Modern Family

Ф

Фил Ајви

Гостин
Jennifer Tilly :vozbud:

инаку Фил ја извади епизодава

are you dad? ARE YOU?
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Како тоа најгледаната серија во Америка има само три страни на Кајгана? :D
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Како тоа најгледаната серија во Америка има само три страни на Кајгана? :D
па така во македонија секогаш касниме со трендовите.
а и хуморот тука е на едно повисоко ниво (за мене е пресмешен, и е на врвот заедно со Фрејзер), и не може секој да го свари. За некого е потребно да има смеење во позадината за да свати која реплика била за смеење а која не .
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Смеењето во позадина дава шмек на ситкомите, и не мора да значи дека „ти покажува кога треба да се смееш“. Бог да чува и да брани.
Хуморот е субјективна работа, на некој врв може да му биде 'Modern Family', на друг 'The Big Bang Theory', на трет 'Kursadzije' и така натаму. Нема потреба од класифицирање на луѓето дали се паметни или глупави според хуморот што го сакаат. Еве на мене 'Modern Family' ми е многу преценета серија. И сега?
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Еве на мене 'Modern Family' ми е многу преценета серија. И сега?
не ми преостанува ништо друго освен да ти се чудам.
секако првен да образложиш зошто сметаш дека е преценета па да праиме муабет
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
не ми преостанува ништо друго освен да ти се чудам.
секако првен да образложиш зошто сметаш дека е преценета па да праиме муабет
Зошто сум глупав и не можам да го сфатам хуморот. :D

Прочитај го првиот дел од мојот пост, се работи за вкус. Едноставно не ми се допаѓа хуморот во серијава. Не ме тера да се смеам. Приказната е само интересна, ама не ми беше доволна за да ја продолжам понатаму.
И секако не коментирам за оние кои ја гледаат и им се допаѓа, уште еднаш, станува збор за вкус.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.132
Поени од реакции
801
Дефинитивно една од најдобрите хумористични серии кои се појавија последниве неколку години. Јас во принцип во последно време многу слабо гледам хумористични серии и филмови, пред се поради лошиот квалитет и празнотијата на истите, но Модерн Фемили е дефинитивно врвен квалитет и една од најинтелигентните серии кои ги имаме денеска.

Хуморот е софистициран и не е за секого, ликовите се симпатични и одлично ја градат серијата од првата до последната епизода. Најпосле и самиот лајт-мотив на едно модерно семејство во денешно време е смешно самото по себе - и некои ситуации навистина прекрасно знаат да не насмеат поради нивната пресликаност од реалноста.

И најпосле, можеби ќе изгубев интерес за серијава со текот на времето ако во неа не беше феноменалниот Ty Burrell. Лик кој полека но сигурно се изградува рамо до рамо со најголемите карактери во модерната комедија и без кој серијава дефинитивно не би била тоа што е.
Штом еден лик само што ќе се појави во кадар предизвикува почеток на смеа, тоа значи дека е полн погодок. Му благодарам што ми го продолжи животот значително...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom