Религиите во 21-виот век

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
На кој „остаток“ мислиш? На еволуционистите? Факт е дека не се сите научници христијани, како што не се сите ни муслимани, ниту пак се сите атеисти, ниту пак се сите будисти. Заради верските војни во минатото историјата ги научила луѓето дека образованието и политиката мора да бидат демократски и секуларни и да не се фаворизира ниту една религија/вера. Затоа верата и верските книги се држат понастрана од официјалното образование, НО тоа не значи дека не постои дебата во научните кругови околу вистинитоста на теориите од типот на Биг Бенг, Кант-Лапласовата хипотеза за настанокот на Сончевиот систем и сл. Сите објективни, чесни и непристрасни научници се согласуваат дека овие се хипотези - што буквално значи „научни претпоставки“ за кои е не возможно да се докажат со научниот метод.

Од друга страна, Библијата не е научен учебник, ниту пак се декларира како таква за да се проучува во универзитетите (освен во теолошките факултети и библиски колеџи се разбира). Библијата има духовна порака и дури и таму каде што се провлекуваат научни вистини, воопшто не е водилка прашањето „како“. Значи самиот писател на библиската книга немал за цел да објаснува како нештата се направени, како тие функционираат и слични детали. Тоа е задача и цел на научните книги, а не на Библијата.

Сепак интересно е да се спомене дека од првите 126 универзитети во САД, дури 123 биле основани од протестантски пастори и интелектуалци, вклучувајќи ги тука и познатите универзитети Харвард, Јеил и Принстон.
Прво. Факт е дека за некој да може да кажеш дека е научник, треба да има објавено научен труд, кој ќе биде признат од остатокот од научната заедница. Тоа се вика објективност, и таа е темел на науката.
Кој научен труд е во полза на креационизмот?
Второ. Ако библијата не е научен учебник и не се декларира како таква, тогаш зошто упорно негирате научни факти кој се докажани и покажани и тврдоглаво ги игнорирате доказите? Зарем не тврдите дека земјата е создадена пред сонцето? Кој научен труд го докажал тоа? Тука е и еволуцијата, која е ФАКТ! Таа се случува пред нашите очи! На темата креационизам наспроти еволуционизам, имаше безброј примери на бактерии, инсекти и растенија, кој непостоеле до одреден период а сега постојат! Ако библијата не е научен учебник и има духовна порака, зошто тогаш мешате прсти во науката и негирате тврдоглаво очигледни факти и докази?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Љубовнику на Ошо... ти посакувам пријатно цветање на свесноста.
Јас, пак, ти посакувам непријатно цветање на совеста твоја.

Макијавелизмот кој го користиш во твоите манипулации на фактографијата, сигурен сум, некаде длабоко во твојата потсвест ти таложи тежина која, кога-тогаш, ќе те стигне... пошто ти си интелигентен, елоквентен и разборит дечко.

Знам дека сеуште те смирува чувството дека "мисијата" која ја одработуваш последниве години е некаков отчет или компензација за твојот спас и новата шанса да постоиш. Се' е тоа во ред. Мене тоа не ми пречи.

Она што, според мене, не е во ред со твојот настап на овој форум е дека манипулираш со фактите. Пребираш, вадиш од контекст, па врз лажна основа градиш сосем логичен аргумент.

Постојано побиван, ти повторно, најверојатно според гантограмот на својот ѕид у канцеларија, циклично се навраќаш со истите, срамно фалични тврдења за да агитираш за едната од 38000-те христијански варијанти.

Што се' не можат да направат стравот од ништавило* и ст'рвот за лагоден живот без вистинска работа.

Срамота.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844

:pos::pos: Ме насмеа до солзи
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако библијата не е научен учебник и не се декларира како таква, тогаш зошто упорно негирате научни факти кој се докажани и покажани и тврдоглаво ги игнорирате доказите?
1. Не мора да ме персираш. Се надевам не ме ставаш во ист кош со MIKI1 или другиве православци, па затоа ми се обраќаш во множина.
2. Кои тоа докажани научни факти јас сум ги негирал?

Зарем не тврдите дека земјата е создадена пред сонцето? Кој научен труд го докажал тоа?
А кој научен труд докажал дека Сонцето е создадено пред Земјата? :)

Тука е и еволуцијата, која е ФАКТ! Таа се случува пред нашите очи!
Таа се случува само во уметничките цртежи на Дарвинистите. Парадата од мајмуни што одат еден позади друг и полека се исправуваат во човек постои само уметничките цртежи на Дарвинистите. Претпоставувам дека на сите ни е јасно дека тоа не е фотографија :)

На темата креационизам наспроти еволуционизам, имаше безброј примери на бактерии, инсекти и растенија, кој непостоеле до одреден период а сега постојат!
А кој е доказот дека тие бактерии, инсекти и растенија не постоеле порано?
Интересно, кога станува збор за Бог, атеистите упорено и тврдоглаво велат дека „не е можно да се докаже непостоење на нешто, туку само се докажува постоење на нешто“. А види сега „научно“ се убедени дека тие сигурно не постоеле пред да бидат откриени.

п.с. 5-6 теми до сега ги свртевте на еволцуија vs. креационизам. Се надевам тоа нема да се случи и тука.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
На кој „остаток“ мислиш? На еволуционистите? Факт е дека не се сите научници христијани, како што не се сите ни муслимани, ниту пак се сите атеисти, ниту пак се сите будисти. Заради верските војни во минатото историјата ги научила луѓето дека образованието и политиката мора да бидат демократски и секуларни и да не се фаворизира ниту една религија/вера. Затоа верата и верските книги се држат понастрана од официјалното образование,
Затоа твоите спонзори од Discovery Institute искршија кичма и, by the way, срамно испогубија во споровите за поучување на Интелигентниот дизајн во јавните училишта.

Една од 38.0000-те христијански секти сака да влезе у задожително образование. Каква ароганција, ееејј...

НО тоа не значи дека не постои дебата во научните кругови околу вистинитоста на теориите од типот на Биг Бенг, Кант-Лапласовата хипотеза за настанокот на Сончевиот систем и сл. Сите објективни, чесни и непристрасни научници се согласуваат дека овие се хипотези - што буквално значи „научни претпоставки“ за кои е не возможно да се докажат со научниот метод.
Постои дебата. Тоа се научни дебати. На нив креационисти не присуствуваат. Креационистите не се присутни поради тоа што немаат кредибилитет. Него го немаат, поради тоа што немаат научни ТРУДОВИ.

Креационистите играат на друга карта. Тнр: „Леб-без-мотика“ - они си прават медиумска фурка - лажат прост народ.

Тоа што безобано богатите бизнис-евангелисти (кои, патем, веруваат во бог помалку од мене) кои пенават пред неук и заблуден народ по тоа бајбл белтот можат да си дозволат да се присутни по медиумите не е доказ дека креационизмот има било што научно во себе. Нема. Остај што јас викам така, него така вика и Америчката академија на науки, заедно со Министерството за образование на НАЈЕВАНГЕЛИСТИЧКАТА ДРЖАВА во светот - САД.

Значи самиот писател на библиската книга немал за цел да објаснува како нештата се направени, како тие функционираат и слични детали. Тоа е задача и цел на научните книги, а не на Библијата.
Ова е чист потпис - effective immediately.

Сепак интересно е да се спомене дека од првите 126 универзитети во САД, дури 123 биле основани од протестантски пастори и интелектуалци, вклучувајќи ги тука и познатите универзитети Харвард, Јеил и Принстон.
Исто како со нобеловците. Тие 15-20% што се пишале виситински верници биле од првата деценија од 20 век. Иди сега најди верник на катедра која не е литература или теологија.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Иди сега најди верник на катедра која не е литература или теологија.
Не речи два пати за и ти да не се изрезилиш како Ipsissimus. (Нејсе нема да ти биде прв пат)
Само во Скопје лично ги знам околу десетина доктори по природни науки и професори на факултет. А Скопје е само минијатурен дел од целиот свет.
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:49 PM ---
Значи прашањето ми е, дали е воопшто возможно "помирување"? Што мислите за тврдењето дека науката и религијата не се исклучуваат една со друга? Повелете...

