само сакам да ти укажам дека мешаш интелегентен со geek humor. Интелегентен хумор не мора да биди оној кој ќе го сфатат само физичари, или само историчари, бидејќи професијата е во предност тука, а не интелегенцијата. Башка, самиот се контраш, од почетокот на постот до крајот. (Yep, i just read it.)
Поентата ми беше дека не треба да се преценуваат самите себеси (првата реченица) ако гледаат серии со интелигентен хумор. Хуморот официјално е наречен интелигентен и спаѓа во таа категорија. Ок. Но тој што го сфаќа и гледа тој хумор не значи дека е интелигентен. Па уште пишуваат „оваа серија не е за сите“ - за кого е? Само за паметните како тој што го напишал тоа?

Еве и моиве глупости да ги воведеме во пракса, најдете некој рандом „глуп американец со испран мозок што гледа амерички ситкоми“ и пуштете му ја модерн фамили. Ќе се гази од смеа - ама ако се згаси од смеа на интелигентен хумор тој е паметен, paradox, wow, omg.
Интелигентен е тој то ги сфаќа (глупите) шеги во TBBT. Хемиските, шегите од науката...
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Се сложувам со напишаното, во серијата има хумор за сите генерации, затоа е и толку успешна.

Има физички хумор, има имитации, има гегови, штосови, сарказам и иронија, детски хумор, сексуален хумор, досетки, фацијален хумор... за секого по нешто. Серијата не претендира да ги копира традиционалните ситкоми и не планира да ве држи за стомак од смеа непрекинато 20 минути. Има прилично свеж концепт на комедија-драма која мене ми се допаѓа, многумина мислат поинаку.

Јас кога претходно напишав дека серијата не е за секого, првенствено мислев дека серијата не е за сечиј вкус, а не за сечиј интелект.

Инаку сарказмот и иронијата се специфични типови на хумор кои не се универзално прифатени од сите луѓе и од сите генерации. Тоа нема врска со интелектот туку со воспитувањето и опкружувањето.
На Алан Форд се смееа и академици и деца кои тргаа во школо, но имаше многу луѓе и од двете крајности кои едноставно не сваќаа што е смешно во стрипот...
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
фил со електрошокот беше најсмешен :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom