Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Прво. Факт е дека за некој да може да кажеш дека е научник, треба да има објавено научен труд, кој ќе биде признат од остатокот од научната заедница. Тоа се вика објективност, и таа е темел на науката.На кој „остаток“ мислиш? На еволуционистите? Факт е дека не се сите научници христијани, како што не се сите ни муслимани, ниту пак се сите атеисти, ниту пак се сите будисти. Заради верските војни во минатото историјата ги научила луѓето дека образованието и политиката мора да бидат демократски и секуларни и да не се фаворизира ниту една религија/вера. Затоа верата и верските книги се држат понастрана од официјалното образование, НО тоа не значи дека не постои дебата во научните кругови околу вистинитоста на теориите од типот на Биг Бенг, Кант-Лапласовата хипотеза за настанокот на Сончевиот систем и сл. Сите објективни, чесни и непристрасни научници се согласуваат дека овие се хипотези - што буквално значи „научни претпоставки“ за кои е не возможно да се докажат со научниот метод.
Од друга страна, Библијата не е научен учебник, ниту пак се декларира како таква за да се проучува во универзитетите (освен во теолошките факултети и библиски колеџи се разбира). Библијата има духовна порака и дури и таму каде што се провлекуваат научни вистини, воопшто не е водилка прашањето „како“. Значи самиот писател на библиската книга немал за цел да објаснува како нештата се направени, како тие функционираат и слични детали. Тоа е задача и цел на научните книги, а не на Библијата.
Сепак интересно е да се спомене дека од првите 126 универзитети во САД, дури 123 биле основани од протестантски пастори и интелектуалци, вклучувајќи ги тука и познатите универзитети Харвард, Јеил и Принстон.
Кој научен труд е во полза на креационизмот?
Второ. Ако библијата не е научен учебник и не се декларира како таква, тогаш зошто упорно негирате научни факти кој се докажани и покажани и тврдоглаво ги игнорирате доказите? Зарем не тврдите дека земјата е создадена пред сонцето? Кој научен труд го докажал тоа? Тука е и еволуцијата, која е ФАКТ! Таа се случува пред нашите очи! На темата креационизам наспроти еволуционизам, имаше безброј примери на бактерии, инсекти и растенија, кој непостоеле до одреден период а сега постојат! Ако библијата не е научен учебник и има духовна порака, зошто тогаш мешате прсти во науката и негирате тврдоглаво очигледни факти и докази?