Ќе го дадам мојот став за христијанството, став кој не го делам и за останатите вери и религии.
Вистинската наука и правилното разбирање на Библијата никогаш не биле скарани за да се помируваат.
Оние кои што се скарале се следниве:

  • Лажната наука и правилното разбирање на Библијата
  • Лажната наука и погрешното разбирање на Библијата
  • Вистинската наука и погрешното разбирање на Библијата
Поздрав!
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
А кој научен труд докажал дека Сонцето е создадено пред Земјата? :)

Таа се случува само во уметничките цртежи на Дарвинистите. Парадата од мајмуни што одат еден позади друг и полека се исправуваат во човек постои само уметничките цртежи на Дарвинистите. Претпоставувам дека на сите ни е јасно дека тоа не е фотографија :)
Како може Земјата да е создадена пред Сонцето кога на почетокот било само една голема маса која по пат на трансформација и разни влијанија во вселената како гравитација се формирале сите небесни тела во сончевиот систем, впрочем може да се каже дека сите биле создадени во исто време можда варирале во доста иљадници години но сепак од иста материја се создадени, ѕвезда се создава од ништо, само од облак на прашина (онаа истата што ја имаме низ куќа:icon_lol:) еве образложение со научни факти

Сончевиот Систем започнал да се формира пред околу 5 милијарди години од облак од меѓуѕвездена прашина и гас. Под дејство на гравитацијата облакот започнал да се собира и се формирала густа сфера од гас во центарот на облакот; тоа предизвикало облакот да ротира уште побрзо. Како што ротирал облакот се зарамнил формирајќи диск кој ја обиколувал централната сфера. Сферата станало доволно топла за да започнат нуклеарни реакции , момент во кој нашата локална ѕвезда - Сонцето започнала да свети. Во меѓувреме останатите членови на Сончевиот Систем, планетите, сателитите, астероидите и кометите се формирале од гасот и прашината од дискот.
Сонцето е најбогатиот извор на електромагнетна енергија (воглавно во форма на топлина и светлина) во Сончевиот систем. Најблиската ѕвезда сосед на Сонцето е црвеното џуџе Проксима Кентаур (Proxima Centauri), која е оддалечена 4,3 светлосни години. Целиот систем, заедно со сите локални ѕвезда видливи на ноќното небо, орбитираат околу центарот на нашата галаксија - Млечниот Пат, спирален диск во кој има 200 милијарди ѕвезди. Млечниот Пат има две мали - сателит галаксии кои се видливи од јужната хемисфера. Тоа се Големиот и Малиот Магеланов Облак. Најблиска галаксија е Андромеда. Таа исто така е спирална галаксија, но е 4 пати помасивна и е 2 милиони светлосни години оддалечена. Нашата галаксија, една од милијардите познати галаксии, патува низ меѓугалактичкиот простор заедно со сите други.
Сонцето содржи 99,85% од сета материја во Сончевиот Систем. Планетите, кои се формирале од истиот материјал како и Сонцето, содржат само 0,135% од вкупната маса. Јупитер сам содржи двојно повеќе од сите други планети заедно. Сателитите на планетите, кометите, астероидите, метеоритите и меѓупланетарниот простор ги сочинуваат преостанатите 0,015%. Извадок од astronomija.com.mk

А за еволуцијата е самиот доказ на тоа како се развива фетусот во телото на мајката, значи имаме една спермна клетка, и една јаце клетка од која се создава зиготот и после се дели и еволуира според посебна секвенца на поделба за ова се учи во основно, а ако си заборавил можеш да најдеш на нет. Значи толку многу фази на еволуција проага едно тело додека се формира во бебе кое е спремно да се соочи со надворешниот свет. Е ако ми кажеш дека ова не е еволуција тогаш ноу комент
Батали го ти Дарвин немора се да е точно што кажал, он не е како папата негрешен и самиот тој си се негирал со тоа што бил верник христијанин.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Љубовнику на Ошо, иди малку помедитирај, доцветај си ја свесноста, па потоа реплицирај ми со „научни факти“. Кога јас учев за Биг Бенг, Кант-Лапласова хипотеза и добивав признанија од покојниот проф. д-р Мијат Мијатович (тогашен претседател на скопското астрономско друштво) ти уште јадеше киндер јајце и си замислуваше дека тоа е Универзумот.

п.с. Сега го прочитав и последниот дел за еволуцијата. :D сполај ти што ме насмеа вака убо за пред спиење :D
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
DBack,

добар јутар. Арен си ми? :)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не речи два пати за и ти да не се изрезилиш како Ipsissimus. (Нејсе нема да ти биде прв пат)
Само во Скопје лично ги знам околу десетина доктори по природни науки и професори на факултет. А Скопје е само минијатурен дел од целиот свет.
--- надополнето: Dec 5, 2011 11:49 PM ---

Ќе го дадам мојот став за христијанството, став кој не го делам и за останатите вери и религии.
Вистинската наука и правилното разбирање на Библијата никогаш не биле скарани за да се помируваат.
Оние кои што се скарале се следниве:

  • Лажната наука и правилното разбирање на Библијата
  • Лажната наука и погрешното разбирање на Библијата
  • Вистинската наука и погрешното разбирање на Библијата
Поздрав!
Проздрав, Чорба!

