Modern Family

Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Џеј е постар маж оженет со многу помлада Колумбијка, Глорија, која доаѓа во пакет со нејзиниот 11-годишен син Мени од претходниот брак, кој веќе верува во вистинска љубов и во моќта на поезијата. Помагањето на Глорија околу воспитувањето на Мени, е втора шанса на Џеј да се докаже како татко, бидејќи малку ја зафркнал работата првиот пат.

Неговата ќерка Клер е презафатена мајка, која се труди правилно да ја воспита својата ќерка тинејџерка и да ги спречи останатите две помали деца да се убијат меѓусебно.

Од голема помош не е ни нејзиниот откачен маж Фил, кој себеси се смета за најкул татко на планетата.

Најневообичаениот член на семејството е синот на Џеј, Мичел, кој заедно со неговиот геј-партнер Камерон, посвои бебе од Виетнам. :smeshko:


 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ја фалат серијава али шо знам...глеав една епизода, првата, и онака, просечно накај лошо. Можда ќе биде подобро наредните епизоди.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
^
Јас изгледав две епизоди, и решив да се откажам. :) Интересна приказна, досаден хумор.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
@Power-MKD има испаднато една цела сезона и 17 епизоди од втората сезона, имаш уште многу да гледаш за да создадеш повпечатливо мислење, иначе серијава е многу поучна за решавање на семејни проблеми низ смеа и хумор :pipi:

@Маестро13 не се откажувај бе :)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
И јас првите неколку епизоди ги изгледав и се откажав.
Не ми се допаѓа она интервју делот што се влече низ секоја епизода нели. Глупо е, иако како што кажа маестро13 интересна е приказната.
Ама сепак, не ја препорачувам нешто посебно да се гледа.
 

Борче

Мадридиста
Член од
9 октомври 2010
Мислења
214
Поени од реакции
288
Баш е супер серијава .. Софија Вергара
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Во топ 3 комедии ми е во моментов! Тие што не ја препорачуваат се очигледно лаици околу серии. Во серијава секој лик е приказна за себе, но еве ќе го издвојам Фил со една јака сцена:

 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
И јас првите неколку епизоди ги изгледав и се откажав.
Не ми се допаѓа она интервју делот што се влече низ секоја епизода нели. Глупо е, иако како што кажа маестро13 интересна е приказната.
Ама сепак, не ја препорачувам нешто посебно да се гледа.
Интервјуата се интересни ЉОЉ :pos2:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да, али чудно е да не ти се допаѓа :smir:
:pos: Воопшто не е чудно. За вкусови станува збор. Сите имаат разлина идеја за тоа што е а што не е смешно.
Мене ова не ми е смешно, и тоа не е воопшто чудно:)
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Не ми е јасно како може да не ви се допаѓа серијата. Конечно некое освежување во жанрот комедија, поинакво од стандардните ситкоми. Една од најдобрите комедии моментално.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Пред некој месец решив да и дадам шанса на серијава, ама џабе, не ми направи мерак. Е сега, точно е дека со 3-4 епизоди неможе баш да се суди, можеби во иднина кога ќе немам друго за гледање ќе ја ѕирнам пак. Инаку, од новиве модерни комедии, Episodes ми се допаѓа повеќе.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
bump

Една од омилените комедии ми е моментално. Ми се допаѓа делот со интервјуата, ми се допаѓа што нема laughing track и највеќе од се ми се допаѓа што е mockumentary.
Фил е еден од најсмешните карактери во серија до сега што сум ги сретнал

 

Kajgana Shop

На врв Bottom