Фала на предлозите, навистина ми се потребни.
Ауди караванот е навистина ОК, но внатрешноста некако брзо старее, за споредба со други возила. Исто така, во таа цена мислам дека можам да земам џип, што мислам дека повеќе ќе се исплати за парите, башка караванот некако не ми е привлечен. Споредено со џип, единствена предност кај караванот се поголемата брзина и убрзување, додека џипот е покомотен и има повеќе простор.
Туарегот го избегнував се додека не видов статистики за неговата потрошувачка, 3.2 бензин моторот троши просек 13 литри додека 2.5 дизел моторот троши неверојатни 8 литри. И двете потрошувачки се прифатливи, кога имав стара Лада 15 литри ми трошеше!
Планирани се 10 до 15 илјади километри годишно, што не се многу и не знам дали се исплати да купам дизел. Кога пресметував за Туарег бензин и Туарег дизел, разликата во цена беше околу 5 до 10 илјади евра (зависно од состојбата), на овие километри ќе ми требаат 5 до 10 години да ги вратам парите што ќе ги платам за дизел, а тука не пресметувам одржувањето на дизелот кое знае да биде поскапо.
Неколку пати сум слушнал дека аутоматик менувачите кај Туарегот правеле проблем, но веројатно тоа е како ќе ти се погоди.
Х3 изгледа компактно, но не сум возел. Од сите споменати мислам дека Туарегот би бил најиздржлив, најефтин и најкомотен за тие пари.
Кога зборуваме помината километража, што е прифатливо? Гледам доста бензин Туарег со по 100 илјади до 150, дизел од 150 до 200 илјади. Колку да очекувам век на моторот и џипот по овие километри, дали се исплаќа да земам на старо?