Од сите членови на американската академија на науките (земјата од каде ги добиваш парите за да агитираш) помалку од 7% се верници. Повеќето од овие верници се лингвисти и политичари, а не природни научници.

Ти може знаеш професори кои се верници. Тоа што се тие професори или доктори на науки не ги прави по дифолт и научници. Денес можеш да си купиш докторат за пар илјади евра. Кај Бојо е 4000 - кључ на рака.

Тоа што се смета за валидно се трендови и статистики. Пошто ти вчера се повикуваше на проценти (лауреати-верници), јас земав па проч'чкав. Све што било верник-лауреат е или од првите две децении на 20 век или добил Нобелова за мир или литература. Ниту Н од наука. Ама ти си познат лажго, па ја не се изненадив ич кога прочитав.
--- надополнето: Dec 6, 2011 9:14 AM ---
Добар, еве... го шамарам манипулаторов по сабајле..

Ти?
--- надополнето: Dec 6, 2011 9:22 AM ---
Љубовнику на Ошо, иди малку помедитирај, доцветај си ја свесноста, па потоа реплицирај ми со „научни факти“. Кога јас учев за Биг Бенг, Кант-Лапласова хипотеза и добивав признанија од покојниот проф. д-р Мијат Мијатович (тогашен претседател на скопското астрономско друштво) ти уште јадеше киндер јајце и си замислуваше дека тоа е Универзумот.

п.с. Сега го прочитав и последниот дел за еволуцијата. :D сполај ти што ме насмеа вака убо за пред спиење :D
Мијатович сигурно се превртува во гробот. Престани да го реметиш чоекот.

Еве еден труд од само 23 страници во кој НАЦИОНАЛНАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ НА САД дава аргументи зошто креационизмот и интелигентниот дизајн се религиозни глупости, а не се наука.

Особено е интересен делот кој те насмеал - еволуцијата.

Ова е последниот пасус од заклучокот:

No body of beliefs that has its origin in doctrinal material rather than scientific observation, interpretation, and experimentation should be admissible as science in any science course. Incorporating the teaching of such doctrines into a science curriculum compromises the objectives of public education. Science has been greatly successful at explaining natural processes, and this has led not only to increased understanding of the universe but also to major improvements in technology and public health and welfare. The growing role that science plays in modem life requires that science, and not religion, be taught in science classes.

Ај сеа трк да бараш разочарани бруцоши и да ги лажеш како Библијата дава вистински преглед на настанокот на земјата и живиот свет... пошто таму све во детали пишува и све е вистина, нели.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Добар, еве... го шамарам манипулаторов по сабајле..
Ти?
Еве, сабајлево се будам и гледам дека се‘уште сум жив, слава на Бога во Висините.
--- надополнето: Dec 6, 2011 9:55 AM ---
Креационистите не се присутни поради тоа што немаат кредибилитет. Него го немаат, поради тоа што немаат научни ТРУДОВИ.
Зависи што подразбираш под „научни трудови„, Она кое Ти, веројатно, го сметаш за „научно„, денешните богослови го сметаат за производ на авторовата/научничката фантазија. На пример, блажениот Серафим (Роуз), во неговата книга која тековно ја препрочитувам, посочува точни автори-креационисти и нивни дела, кои се засновани на испистувања а не на проста вера, така да не биди сигурен дека креационистите немаат „научни„ трудови. Блажениот Серафим, на кого креационизмот му бил позната работа, многу е јасен: треба да раздвојуваме што е „факат„, а што е испразно философирање и „набадање„ субјективно-фантазерски ставови и идеи, кои ѓоамити точно го „толкуваат„ фактот.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еве, сабајлево се будам и гледам дека се‘уште сум жив, слава на Бога во Висините.
И ја слично... само, слава на татко ми и мајками, на бабите и дедовците, слава на лемуроидот од пред 5-60 милиони години што не го мрзело да ја опне лемуројката по сабајле...

Слава му на сонцето што се збрало од тоа гасовите и на Универзумов му слава што запостоил за да утринава се разбудам по ова дождов миришљав!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Еве, сабајлево се будам и гледам дека се‘уште сум жив, слава на Бога во Висините.
Мики, зошто го славиш Бог што си се уште жив, нели смртта е таа што те носи директно кај него?

Вака испаѓа дека го фалиш што сеуште те држи подалеку од него...

:cautious:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еве, сабајлево се будам и гледам дека се‘уште сум жив, слава на Бога во Висините.
--- надополнето: Dec 6, 2011 9:55 AM ---

Зависи што подразбираш под „научни трудови„, Она кое Ти, веројатно, го сметаш за „научно„, денешните богослови го сметаат за производ на авторовата/научничката фантазија. На пример, блажениот Серафим (Роуз), во неговата книга која тековно ја препрочитувам, посочува точни автори-креационисти и нивни дела, кои се засновани на испистувања а не на проста вера, така да не биди сигурен дека креационистите немаат „научни„ трудови. Блажениот Серафим, на кого креационизмот му бил позната работа, многу е јасен: треба да раздвојуваме што е „факат„, а што е испразнио философирање и „набадање„ субјективно-фантазерски ставови и идеи, кои ѓоамити точно го „толкуваат„ фактот.
Со задоволство би прочитал нешто што креационистот го смета за научен труд. Колку и да звучи оксиморонски тоа „креационистични-научен“...

Не се сомневам дека богословите (кои, нели, не се научници) ја порекнуваат науката. Во спротивно ќе останат без работа, пари и леб.

Блажениот Серафим многу добро кажал. Многу е важно „да раздвојуваме што е „факат„, а што е испразнио философирање и „набадање„ субјективно-фантазерски ставови и идеи, кои ѓоамити точно го „толкуваат„ фактот.“ Тоа што го посочил блажениот Серафим се вика критичко мислење. Непознато е во богословијата и во религијата, воопшто.

Убо што ви кажал така. ;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Со задоволство би прочитал нешто што креационистот го смета за научен труд. Колку и да звучи оксиморонски тоа „креационистични-научен“...

Не се сомневам дека богословите (кои, нели, не се научници) ја порекнуваат науката. Во спротивно ќе останат без работа, пари и леб.

Блажениот Серафим многу добро кажал. Многу е важно „да раздвојуваме што е „факат„, а што е испразнио философирање и „набадање„ субјективно-фантазерски ставови и идеи, кои ѓоамити точно го „толкуваат„ фактот.“ Тоа што го посочил блажениот Серафим се вика критичко мислење. Непознато е во богословијата и во религијата, воопшто.

Убо што ви кажал така. ;)
Ќе гледам за утре да ги најдам имињата од авторите-креационисти и нивните дела.

Богословите не ја порекнуваат науката-тоа е „класика„ од атеситичка предрасуда, демек, Црквата побива се‘ што е научно. Работата е токму спротивна. Што се однесува до самите науки, повеќе пати ги имам наведено нивните вградени дефекти, а еден од најголемите дефекти е нивната расхристијанизираност, така да имаме ситуација каде науките, онака обезбожени и расхристовени, себе си се сметаат за самодоволни, потпирајќи се на маркситичко-еволуцинистчката предрасуда за бесконечниот развој и последично, бесконечните-неограничените спсобности од човекот, во обидот од неговото (човековото) осозонавање на Светов во целина, до секоја честичка и до целата Вселена.

Богословите имаа, имаат и ќе имаат и работа и леб, оти Црквата Христова, очигледно, постои и ќе постои уште бааги долго.

Што се однесува до критичкото мислење, тоа во науките е сведено на прост рационално-прагматски метод, кој се сведува на своеглаво надмудрување, сазновано на лична и колективна гордост, а кој го исклучува барањето посуштински одговор за смислата и постоењето од науките.

Во Црквата постојат од Бога објавени вистини и ние, кои веруваме, немаме потреба од сомнеж во нивната вистинитост, освен сомнеж во своите (не)способности во осознавањето на нештата.

--- надополнето: Dec 6, 2011 10:36 AM ---
Мики, зошто го славиш Бог што си се уште жив, нели смртта е таа што те носи директно кај него?

Вака испаѓа дека го фалиш што сеуште те држи подалеку од него...

:cautious:
Имаш некаков чуден есап. А кого друг да славам?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom